Денес дознав информации и се запрепастив трим ои колешки од факултет се развеле,се запрепастив затоа што сите беа во романтични врски, се сакаа до бесвест, барем додека беа дечковци и девојки, ми изгледаа дека се сакаат до бесвест. Сите имаат по едно или две деца. Исто, во периодов две мои колешки од работа се разведоа, а трета е бремена во трето дете се со цел да си го задржи бракот, што сигурно и е многу мачно, некој да задржиш да е до тебе само заради дете. Па, се замислив, не знам што е потешко, или дали е подобро или помало зло да се биде во врска/брак без деца (ако биде биде, ако не здравје, така било судено, или да си самохран родител, и да останеш сама/сам цел живот (што не значи ако се разведеш дека ќе си сам, туку ете на некои им се случува дали заради дете, ова она), но го имаш најпрекрасното нешто-а тоа е дете, а и самиот развод може да биде тежок, особено ако има деца двојката. Не сакам да ме разберете погрешно, и однапред се извинувам ако ненамерно сум навредила некого. Се запрепастив денес, ако пред 3=4 години сите се мажеа/женеа во мое опкружување, денес сите се разведуваат. Зборот ми беше, дека јас овие две години кукам за дете, по доктори и сл, тие се омажија, родија дете и се разведоа, на кого му е потешко или полесно?, така да речам, иако некои работи не се споредуваат, сепак..........