за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Женски постојат шанси да дојдеме и ние го утепав мм од молење ама само ако биде слободен , се надевам кончено ќе се запознаеме
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
23.09.2011, 20:47
Maca25
7558
JEeeeee!!! Пепелашка убеди го вечер да ве донесе Едвај чекам да се запознаеме!!!! Ајде нови, стари членови, трудни, нетрудни, со бебиња или 1,2,3...5 деца - пријавувајте се!!! Ајде да се дружиме малце!!!
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
немате појма колку сакам да дојдам ама мм само изговори бара де колата не била тука де ова де она значи ми иде да го убијам кога јас сакам да шетам мора со молење да е , а и ајвари стасаа денес и утре ама ќе се трудам да се убедиме до вечер ќе знам точно да ви кажам
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
24.09.2011, 13:20
AnnaMolly RR
6409
А, бе, какви ајвари! Следниот викенд може да правите ајвар! Фати го таму маж ти за врат и кажи му дека ако не ве донесе да ве видиме со Мартин, тетките од Рингераја ќе го тепаат!
_____________________________
Live and let live
24.09.2011, 13:36
Pepelaska *
3820
ќе му кажам да проччита после
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
24.09.2011, 15:52
Палешка РР
7505
Ние можиме и со закани да се расфрлиме ако чита, нема проблем Тешко тебе ако не дојдете, мажу на Пепелашка
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
24.09.2011, 20:00
Pepelaska *
3820
Ми иде да го убијам мм, си се договарал со мајстори за делови за врати и се за утре а пред 3 дена му реков рече ако сум слободен ќе одиме значи не можам веќе мора да се караме за се што јас сакам оти господинот никогаш не сака да ми исполни желба, е ќе го оставам жими се
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
25.09.2011, 08:59
AnnaMolly RR
6409
Срам да му е на маж ти! Следниот пат сами со Мартин со автобус да ни дојдете!
Женски, со другите се гледаме пред школка!
_____________________________
Live and let live
25.09.2011, 09:03
Maca25
7558
Со автобус или воз следен пат да си дојдете. Јас не можам Нина да ја разбурам, сакала уште да нана - така вика. Ќе ја оставам до 9.30 после ја станувам да се спремаме.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
25.09.2011, 15:20
Pepelaska *
3820
Следна дружба идам сама со било што и нема ни да му кажам,сега му е криво оти за џабе само се караше и расправаше сите работи ги заврши уште една му остана за попладнево ќе дојдевме до 17 ама ум за друг пат,многу ми е криво оти ветено беше од негова страна ама ај, ајде додека е топло организирајте уште една дружба да си дојдам јас сама п.с. како си поминавте
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
25.09.2011, 17:15
Maca25
7558
Јас ги видов Јуле, Ана Моли и Виктори, и некако да имав малце поголемо дете можеби и ќе ми беше поинтересно. На нина и беше гласно, со многу луѓе и не сакаше да седи таму. Се врткавме навака натака, чекавме да дојде крајот и да фатиме другарче на Нина да пее на италијански.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
25.09.2011, 19:46
Viktori
5329
Ние си поминавме супер! Бев со Јана, Бобо и мм беа во Маврово по риба, а Михаела не беше со нас исто така.
Јана се дружеше сп тетка Марија РР :) дури и зелен памук си купија
Малку беше хаотично со учесниците, ама помина и тоа во најдобар можен ред.
После тоа отидовме на кафе со Палешка РР, АнаМоли РР, бушавка РР наша, Марија РР уште една РР ама не ми иде у глава како се викаше, изгледа ме шашардисаа дел од учесниците што беа многу жедни па пред настапот си заминаа на кафе, наместо после настап, како нас
_____________________________
Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ... Мај нејм ис лукс. Жито лукс.
25.09.2011, 20:12
AnnaMolly RR
6409
super si pominavme, eve sega sum kaj moite i tie rekoa deka bilo odlicno. filip gi zbori balonite sto bea na scena, ama mislese deka se topki. vikase topata aaaa. vo prevod topata e topkata, aaaa e muzika. imalo topki kaj muzikata :) super bese i na kafe so prijatno drustvo, uste da ne si zaminavme dehidrirani :) se gledame pak dodeka e potoplicko
_____________________________
Live and let live
25.09.2011, 21:13
Палешка РР
7505
Прекрасно беше, голема пофалба за женските од РР кои го организираа целиот настан. Навистина преубава манифестација која ми остави премногу емоции, уште еден доказ дека Рингераја е силна, моќна и влијателна заедница која ја сочинуваме сите. Сите честитки од мене!!!
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
25.09.2011, 21:31
Џесика
2036
Многу ми е жал што не можевме да дојдеме, времево беше измислено за прошетки, ама ние дома си преседовме, мм ставаше изолација дома, па морав да улетувам ко конобар Ајде следен пат
_____________________________
Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!