за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
И работава крајот го краси делото... јас иако имав трауматичен период по пораѓајот, бев мноооогу позитивна последниот месец од бременоста, кога ми се искомплицираа работите, дури со смеење лежев три пати на клиника, сите добро знаете, пошто ја читавте темата и се бодревме заедно...така да насмевка на лице, ама арсенал во рака....
09.02.2012, 23:20
mamicka77
1280
ИЗВОРНА ПОРАКА: libra.n
Моето беше настинато после нова год. кога се вративме од Прилеп ја донесовме настината. И само што ја прегледа докторката рече: само топла бања два пати на ден и никако антибиотици. Ама немаше температура само грчеше цела од шлајм и затнато носе.
libra.n a kako gi iskara slajmovite sama ne znae za da duvne ili kako minuvaat denovite sami si se povlecat sinoke i staviv kromid kako sto kaza kikicka iseckan i stvarno pomogna ama preku den i e zatnato
10.02.2012, 00:44
libra.n
645
Само од себе си помина, шлајмот си го истера со кашлање сигурно, а од носето и течеа мрсулчиња, и ги забришував само да не и слезат до уста , и капки за нос и ставав Насогал мислам дека се викаа (ама тоа кога и беше затнато носето). Сето треше 4-5 дена и толку.
10.02.2012, 08:30
temjana
1159
Добро утро Ајде спанковци станувајте и ставајте по едно капучино за мене и кафе кој сака. Јас денес дежурна на работа, за кого дежурам на студот друго прашање е ама ајде да не се лигушам
10.02.2012, 08:36
AnnaMolly RR
6409
Добро утро, темјана! Еве едно топло капучино од мене.
Јас јадам цитрон, после ќе ти се придружам со кафето.
Како е Април? Пред некој ден одевме кај тетка ми, и таа во зграда живее. Филип кога почна да вика „Одиме Тонија“ се утепав од смеење кај запамтил.
_____________________________
Live and let live
10.02.2012, 09:58
temjana
1159
аааајјј сонце мое најубаво ќе го изедам во недела Инаку на госпожата Април од студот и замрзнуваат ноџињата и почнува да куца, па сега ќе барам чаре дали ќе и шијам некои кондури или ќе позајмам имам една ненормална другарка со куче, она има купечки кондури за тоа џукацот п.с ти благодарам за капучиното, и си мислам како не бевме поблиски со работата што убаво сега ќе се напиевме вистинско кафе заедно
10.02.2012, 10:29
AnnaMolly RR
6409
Леле сирота Април! Гревче. Па облечи и топлинчиња. Си ја замислувам како си шетка со топлинки
Ти се врати ли на работа? Толку од одморот, а? И јас од 15 пак сум две недели на принуден, аман веќе. Додека стигне целата програма (до април), уште двапати ќе земам само по пола плата. Ама добрата страна е што ќе си поминам повеќе време со Филип, не го носам во градинка додека сум дома.
_____________________________
Live and let live
10.02.2012, 10:41
temjana
1159
хаххаха и јас денес ја замислив со калчунки на нозете и се згазив од смеење Инаку јас од среда почнувам со работа ама денес дежурна сум па морав да си го напуштам топлото ми дувло А ти срц уживај од 15-ти повторно невреме најавуваат таман ќе се гушкаш со Филипче
10.02.2012, 10:44
Maca25
7558
Јас го пијам веќе второто кафе сабајлево, крш сум, ненаспана, башка сабајлво мм ми го крена притисокот...баша ПМС, абе да си пукнам!!
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
10.02.2012, 11:03
AneLav RR
1110
Луѓе, да не знае некој што се случува со парново у Аеродром денес некако свежо е од сабајле, а и не е многу јако да не имало некој дефект? Поздрав од мене и на здравје кафе на сите!!
_____________________________
Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!
10.02.2012, 12:19
Ikana
3780
Eve ti backa edna :************ da te raspolozam.....
ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca RR
Јас го пијам веќе второто кафе сабајлево, крш сум, ненаспана, башка сабајлво мм ми го крена притисокот...баша ПМС, абе да си пукнам!!
10.02.2012, 13:36
AnnaMolly RR
6409
ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca RR
Јас го пијам веќе второто кафе сабајлево, крш сум, ненаспана, башка сабајлво мм ми го крена притисокот...баша ПМС, абе да си пукнам!!
Мацо, ставај слика од роденденот, не стигнав вчера да ја видам и да ја пробам тортата Како си поминавте до крај?
_____________________________
Live and let live
10.02.2012, 13:38
AnnaMolly RR
6409
ИЗВОРНА ПОРАКА: AneLav
Луѓе, да не знае некој што се случува со парново у Аеродром денес некако свежо е од сабајле, а и не е многу јако да не имало некој дефект? Поздрав од мене и на здравје кафе на сите!!
Ане, и тука во Кисела Вода најавија исклучување на парното од 12:30 до 14 часот некаде. Најверојатно има некој дефект или којзнае што.
_____________________________
Live and let live
10.02.2012, 13:45
Pepelaska *
3820
Хелоу женски, да дефект имало јас слушав на вести, од топлификација замолуваа да се стрпеле граѓаните кои биле многу револтирани а кој не би бил. Уф , денес сум психички поодморена по една недела стрес, знаете да не повторувам, син ми со забите , вчера вечерта кога почна да плаче како никогаш досега , од плачење почна да повраќа, катастрофа жива.А заби нигде. Одвај ѕиркаат три запчиња , не ме остава да го видам ни допрам, писка. Една недела немам спиено вчера бапнав еден диазаепам, згора на се мм до 6 попладне не беше дома, и поспав некој саат.А настинкава капак на се , ама ајде ќе биде доброо.Снегоов некако како досаден да стана?
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
10.02.2012, 13:56
AneLav RR
1110
Дури сега почнаа појако да грејат, до сега свежо беше. Кој знае што се десило можда им испукале некои цевки од студов. Не е битно сега ни е топличко. Поздрав до сите!
_____________________________
Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!
10.02.2012, 14:01
Tanjat7880
1256
Daaaa,sega gree parnoto a sabajle bash beshe zagrizuvacki ovde vo Aerodromov! Inace mojata nastinka se pretvori vo bolest i eve pak sum si na Amoksiklavce zaradi grloto crveno i nekoj sprej za vo oteceniot nos i taka,KATASTROFAAAA
10.02.2012, 14:13
AneLav RR
1110
Да супер си е сега! Зошто пиете толку јаки антибиотици? Ако ти е од вирус антибиотици се пијат да се спречи евентуална бактериска инфекција која може да се накалеми заради ослабениот имунитет инаку организмот сам си се бори со вирусот ние ништо не можеме освен да ги ублажиме симптомите со витамини ,чаеви и оние лекови за температура. Инче си можела Цефалексин, Ампицилин и сл... нешто послабо.
_____________________________
Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!
10.02.2012, 14:18
Tanjat7880
1256
Of AneLav zoshto,zatoa shto mi bilo silno vospaleno grloto i imalo slevanje od nosot neshto sivo shto ukazuvalo na bakterija taka da,da se molime ovoj antibiotik da sredi rabota,da ja ubie bakterijata,5-6majki od odelenieto kaj sin mi so ovie simptomi,ucitelkata e na bolovanje istite simptomi a decata pominaa ripni skokni i se vo shkolo so zamena ucitelka:)
10.02.2012, 14:18
Ikana
3780
LELE JA OTKRIV AMERIKA! Mu pustiv na bebeto Baby TV, i ja staviv vo relaksator na lezaj do mene, kako zaspa za 5 sekundi juhuuuu I mene ke me uspijat crtanive hahahah
10.02.2012, 14:26
Maca25
7558
ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca RR
Јас го пијам веќе второто кафе сабајлево, крш сум, ненаспана, башка сабајлво мм ми го крена притисокот...баша ПМС, абе да си пукнам!!
Мацо, ставај слика од роденденот, не стигнав вчера да ја видам и да ја пробам тортата Како си поминавте до крај?
немам слики уште, денес после 3 треба да ги земам, али тепко дека ќе стигнам денес тортатат беше преубава, децата не сакаа да им ја земат и да ја сечат, сите беа тажни кога ја исекоа ( мислеа дека е играчка)
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
10.02.2012, 14:27
Maca25
7558
ИЗВОРНА ПОРАКА: AneLav
Луѓе, да не знае некој што се случува со парново у Аеродром денес некако свежо е од сабајле, а и не е многу јако да не имало некој дефект? Поздрав од мене и на здравје кафе на сите!!
Кај нас цела ноќ немаше ни парно ни струја. Сега имало парно, ама струја уште немало. Сега баш вртев кај моите да ја земат Нина и да ја однесат кај нив, мм нема како ни млеко да и згрее.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
10.02.2012, 15:03
AneLav RR
1110
Алал да ти е си и го фатила редот. А колку месеци има? Срцки бе и на нив не им е лесно кога зависат од нас.
_____________________________
Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!
10.02.2012, 15:07
AnnaMolly RR
6409
Нина на Маца вчера наполни три години и е едно од најубавите девојчиња што ги имам видено! Вчера па колку беше слатка со тоа киките!
Ане, а ти во Скопје ќе се пораѓаш, нели? Ти си од тука, а маж ти од Струга?
< Поракaта ја уредил AnnaMolly RR -- 10.2.2012 15:08:01 >
_____________________________
Live and let live
10.02.2012, 15:11
AnnaMolly RR
6409
Ајде ако си во Скопје во недела дојди на хуманитарната дружба во Дримленд во Соравија, 10:00 часот. Тамам и ќе се запознаеме во живо!
_____________________________
Live and let live
10.02.2012, 15:20
AneLav RR
1110
Да јас сум од Скопје, а маж ми е од Струга. Во Скопје ќе се пораѓам, сепак близнаци носам. Не ви ветувам за во недела,ама ако можам ќе дојдам. Имам уште некои обврски да завршам додека сум овде. Во среда одам на уште едно 4Д и си одам за Струга. Ме затрупа времево, поарно што сум сега овде, мм вика дека таму е мразарник.
_____________________________
Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!