за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Секој медиум за својата намена. Но Рингераја не ја давам за FB!
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
01.04.2013, 10:53
deluxe
2479
Rr mi e br1,nautro pijam kafe na ovaa stranica hehheheheheheh ee tek posle otvaram fb da proveram situacija , imam nekolku prijatelki od rr sto si komunicirame i preku fb
_____________________________
„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “
13.06.2013, 17:24
AnMari
12
I dvete podednakvo :)
13.06.2013, 18:21
deluxe
2479
RR definitivno!!
_____________________________
„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “
17.02.2014, 00:33
Defne90 RR
1991
Мене фејсбук да ви кажам право веќе здодевен ми стана.Така ќе се уклучам гледам некои 5 минути ново старо и се гасам.А на рингераја женски кога ќе си седнам мислам дека и 5 саати ми се малку.Не ретко се случува да останам до ситните саати ноќе и да се заборавам на форум.Толку ми држи внимание рингераја.Значи кажано е се РР дефинитивно ја ставам пред фејсбук.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
17.02.2014, 09:39
princessa
1056
Ringeraja sekako Smetka na facebook nemam veke dve godini, se otarasiv od nego zasto mi bese glupost i mislam deka ne mi treba, kako sto gledam f-ram i bez nego Ama zatoa prvoto nesto sto go pravam koga stanuvam e otvaranjeto na stranata na ringeraja
17.02.2014, 10:16
AneLav RR
1110
Дефинитивно и двете, не можам ниту без едното ниту без другото.
_____________________________
Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!
30.05.2014, 08:56
Mila mamicka
387
Имам фб профил, ама РР си ја посетувам почесто, од причина што тука има многу корисни работи што ме интересираат. На фб се уклучувам буквално 5 минути, разгледувам набрзинка што има ново, да не треба некому да се честита роденден и толку. А на РР можам да "дремам" со саати (ах кога би имала толку време за да посветам на РР).
_____________________________
Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.
24.11.2014, 07:35
caciana
863
Jas sum recisi non stop prisutna na Fb,no Ringeraja redovno ja citam,onaka bez DA Se logiram.
24.11.2014, 14:50
blond
1268
Na rr esto citam bez da sum logirana, i posle koga ke se logiram zaboravam sto kade trebase da komentiram A fb postojano mi e vklucen na telefonot.
24.11.2014, 14:57
Melanija RR
7052
Рингераја фб ми служи за слики,контакт и тоа е тоа. Само на РР имам се
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
24.11.2014, 21:09
Ki4iko
438
И фб и рр
24.11.2014, 21:15
Anuska14
53
Рингераја ми е ТОП, секогашо кога имам можност се уклучувам а мислам дека и мн ке го користат одкако ке се породам. А ФБ ми служи да раменам слики со моите најблиски кои не се во МК. Зависна сум и од двете
24.11.2014, 23:50
Defne90 RR
1991
I fejsbuk i ringeraja.Ne mozam ni bez ednoto ni bez drugoto.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
16.02.2015, 19:38
kapina
4327
Fb mi go haknaa kako da nspravam nov
imam nov fb napraviv si nov
< Поракaта ја уредил Melanija RR -- 17.2.2015 14:46:56 >
16.02.2015, 21:37
lukajana RR
1481
И фб и рингераја,имам време и за двете и обично ми се уклучени двете на телефонот
08.03.2015, 22:32
Палешка РР
7505
ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка РР
Морам со многу жал да констатирам дека форумите за жени и мајки буквално ни се преселија на ФБ групи. Не знам дали е полесно, подостапно, побрзо се добива одговор, тренд ли е, што ли е. И тоа ова чудо е само во Македонија. Во другите балкански земји и тоа како работат форумите. Ајде малку да продискутираме на оваа тема. Можеби ќе успееме повторно да ја вратиме живоста на форумите.
Поадекватна тема. Ајде малку да продискутираме на оваа тема. Дали facebook ги закопува форумите и што да се преземе за да се спречи тоа?
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
08.03.2015, 23:47
mommy_angels RR
1543
ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка РР
Морам со многу жал да констатирам дека форумите за жени и мајки буквално ни се преселија на ФБ групи. Не знам дали е полесно, подостапно, побрзо се добива одговор, тренд ли е, што ли е. И тоа ова чудо е само во Македонија. Во другите балкански земји и тоа како работат форумите. Ајде малку да продискутираме на оваа тема. Можеби ќе успееме повторно да ја вратиме живоста на форумите.
Поадекватна тема. Ајде малку да продискутираме на оваа тема. Дали facebook ги закопува форумите и што да се преземе за да се спречи тоа?
Форумот си има свои карактеристики кои Фб никако не може да ги замени.Овде приватноста е многу поголема(дури неспоредливо) и може да си разговараме и прашуваме за разни области од нашите животи,без тоа да го разберат непотребни личности.Е сега работата е што ФБ е многу подостапен во секоја смисла на зборот. Си има своја апликација,за месенџерот посебна,стигнуваат постојано известувања,кои нормално се проследени со звук и јако црвена боја.Сето ова боди во очи и буди љубопитност,колку и да не е моментот,да ѕирнеш на кратко што тоа се случува.Мене ако ме прашувате , мислам дека тоа е единствениот хендикеп на форумот.Кога би поседувал сопствена апликација,кога би стигнувале известувања на истата за нови коментари на темата на која веќе сум пишувала,известувања за нови теми итн секогаш би избрала форум пред ФБ. Ете можеби тоа е единствената причина што ФБ-от ги закопува форумите-достапноста,едноставно и кога не ти треба тој ти е на видик.Нешто слично како и рекламите,со добра реклама секој еден потрошувач ќе проба барем еднаш од производот,па ако му се допадне останува постојан купувач.
09.03.2015, 03:58
bucko mal
1431
Facebook zakopa mnogu drugi raboti ne samo forumite.Zakopa brakovi,prijateli,citanje knigi,igrani igri I mnogu drugi raboti.Posebno otkako site imame pametni telefoni.Za na forum da sednam ili da guglam mi treba kompjuter od mojot tel.mi e mnogu komplicirano. Zatoa tel.sekogash mi e pri raka da otvoram fb,i taka na brzina da cirnam,da otvoram da citam nesto ne mozam.Ponekogash ni jas ne znam shto gledam.Vo posledno vreme fb pochna strashno da me nervira I sekoj momen planiram da go sredam.Najmnogu se iznervirav koga bevme na odmor,nemavme dovolno intrnet po motelite I se ponashavme kako da e kraj na svetot. Vtora rabota e koga ke otidam na gosti se chuvstvuvam kako nekoj atentat da mi sprema,sekoj momen se koristi da se chepne vo tel.Bukvalo lujgevo se ko zaneseni....... Treta rabota e odnesuvanjeto na fb-prijatelite.Te pokanuvaat za prijatel,ti udiraat lajkovi pa sleduva privatna poraka.Ako ne se zadovolni od nachinot na koj ke mu vratam na pp,lajkovi veke nema I posle sleduva status,,nikoj nema koga ti e najteshko'''''''''''''''' I na kraj te brishe.Sakam da se poshtedam od vakvi situacii I zato mora nesto da se napravi,neznam kako lujgevo ne svajkaat deka sliki stavam za moite najbliski da me vidat a ne za lajkovi.Ne mi trebaat lajkovi ne planiram pak da se mazam-shema da teram. Zatoa ke kazam I toa malku vreme sto go imam ke go koristam za nekoja korisna inf. a ne za fb.A na Ringeraja sigurno ke najdam mnogu pokorisni inf. otkolku na fb.
Isto taka na fb ima mnogu karanje,navreduvanje-ochigledno na nas makedoncite toa ni e zabovno.Jas sum chlen na dve stranski grupi,seuste takvi pogrdni zborovi ne sum videla.Tie zborovi izleguvaat od zeni majki na maloletni deca.Strasno..... Na momenti se stramam sto sum zensko
< Поракaта ја уредил bucko mal RR -- 9.3.2015 4:11:26 >
_____________________________
You have to dream if before you can do it.
09.03.2015, 10:10
Dilina
533
Што да се каже, буцко ептен си у право... Еве ме и мене после толку време, од како ми се роди малата гледам колку можам повеќе од времето да и посветам на неа. На интернет седнувам само од телефон на кратко и никако да најдам време за компјутер. Можеби е добро ама некогаш имам чувство како да морам да одвојам време од денот за фб и слично.... додека бев пред пораѓај имав многу повеќе време за интернетов, а сега некако и не се запнувам толку. Обврските си го прават своето.
БТВ поздрав за сите, ве читам стално од тел, ама еден период не ми даваше да се вклучам на странава незнам зошто.. еве сабајлево пробувам и оп вклученааа ќе ве дружам почесто ветувам
09.03.2015, 10:42
LoveableMe RR
5035
ИЗВОРНА ПОРАКА: bucko mal RR
Facebook zakopa mnogu drugi raboti ne samo forumite.Zakopa brakovi,prijateli,citanje knigi,igrani igri I mnogu drugi raboti........
.....odnesuvanjeto na fb-prijatelite.Te pokanuvaat za prijatel,ti udiraat lajkovi pa sleduva privatna poraka.Ako ne se zadovolni od nachinot na koj ke mu vratam na pp,lajkovi veke nema I posle sleduva status,,nikoj nema koga ti e najteshko'''''''''''''''' I na kraj te brishe...........................Zatoa ke kazam I toa malku vreme sto go imam ke go koristam za nekoja korisna inf..... na Ringeraja sigurno ke najdam mnogu pokorisni inf. otkolku na fb.
......Isto taka na fb ima mnogu karanje,navreduvanje-ochigledno na nas makedoncite toa ni e zabovno.Jas sum chlen na dve stranski grupi,seuste takvi pogrdni zborovi ne sum videla.Tie zborovi izleguvaat od zeni majki na maloletni deca.Strasno..... Na momenti se stramam sto sum zensko
Лелее што читам бре, аман, јас сум среќна што не сум член на ниеден од тие форуми нит сакам да бидам, ајде бре па кај што е јавно и сите те знаат, па уште да пишуваш и да се караш, што има по светов сешто значи. Јас Фебјсбук го разбирам исклучиво за комуникација со луѓе кои не живеат тука се во странство и кои не ги гледам често, да знам што им се случува, како се, па да видам фотки.....мислам дека се изгуби приватноста и дефинитивно народов побудале не знае што објавува и што прави со фејсбуциве, така што јас за дискусија и размена на мислења не ја давам РР за ниедна друга социјална мрежа и она што го дибив како совет, искуство, го нема никаде на друго место. I love RR
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
09.03.2015, 10:54
Палешка РР
7505
Токму така Loveable RR приватност на FB нема. Секој пишува со име и презиме и може да се најде на тапет на некој медиум и да биде исмеван, во најмала рака. Ете тука сакам да нагласам колку е поубаво и посредено на форумите. Пишуваш под псевдоним, откриваш за себе колку што сакаш, се е подредено во теми и може лесно да се најде и пак активноста на форумите е мала во споредба со ФБ групите. Па ајде да дадеме предлози како да го пребродиме ова. Можеби апликација за на мобилен ќе реши дел од проблемите, не знам, предложувајте.
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
09.03.2015, 11:10
LoveableMe RR
5035
ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка РР
.....Можеби апликација за на мобилен ќе реши дел од проблемите, не знам, предложувајте.
Јас и сега отворам РР преку мобилен и ок ми е, не знам што може со мобилна апликација да се смени, ако има нешто нека пробаат компјутерџииве, зошто да не
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
09.03.2015, 11:34
Felly RR
7977
И јас мислам дека апликација за мобилен не би играла голема улога. Се зависи од тоа каков тип на човек си и каква комуникација ти е поблиска. Отворам и ФБ и РР, но со различна цел. ФБ никогаш не сум отворила за да читам по групи, да поставувам прашања, известувањата ми се исклучени на мобилен, за да не скокам на секое титнување, отворам тогаш кога имам време. Вистина е дека на ФБ побрзо се доаѓа до информација, но инфорамциите и побрзо се губат. Тука на форум се е средено во посебни теми, и мислењата остануваат. Но и мене не ми е јасно како некои луѓе побрзо би одбрале да пишат во група на ФБ (и уште понејасно ми зошто ете трендот е таков само во МК), јавно со име презиме, и секој да ги чита за некои интимни работи. Јас дури и тука на РР секогаш размислувам што и како ќе пишам, а не пак на ФБ да објавувам се и сешто, кај што имам речиси 900 „пријатели“.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
09.03.2015, 11:35
Felly RR
7977
ИЗВОРНА ПОРАКА: lukajana RR
За жал луѓево некако повеќе се ориентирани кон фб и претежно на форумите има читачи а многу слабо пишуваат и прашуваат или ке се активира во некоја тема па ги снемува,мислам дека треба да се трудиме посебно со новите членови првите постови се најбитни ,ако ги удостоиме со одговор им посакаме добредојде ке се почувствуваат пријатно и нема да имаат чувство дека сме затворен круг на жени што се дружат и си комуницираат меѓу себе туку дека ги прифаќаме сите што сакаат да ни се придружат .А има многу што читаат и сигурно можат многу работи да кажат.Јас станувам и легнувам со рр пијам кафе со вас кога децата ми спијат сум со вас некогаш и кога готвам сум на рр.Зависна сум изгледа
ИЗВОРНА ПОРАКА: niki
poim nemam kako funkcioniraat fb grupite no mi se cini deka ne baraat mnogu mentalen angazman zatoa i im se poprivlecni na lugeto, tie ni tamu verojatno ne pisuvaat tuku pretezno citaat, osven koga sakaat da postavat prasanje forumite sepak baraat malku Red, odrzuvanje na temata za sto treba i malku poveke znaenje i informiranost, pa malku da se razmisli i da se formulira post so cel da ne navredis i povredis nekogo i tn. taka da ne e ednostavno i uste ako nemas mnogu vreme a ni zelba rezultatot e toj baska sto novive generacii kako doagaat se se pozavisni od fb, pocnuvaat da go koristat od mali noze i koga ke dojdat vo roditelski vodi mu ostanuvaat lojalni verojatno
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.