за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Ајде и јас еве го допивам кафенцево и се фаќам за работа (не знам што сум разработена нешто) вака не ми било од 9-ти месец трудна кога бев, така имав волја за работа. Ај ќе ми помине сигурно за брзо
09.02.2012, 10:40
Ikana
3780
Ajde dobro utro i od mene zenski, snegov popusta malku, samo da ne bide kako pred nekoja godina do mart da vrne sneg Sakav da postavam slika, ama od Safari surfam od na mm lap top-ot zs mojot e na popravka i ne znam kako... Eve edno vakvo ednostavno kafence, ama od srce!
< Поракaта ја уредил Ikana -- 9.2.2012 10:43:32 >
09.02.2012, 10:44
AneLav RR
1110
Ако добиеш желба за работа, легни си и ќе ти помине сигурно Така викаат, зошто од работа крај нема. Поздрав и од мене до сите, јас еве сега ќе си направам едно капучинце.
_____________________________
Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!
09.02.2012, 10:49
Maca25
7558
и јас не можам нешто од работа да ставам слика, сакав да ве почастам за роденденот на Нина!!! Некој во мое име да почасти?!?!
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
09.02.2012, 11:00
kikicka
4218
Срекен Роденден Нина еве една торта од име на маца да частам
_____________________________
Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."
09.02.2012, 11:06
blond
1268
Добар ден и од мене женски. Маца, нека и е среќен роденденот на Н еве и едно поклонче прати Ј за неа
Инаку јас сега ќе си правам кафенце па се фрлам пак на учење. Досадна сум со ова учењево, ама тоа е. АнеЛав, близнаци носиш?
09.02.2012, 11:15
AneLav RR
1110
Да, машко и женско барем така ми кажаа во 21ва недела. Нареднава недела сум пак на 4Д, до сега е се во ред па ќе видиме. Рапаметена сум како се ке помине, веројатно со царскио ќе ме пораѓаат не знам никој усте ништо не ми кажал. Поздрав и среќен роденден на кој и да му е!!!
_____________________________
Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!
09.02.2012, 11:37
Pepelaska *
3820
Пак јас, не можев да седам дома 5 ден како во затвор, сепак го стуткав Мартин се стуткав и јас и кај моите (на 5 мин сме ) белки ништо нема да му биде, сега ене го игра со татко ми а јас с енаместив до печкава и не мрдам сега
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
09.02.2012, 11:48
Џесика
2036
ИЗВОРНА ПОРАКА: AneLav
Да, машко и женско барем така ми кажаа во 21ва недела. Нареднава недела сум пак на 4Д, до сега е се во ред па ќе видиме. Рапаметена сум како се ке помине, веројатно со царскио ќе ме пораѓаат не знам никој усте ништо не ми кажал. Поздрав и среќен роденден на кој и да му е!!!
Најубаво, две во едно, малку тешко на почеток со две, ама после раат... па кај го има тоа на една болка две да родиш, олеснително
_____________________________
Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!
09.02.2012, 12:13
AneLav RR
1110
Да се си е тоа супер, баш ни беше чудо Божје затоа што и јас и маж ми посакувавме близнаци, а и наследно ми е, само не се надевав дека ќе ми се случи баш на мене. Само да е се како што треба и да се здрави и прави
_____________________________
Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!
09.02.2012, 12:44
Ikana
3780
Anelav kaj kje se poragjas...?
09.02.2012, 13:24
AneLav RR
1110
Планирам во државна во новата, сепак јас сум си од Скопје, а во Струга не ми се пораѓа затоа што ако се случи нешто со бебињата ги носат во Скопје, а мајката останува таму. Демек фатив некои врски овде па ќе видиме. Од 33-та недела треба да си седам во Скопје, ќе видам сега на следниов преглед што ќе ми кажат.
_____________________________
Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!
09.02.2012, 13:31
Ikana
3780
Не дека имам нешто против државна, јас таму се породив, и пораѓајот супер помина (со царски рез), сепак поради неонатолошкиот дел би ти препорацала да си одиш приватно ако имаш можност. Ако има не дај боже некоја компликација, ИТНО ДА СИ ГИ ПРЕФРЛИШ бебињата на Детска Клиника кај Др. Софијанова, на ЕИНТ. Врие од инфекции на ГАК, ако е во новата префрлено се. За предвреме родени бебиња услови НЕМА, а близнаци знаеш и сама дека се раѓаат некоја недела порано. Пази се многу, најискрено ти кажувам, мене братуцетка ми ме породи прва, и бев со куп врски па пак низ пекол поминав. И тоа се породив во 36 недела, бебето беше 2600, па каква глупост ми направија, да не испитаат дека има инфекција, ни хемокултура ни крвна слика од старт не му направиле. Три дена млекце не му дале алоооо...а јас со купишта врски...така да драга моја, бегај од ГАК штом се породиш ако веќе одиш таму.
< Поракaта ја уредил Ikana -- 9.2.2012 13:34:37 >
09.02.2012, 13:36
AneLav RR
1110
Абе демек новава била чиста, цело време и чистеле и бришеле и дезинфицирале дури прозори нон стоп се бришело. А за неонатологија мислам дека има само во државна знам дека во Ремедика немаше и од таму ги носеа на државна. Страшно да ти кажам веќе не знам кој пат да го фатам.
_____________________________
Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!
09.02.2012, 13:40
Ikana
3780
А да, и упорно ме убедуваа дека инфекцијата му е од мене на бебето...а јас брисеви не три пет пати направив, и освен кандида, немаше ништо друго. Да од мене ја фатило, булкодериа цепациј...а бе дома да се пораѓав немаше тоа цудо да го фати! И плус клебсиела од шаторцето со кислород. И замисли ме мене како ја гледав таа глупацата педијатар кога ми кажуваше дека од мене му е инфектот, а јас со царски рез породена...ненормални работи бе!!!
09.02.2012, 13:43
Ikana
3780
Има на Детска клиника единица за интензивна нега и терапија. Таму да си ги носиш!!! Ќе ти рецат да потпишеш дека на твое барање ги префрлаш, но како сакаш Анелав, јас само мое искуство ти кажувам, сепак ти си знаеш што е најдобро за тебе. Ако не дај боже ти притреба, да си ја бараш др. Цули (Софијанова).
ИЗВОРНА ПОРАКА: AneLav
Абе демек новава била чиста, цело време и чистеле и бришеле и дезинфицирале дури прозори нон стоп се бришело. А за неонатологија мислам дека има само во државна знам дека во Ремедика немаше и од таму ги носеа на државна. Страшно да ти кажам веќе не знам кој пат да го фатам.
09.02.2012, 13:52
Luci
2250
Женски како сте? Јас сум кома, ми се спие ми се плаче и ладно ми е некако. Ај да пиеме топло чоколадо , кој сака нека си земе
_____________________________
Рани куче да те лае!!!
09.02.2012, 13:52
AneLav RR
1110
Фала ти, имам време за мислење. Ама со мм размислувавме тие пари што би ги дале по приватните за пораѓај, да ги дадеме барем за матични клетки. Ама и тоа ми е сомниттелно и не знам веќе дали нешто функционира како што треба во оваа држава.А додека бевме студенти со мм не шетаа по сите клиники (стоматолози сме) и се изнагледавме се и сешто, ова дека е нова зградата ни влеа малку надеж ама стварно не знам што да кажам освен Господ нека ни е на помош, само да помине се во најдобар ред.
_____________________________
Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!
09.02.2012, 14:01
Ikana
3780
Луци јас ќе си земам фала многу!!!! Анелав, џабе што цистат секој ден кога апаратурата и препаратите и се друго им е старо... Само со Господ напред, па што биде нека биде... А матицни клетки ќе ти користат само ако имаш бебе за да ги употребиш...добро размисли!!! Башка кај нас сеуште нема закон ли што ли беше, установа за да го спроведе лецењето со матицни клетки. Не сакам да те плашам, ама ти кажувам од мое лицно искуство каква е ситуацијата... Кога прв пат ме хоспитализираа заради предвремено породување, мајка ми која што исто така е педијатар, ми реце: Те молам мирувај и издржи да влезеш во 9ти месец, зашто немаме ние услови за предвреме родени деца, ги губиме бебињата од најглупава инфекција, а на интензивна врие од инфекции...Така да пази што правиш и мирувај. Ете тоа ми го кажа мојата мајка доктор. Па сега ти види... И цел живот ќе се каам поради тоа што отидов во државна по паметот на други...мада имав компликации, како и да е таму ќе завршев...сега само со Господ напред.
< Поракaта ја уредил Ikana -- 9.2.2012 14:04:13 >
09.02.2012, 14:17
dostickage
2181
Ke recam ne daj Boze da ima komplikacii zasto sakale nekjele staro ili novo pak tamu se zavrsuva. Ama pak kje recam NE DAJ BOZE,skraja da e . Ubavo ti vika Ikana , miruvaj si, cuvaj se i moli go dedo Boze da bidete site trojca kako sto treba.
Vo princip i za maticnite kletki se slozuvam so ona od Ikana ama aj da en navlecam diskusija za ili protiv maticni kletki.
So lesno AneLav :-)
09.02.2012, 14:33
AnnaMolly RR
6409
Икана, немој погрешно да ме сфатиш, ама јас да бев на местото на Ане мноооогу ќе се исплашев од ова што го кажуваш!
Па и не е се така црно. Има мнооогу случаи што лошо завршиле, ама има и многу повеќе што имаат среќен крај! Породувањето со близнаци не значи дека МОРА царски и дека МОРА предвремено да се родат бебињата... Познавам многу примери со природно породување со близнаци, со надносен термин и без АПСОЛУТНО НИКАКВИ проблеми.
Така, мој совет за Ане - опушти се и не си го заморувај мозокот. Кога ќе дојде време да си излезат ангелчињата, ќе си излезат. Јас мислам дека најубаво за мозокот и телото е оптимизамот. Јас отидов на пораѓање убедена дека се ќе биде во најдобар ред, па така и излезе.
_____________________________
Live and let live
09.02.2012, 14:50
Calypso
1386
Samo da ve pozdravam zenski, nekako slabo me ima denes tuka, ama ke nadopolnam
AneLav, uzivaj si vo bremenosta, i ne se zamoruvaj uste od sega. Najvazno e da izdrzis do kraj, zatoa bez mnogu nervozi, crni misli i citanje po internet, samo RR ti e zadolzitelna
Inaku, koleski sme, baska sto mislam deka te znam, ako si taa sto mislam, bas mi e milo za vas dvajca (za tebe i soprugot)
_____________________________
All that is gold does not glitter, Not all those who wander are lost; The old that is strong does not wither, Deep roots are not reached by the frost.
09.02.2012, 15:04
temjana
1159
Другарка ми се породи предвреме со близначиња во гак, мајка и исто така е педијатар и по нејзина препорака беше породувањето во државна, бидејќи какви такви сеуште го имаат најдобриот кадар за предвреме родени бебиња. Фала му на бога супер се сите тројца со едното имаа доста проблеми но се заврши одлично и другарка ми вели дека да не биле докторите немало шанса да останат живи.
09.02.2012, 15:58
libra.n
645
Ане Лав, само позитивна енергија . Кажи си дека ќе помине се најдобро и така и ќе биде. На неколку теми имам пишано: имав исклучително лесен пораѓај ама цело време ЗНАЕВ дека ќе биде се во ред. Каде и да одлучиш да се пораѓаш, само биди оптимист. Јас се породив во Чаир, а знам пријателки што пекол поминале во приватни болници. Е сега не беше чисто, ама еве во новата велите чисто е, па среќно . Инкау јас завршив со чистење, го чекам мм да ручаме, и ќе одам до Jumbo да видам некои кутии како за во кујна.
< Поракaта ја уредил libra.n -- 9.2.2012 15:59:14 >
09.02.2012, 17:23
Ikana
3780
Икана, немој погрешно да ме сфатиш, ама јас да бев на местото на Ане мноооогу ќе се исплашев од ова што го кажуваш!
Па се занесов малце со мојот реализам Нејсе, не мора да значи дека ако јас сум поминала лошо дека сите ќе поминат, пу пу скраја да е! Само да се биде подготвен е многу убава работа, и спремен психички такоџе... Мене многу ми помогна тоа што мајка ми ми кажа каква е ситуацијата, дека ќе се породам предвреме ( имам операција и кај мене се знаеше!) и бевме на готовс сите, ама до волку запуштање од страна на педијатриве на ГАК никој не бевме спремни...Мајка ми одеше таму и со специјализанти (деца!!!) се расправаше... Е од друга страна, пак да не бевме спремни............................................. Така да биди позитивна и надај се на најбоље, ама биди спремна на се.