cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Прилагодување кон новата средина (градинка/јасли)

clock-img

08.10.2015, 18:24

clock-img

tincule

pencil-img

183

Дали знете кога се следните уписи за во градинка зашто ние ги пропуштивме овие во Септември пошто моментално татко ми ја чува па имаше натегања да оди да не оди ама како поминува време изгледа ќе мора да ја давам во градинка. И не знам кога имаат уписи кои периоди зашто сега кога бев пред Септември таа директорката една арогантна едвај влегов не сакаше првин апликација да ми даде а не па да ми објасни нешто ама тоа ти е.
Гледав и по приватниве ама некако многу ми се скапи бре ќе треба да се стискам за леб при крај на месецuser posted image .

clock-img

08.10.2015, 18:33

clock-img

lukajana RR

pencil-img

1481

Мислам дека нема уписи во градинките ,само одиш и поднесуваш апликација и после чекаш една година да те викнат user posted image ,барем во нашата општина така е .
Ако планираш да носиш бебе од девет месеци во градинка кога ке останеш бремена прво одиш да го запишеш во градинка па одиш на гинеколог да потврдиш бременост user posted image

< Поракaта ја уредил lukajana RR -- 8.10.2015 18:34:10 >


_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

clock-img

08.10.2015, 18:43

clock-img

tincule

pencil-img

183

Ахахаха ме изнасмеа бре. Значи аплицирам и да чекам ако се ослободи место, или Септември или врски user posted image четврто нема. Инаку сме 15 месеци веќе user posted image и почнавме и да одиме е не јадеме сами уште. Ама јас не ги сваќам ако аплицирам сега со овие информации а детето ми го запишат за од Септември и ете пишам дека му треба помош при јадење и други такви информации или ете сега нема на ништо алергии а ми реагира после на нешто нели е малку безвезе. Пошто за една година таа апликација не вреди ништо, ако ја дадам сега. Не ми е логично ама ај. Фала ти слатко ме насмеа да ми разбиеш монотија на работа пукнав user posted image

clock-img

08.10.2015, 22:53

clock-img

Melanija RR

pencil-img

7052

tincule апликација ко апликацијаuser posted image ич не се мисли мислиш прв ден кога ја носиш треба дете само да јаде.Тоа тогаш си кажуваш на воспитувачката и дали на нешто има алергија.И на пролет се почнува па ти однеси ја сега апликација и ако сакаш нагласи дека сакаш од таму мислам март беше да почне и да те известат и кажи им дека ти редовно е им се јавувашuser posted image инаку сешто е можно

Гардениа како е сега малата?

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

clock-img

09.10.2015, 09:30

clock-img

Gardenia

pencil-img

682

tincule нема врска кога ке ја поднесеш апликацијата,а ако имаш па и врска ќе ти ја примат и за 24 часа,така да поднеси си и сега
Меланија,добра е таман се навикна,па сега дома седи со мајка ми,дека некој вирус ли фати или заби незнам,па не спие и кога ноќе ми качува температура,па некој ден ја носам некој не,ама воглавно викаат дека била супер,си јадела,си спиела,не плаче нешто ,само кога ја оставамеuser posted image

clock-img

09.10.2015, 09:45

clock-img

tincule

pencil-img

183

Епа ништо ако не идам да земам апликација па ќе видиме, јас и не би ја давала сега ама немам ни нерви веќе да се расправам кој кога треба да доаѓа и да ја чува и такви мити некои работи user posted image
Фала ви во секој случај па ќе видиме како и што ќе биде.

clock-img

10.10.2015, 09:07

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

tincule запиши ја и фаќај врски ако можеш побрзо да ја примат, подобро и за детето, ќе си има ред, дисциплина, ќе си игра со други дечиња, а и за вас, мирна глава, нема да секој ден да се нервираш, да се организираш кој да ја чува, па како ја чувале, па утре да ти прекаруваат како тие ти го пораснале дететоuser posted image
Инаку посекако кога ќе почне да оди во градинка детето се пополнува нова апликација и тогаш ќе си ги напишеш реалните податоци за детето

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

27.10.2015, 18:23

clock-img

marchi

pencil-img

948

И јас би го поставила прашањето кога има уписи во градинките, веќе подолго време се убедувам да го запишам но секогаш се плашам од тоа како ќе ја прифати новата средина а и мене ми е малку потешко да го оставам, цело време сме заедно вистина знае да ми го крене притисокот ама не ми се остава user posted image

clock-img

28.10.2015, 11:29

clock-img

sandriana RR

pencil-img

2924

Конкретно време за упис нема - поднесуваш молба, па потоа одговорните те контактираат кога ќе има место да почне во градинка.
И обично се проблем јаслените групи, таму има најмногу гужва. Веќе во групите над 3 години не е многу проблем да се вметне 1-2 дечиња.

Инаку, со малово уште имам проблем наутро кога ја оставам во градинка. Оди веќе 4 полни месеци, и упорно секое утро плаче. Велат дека бргу се смирува, но мене маката ми останува дека сум ја оставиле уплакана.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

clock-img

28.10.2015, 17:58

clock-img

marchi

pencil-img

948


ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR.


Инаку, со малово уште имам проблем наутро кога ја оставам во градинка. Оди веќе 4 полни месеци, и упорно секое утро плаче. Велат дека бргу се смирува, но мене маката ми останува дека сум ја оставиле уплакана.


И јас баш за тоа се мислам. Знаеш неубаво е тоа чувство да си го оставиш детето уплакано. Обично поголемите дечиња побрзо и полесно ја прифаќаат новата средина

clock-img

29.10.2015, 12:47

clock-img

lukajana RR

pencil-img

1481

Па јас би рекла дека малите полесно се привикнуваат ,кога ке почнат да разбираат почнуваат и по малку глума да вклучуваат user posted image

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

clock-img

09.11.2015, 12:29

clock-img

Gardenia

pencil-img

682

Еве да кажам дека Б многу брзо се прилагоди во градинка,не плаче веќе ни кога ја оставаме,одма ги подава рацете кај негователката,си јадела се,дури кога имало отсутни и го давале и нивниот дел од оброкотuser posted image ,спиела и негователките велат дека е многу умна, си играла цело време.Чудно е плаче само кога ќе ме виде кога ја земам,дали од радост или страв да не ја оставам тамуuser posted image ,ама одма е радосна кога се спремаме за одење,вика,цика,смешки е.

Последни статии

article-img