Матеа во последно време кога ќе се врати од градинка само збеснува, ништо не слуша, се по нејзино сака да биде, никако не дозволува со убаво да и објасниш нешто, одма писнува да плачи, и многу е нервозна, се сака по нејзино да биди.
Денес реков да позборувам со воспитачките, да видам каква е во градинка, може таму има некој проблем, па што е дома ваква. Кога ја прашав како се прилагодува, таа ми рече: „Па не е уште баш прилагодена, некако како да има трема. (а не кажа што тие прават за да и помине таа трема) Ама па таа има и проблем со говорот - мо, ме... не знае убаво да каже“ Јас кога и реков дека таа е помала од многу дечиња во групата, и затоа уште не знае убаво да ги кажува зборчињата, таа како да не сакаше да разговара, ајде- рече - да не го расплакуваме детето, ја зеде и влезе внатре, и јас си останав надвор, а сакав уште да поразговараме, и порано бевме појдени, имаше само три дечиња, точно за да можеме да разговараме.
Ама ете толку од разговорот наш, и сега цело време се мислам како и е таму. Таа е навикната сама да биде цело време, и се што ќе посака, да добие - во смисла на играње со што сака. А таму се многу деца, повеќето и поголеми од нејзе, и може некој ќе и го земе играчето, може некој ќе ја турне, таа не знае што да направи, и може таму е тивка, мирна па затоа дома збеснува.....не знам стварно........ Ама треба тоа воспитачката да ми го кажи, и треба тие да знаат како да реагираат во тој случај, и мислам дека не може да ми кажува за дете помало од 2 години дека проблем и е говорот ако не знае се убаво да каже, ако тие мислеа дека ќе и биде проблем да се прилагоди во оваа група, зошто не ја ставија во јасли..... досега бев задоволна од нив а денес некако ме изреволтира еднава воспитачка со нејзиниот однос.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.