за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
А каков распоред на јадење имаат во градинкиве, или секаде е различно? Што и кога им даваат да јадат? Да знам како да ја пуштам насабајле, оти насабајле Матеа пие млеко, па дури потоа појадува (сега би требало појадокот да и биде во градинка) ама кога им го даваат? Мене воспитачката ми рече дека можам да и носам од дома млеко/чај/сок..... ама па зарем таму не им даваат, па јас да носам од дома?
Кај Нина во градинка се знае дека појадок е во 8,30 ни порано ни покасно од тоа. Сите дева треба да се дојдени до 8.30. Јас порано и давав млеко пред да ја носам, по пат уствари го пиеше, па не сакаше да јаде после. И морав нешто да сменам - некогаш со појадокот имаат млеко, па јас дома не и давам, некогаш чај, па јас ќе и наполнам шише со сокче и така. Имаат ужинка пред ручек, овошје или сок/чај, ручек и ужинка после спиење (парче пица или некое кроасанче). Кај нас е дозволено да се прати шише со сок, чај или вода (они им даваат на децата вода од чешма).
И кај нас имаше проблем првите денови, нови учителки, нови деца, нова занимална. Одма плачки, не сака да стане наутро, мака мачиме. Инаку таму си е мирна, си игра со децата кои ги познава, се радува дека гледале Ноди, ама си ги бара старите учителки.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
09.09.2011, 11:28
Lokica1
131
Utrovo bas prijatno me iznenadi kerka mi, stanuva sabjale i mi veli, mamo sakam da odam vo gradinka...dusa mala, i pred poaganje mi barase da ja namisrisam i da i stavam sesirce (vo nekoj film bese izgleda)....tamu duri ni cao ne mi kaza si vleze i odma otide da si igra .
Inaku i kaj nas doruckuvaat vo 8:30 a rucekot ime e nakaj 11:30 / 11:45..mojava slabo jade tamu, barem eden obrok da ima ke bidam presrekna.
09.09.2011, 15:47
Kori
72
Offf znam kako vi e na site mojava odi vo gradinka edna godina (od 1 septemvri 2010), i place sekoe sabajle koga ja nosam, a posle e super ucitelkite vikaat najdobro dete jade igra sve po red, ama ne sum i popustila ni ednas, mora da odi nema koj da ja cuva. E da ne ja urocam sabajlevo ne placese ic - ke ima sladoled vecer. Zatoa ne im popustajte i ne im pokazuvajte slabost, zosto mnogu se mudri, na edna drugarka kerka i ednas dvapati ne ja odnela, i sega koga ke ja odnese pred vrata od gradinkata, za inaet povraka i ucitelkite ne ja primaat, vikaaat bolna bila. PAZETE mnogu se umni decava
09.09.2011, 15:54
miana
6152
Hm za toa dramatiziranjeto znam..kerkami sekoe utro so prolivce ( na nervna baza verojatno) ama toa za toa..ke otide ednas vo wc pred da ja odnesma vo gradinka i posle si e se najnormalno do utredenta..Koga ke ja razbudam pravo vo wc i op pak prolivce...Eve denes - nema vekeeee..Poleka se pomiruva..Mojava ne place doma,ne place do tamu ,koga ja zimaat za race togas pocnuva da place..i otkako pocna svekrvami da ja zima nekako pocesto pocna da mi place...De se smiruva,de place..Posledniot pat koga ja odnesov jas i mm koga ja zema ( ja cekase ) onaa peela,dve petki i stavile..Od koga pocna babai da ja zima ete ti ,sekoj den place
09.09.2011, 22:48
Slagjana
463
Нашето прилагодување во јасли не оди како што треба. Еве читам искуства и гледам на сите им плачат децата. Моево плачело најмногу четвртиот ден и кога видело нема фајде ја смени тактиката. Сега не сака да контактира со никого. Бара да ја стават во креветче и никој не смее да се доближи. Ни јади, ни кака и кога ќе дојделе негователките до неа бегала в ќош и им вртела грб. Не можеле ни пелена да и сменат. Истиот ден се разболе од стрес. Пробуваме уште иднава недела и ако нема промени се откажуваме.
15.09.2011, 12:33
Felly RR
7977
Слаѓана како поминувате? Се надевам се привикна.
Јас како за прв ден денеска си велам ќе се навикне. Да не ја подречам, денес убаво поминала. Таа многу сака дечиња, дружељубива е и ако и се бендиса некој човек, иако го гледа прв пат, одма може да го гушка, да си игра... Еве денес кога појдовме да ја земаме, воспитачката ја носеше за рака, да ја мие, па потоа им мафташе на сите чао, бакнежи им праќаше... а не одма да ми се фрли в раце, и да бара да си одиме (како што си мислев јас ) И си велам ќе се привикне за брзо. Ќе видиме утре како ќе биде
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
15.09.2011, 12:37
Slagjana
463
Првиот ден мислам е најлесно. Додека сфатат што се случува. Ние само 5 дена бевме и сега 1 недела е дома. Носето и течи и температура крева еднаш дневно цела недела. Чекам да оздрави, па навикнување пак од почеток. Ако и спомнам градинка почнува да вика и да се лути.
15.09.2011, 13:26
miana
6152
kaj nas prviot den bese HOROR najverojatno bidejki bevme realni i kerkani znaese kade odi uste prvopt fden.Sega sekoj den e se polesno..Vo ponedelnik pocnuvame so spienje :)
15.09.2011, 14:04
vesna1
345
I nie super se priviknavme. Vcera sedese do 16 casot i koga otidov da ja zemam gledam si igra so pogolemkite deca. Sabajle ne placese voopsto i sama si vleze vo zanimalna. Se nadevam dobro ke se odvivaat rabotite.
15.09.2011, 18:05
Џесика
2036
Ние втора недела како одиме, има напредок, не се влечеме по земја си влегува за рака и така тивко и тажно плаче... уште го има она групно плачење, и мислам дека само тоа е сега за сега проблем, плачат сите-плаче и тој. Сега од понеделников вметнале уште 2-3 нови деца со страшно продорни гласови, што и мене ме плашат, па малку се изреметени сега „староседелциве“ До ручекот е добар, мирен бил, ќе ја цитирам воспитувачката „Штом почна да збеснува, да рипа и скока низ занимална, ќе го биде“ Останува и за ручек и секој ручек си го јаде и одма го земам, тогаш им даваат ужина. За спиење ќе почекаме уште малку.
_____________________________
Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!
16.09.2011, 15:10
Snowhite RR
5042
Ние почнуваме од понеделник, па ќе видиме како ќе се навикнуваме, некни го однесов кај свекрва ми во групата, колку да видам како ќе се однесува, сакав и да го оставам на пола саат или саат, ама директорката не беше тука и не можеше свекрва ми да ја праша, па така заедно седевме, мирен беше, веројатно дека јас бев тука, ама има една работа само и со тоа не знам како ќе се излезе на крај, ги корни за коса девојчината После тоа го ставив во креветче му дадов играчки и мирен беше, скокаше внатре и играше со играчките. Само не знам понеделник кога ќе го оставам сам со непознати, како ќе биде. Знам само дека мене ќе ми биде многу тешко
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
16.09.2011, 15:59
Snowhite RR
5042
Фели во малата група одите? Значи на Матеа свекрва ми и' е воспитувачка
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
16.09.2011, 22:39
Felly RR
7977
ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite RR
Фели во малата група одите? Значи на Матеа свекрва ми и' е воспитувачка
Во прва А мала група. Воспитачката е Лидија, а негователката Снеже. Таа ли е? Заедно ќе бидат со Михаил?
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
16.09.2011, 22:47
Felly RR
7977
Денеска - втор ден - поплака повеќе од првиот кога ја оставивме, ама кога појдовме да ја земаме, пак беше весела, и ни кажаа дека си седела без проблеми. Дури и кога тргнавме дома да си одиме почна да плачи Па јас и кажав дека другиот пат, ако сака ќе остане повеќе, и да нанка заедно со децата, па таа не сакала да нанка таму, немало кебенце како нејзиното Дома после, пак го спремавме ранчето што го носи, си го наполни, и ја прашувам „сега ќе одиме во градинка?“ и таа вели ДА. А кога ја прашав првиот пат „Што правеше ти во градинка“ ми вели „аааааа (како плачела) мама, мама, мама......“ и после почна да ми кажува како си играла
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
16.09.2011, 23:18
Natuska85
3613
за Матеа паметна женска е,дај боже и нас кога ќе ни дојде време вака лесно да се превикнеме.
_____________________________
"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."
17.09.2011, 09:19
Snowhite RR
5042
ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite RR
Фели во малата група одите? Значи на Матеа свекрва ми и' е воспитувачка
Во прва А мала група. Воспитачката е Лидија, а негователката Снеже. Таа ли е? Заедно ќе бидат со Михаил?
Не се тие чудно, во која градинка одите? Зашто кај свекрва ми не познавам такви, а само тие двете со колешката се во малата група
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
17.09.2011, 11:21
Felly RR
7977
ВО таа градинка сме - Тризла, и прва А мала група е Матеа. Не е во јасли кај бебињата. Сега и јас точно не знам како им се групиве, ама таа е друга група што се во креветчиња. Матеа е со поголеми дечиња, таа група до бебињата, нивната занимална е со масички, столчиња, и креветчиња им носат само за спиење, не се нон стоп во креветчиња.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
17.09.2011, 12:51
Slagjana
463
Фели, на која возраст се децата во групата на Матеа? Затоа таа сака да оди во градинка. Поинтересно е отколку во јасли. Во јасли нема маса и столчиња за децата. Само креветчиња и неколку играчки. И досадно им е на поголемите деца. Ние сме во јасли и таму се деца од 9 месеци до 2 години. Во групава најголемите се родени во декември 2009. Ама немаат никакви активности.
17.09.2011, 20:57
Snowhite RR
5042
Е како бе Фели успеа да ја запишеш во поголема група? Јас баш ја прашував свекрва ми дали можи во друга група да биди, ем да не биди кај свекрва ми, ем да биди во таа градинка, ем да не е само в креветче, ама таа ми рече дека до 2 год, мора да е во нејзината група
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
17.09.2011, 21:45
Felly RR
7977
И ние кога појдовме да ја запишуваме, директорката ни рече дека до 2 години мора да биде во јасли, па после некој месец може да се премести во друга група. Ама еве ја ставиле во поголема група, најверојатно пошто за 3 месеци ќе полни 2 години, па наместо да ја преместуваме тогаш, уште од почеток да си оди во таа група. А и во јасли групите се помали (со помалку дечиња) па најверојатно и повеќе места имало во поголемите групи. Што знам јас, каде што не пратија, таму ја носам И онака во таа група и е поубаво отколку да одеше во јасли, па по некој месец да ја преместувавме во друга група, па пак да и дојдеше промена.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
19.09.2011, 17:35
Snowhite RR
5042
Денеска прв ден во градинка и добро поминавме. Кога отидовме, го грабна воспитувачката и нормално почна да плачи, јас за малку што не се расплакав, после ја викнав уште еднаш зашто заборавив да и кажам дека ако побара вода, пие од чаша и ја прашав дали плачи, рече плачеше, па се смири и сега пак кога го оставив се расплака, ама тоа е нормално и ми рече да се вратам кај 11.30 да го земам. Кога се вратив и кога ме виде почна да плачи, ми рекоа дека малку плачел на почетокот и после се смирил, па малку надвор бил, не поручувал, ама затоа ручал и така, Како за прв ден, добар беше, така ми рекоа. После јас го прашував дали му беше убаво со децата, дали утре сака пак да го донесам, ми рече да Е сега ќе видиме наредниве денови, можеби кога ќе се свести каде го носам, можеби тогаш да почни да прави проблеми.
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
20.09.2011, 20:22
Snowhite RR
5042
Да пишам извештај за вториот ден Го однесов малку порано денеска, пошто стана во 7 и воспитувачката ми рече денеска ќе пробаме да го заспиеме, ако не спија ќе ти се јавиме да ти кажиме да го земиш. Арно ама срце јуначко не издржа и без да ми се јават јас во 11.30 отидов да го земам. Кога појдов ми рече сега ќе ги раниме, почекај го и ќе го земиш. Беше другата воспитувачка, и таа ми рече дека е рано за спиење, не знам зошто така ти рекла да остани со спиење, само еден ден беше в градинка. Јас и реков ми беше мисла дека нема да спија и дојдов да го земам. Го почекав и ми го дадоа. Се договоривме утре ќе бидам 1ва смена на работа, па да пробаат да го заспијат, ако не да ми се јават, ќе пратам некој да го земи. Инаку супер бил и денеска, плачел едно 10-15 мин кога го оставив, а после тоа плачел само кога некоја од нив ќе излезела од собата, оваа навика и дома ја има, сака сите да седиме со него, никој да не заминува од соба Инаку вчера кога го земав му викам заборавив да ви кажам дека куби за коса, а тие ми рекоа, видовме , а за денеска не ми кажаа дали кубел, се надевам таму ќе се одвикни од оваа грда навика
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
20.09.2011, 20:50
AnnaMolly RR
6409
Е, Филип оди во градинка од мај месец. Прво ми викаа дека не плачел многу, дека бил супер и дека по 10-15 минути плачел и после си играл, бил мирен. А пред некој ден едната воспитувачка ми вика А, Филип супер е сега. На почетокот со недели се утепуваше од плачење, едвај го смирувавме Значи јас мислам дека така викаат на сите родители за да не се откажуваат од носење во градинка. Ако ми кажеа дека плачел по цели денови и дека не се смирувал, мислам дека двапати ќе размислев пред да го однесам пак.
_____________________________
Live and let live
21.09.2011, 16:10
maminka
5
Еве веке цела недела барам совети за полесно адаптирање во градинка и читајќи ги коментарите уште повеќе се разочарав зашто гледам дека децава за недела - две веќе се колку толку привикнати, а моето дете воопшто нема напредок во привикнувањето во јасли. Имаме 12 месеци и веќе втора недела се привикнуваме (неуспешно :-(). Првиот ден беше катастрофа, се развика веднаш кога го зема воспитувачката и без престан вриштеше пола саат (ја пред врата го слушав), после ми го дадоа да не кренал температура. Наредните неколку дена ситуацијата иста, може и бетер зашто почнуваше да вришти уште од дворот на градинката. Пробав и да седам со него внатре во занимална и беше ок т.е. не плачеше туку се заигруваше држејќи ме мене за рака и не даваше воспитувачките да му се приближат....па кога малку се заигра пробав да излезам и да не ме види, но за неполна минута пак го слушнав како вришти од внатре. Наредните денови го оставав демек да преплаче, а ја седев пред градинка (за да не го слушам), ама воспитачките за пола саат - саат ми се јавуваа да го земам (многу плачел и неможеле да го смират).....вака беше до понеделник (до кога бев на одмор и можев да седам у двор на градинката), но од оваа недела сум на работа и у понеделник го оставив во 8 и им реков да го држат најмногу што може (да му посветат повеќе внимание, да пробаат да го наранат)...но, пак исто веќе у 9 ми се јавија да иде некој по него. Вцера и денес некој мааааааааал напредок (ако може така да го наречам )....по двочасовно вриштење и плачење заспал и спие по 1 саат, после се буди и пак почнува да плаче и го земаме во 11. Плс дајте некој совет како да му помогнам на детето, а и на себе???
21.09.2011, 16:39
Slagjana
463
Маминка не можам да ти дадам некој совет, бидејќи и ние сме во фаза на привикнување во јасли и уште не знам како ќе оди. Можам само да ти кажам дека на моја пријателка детето од 8 месеци почна да оди во јасли. Цело време плачело и 2 недели си го земаа во 12. Потоа почна да се привикнува, а и тие немаа друга опција за чување и мораше да го оставаат. Сега, по неколку месеци е најмирното дете во групата. Кај што ќе го оставиш таму си седи. Тешко е знам, ама не се откажувајте. Може и 1 месец да му треба за да престане со плачење.