за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Утре во 8:30 на Алфа ТВ поопширно ќе разговараме за проектот наречен Прегратка на Дар и ќе објасниме како ќе успееме да ги прегрнеме сите болни дечиња за новогодишните празници. Програмата ќе биде отворена и добредојдени се Ваши јавувања.
_____________________________
And this is my beautiful life ...
12.10.2011, 11:28
mila mama
1616
Го поздравувам проектот и би сакала и јас да изработам мече! Браво за РР како иницијатор!
_____________________________
Razbirlivo e deteto da se plasi od temninata... No, ne e razbirlivo vozrasen da se plasi od svetlinata.
12.10.2011, 11:29
topce
523
ИЗВОРНА ПОРАКА: Julie RR
Topce градинките штотуку се контактирани и прирачниците за изработка на играчки ке им се достават дури за 2 недели и ќе се работи 1 месец и половина не само 1 ден. Можеби се работи за нешто друго кое го имало во Вашата градинка...
ова беше минатиот четврток во градинката Срничка и беше собирање на играчки или поголемите правеа рачни работи како цртежи, колажи и слично и потоа се продаваа и парите се донираа на нивни другарчиња кои се болни. Веројатно не е дел од Вашиот проект во секој случај и едното и другото е добро за потикнување на хуманоста кај децата.
12.10.2011, 11:31
JovanaJ
911
Bravo za proektot! Sekoja cest! Edvaj cekam da pocneme da pravime mecinja...
12.10.2011, 11:52
temjana
1159
браво за оваа иницијатива и би сакала да се вклучам и јас доколку посто возможност. Одамна барам начин како да волонтирам и во домот за деца без родители и во овакви хуманитарни проекти но каде и да се обратам наидувам на ѕид Како и да е доколку имате некоја информација околу начинот на волонтирање ве молам кажете. Ви благодарам однапред и доколку ви е потребна помош кажете со целото срце ќе помогнам
12.10.2011, 12:06
Julie1
2354
temjana те молам пиши ми тел број во ПП и ќе пробаме да те вклучиме во подготовките и реализацијата на проектот.
_____________________________
And this is my beautiful life ...
12.10.2011, 16:00
blue_blue
893
Јуле, кога како ќе се дешава ова по градинки. Моите деца одат во Мајски Цвет во Тафталиџе 2 (кај Братство шоколото) ама не ни рекле дека планираат нешто вакво....дека ќе сакаме да учествуваме сигурно...и кај може да се добијат прирачниците за евентуално дома да се направи понешто
12.10.2011, 19:23
Палешка РР
7505
Материјалот од прирачникот се подготвува и за скоро ќе го имаме и на нашата Рингераја
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
13.10.2011, 17:07
Палешка РР
7505
Сите кои не гледаа утрово ќе имаат можност да го погледнат видеото и на нашите страници. Јуле и Симона, прекрасни бевте!
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
13.10.2011, 22:15
Maca25
7558
Браво Прекрасни бевте!!!
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
13.10.2011, 22:26
Annet
2404
super ,bravo
14.10.2011, 12:21
Pepelaska *
3820
ги гледав и јјас ама со паузи ми снемуваше слика, Јуле зрачиш со позитивна енергија,не е ни чудо што и РР е толку позитивна
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
14.10.2011, 15:52
AnnaMolly RR
6409
Рингераја на медиумскиот покровител за проектот Прегратка на дар - курир.мк
Ве повикувам сите да ни се придружите во изработката на овие играчки наречени прегратки!
_____________________________
Live and let live
14.10.2011, 22:50
Палешка РР
7505
Се согласувам со вас дека нашите Рингерајки се преполни со позитивна енергија. Ова е навистина прекрасен проект во кој ќе се вклучиме сите, сигурна сум.
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
16.10.2011, 18:04
Тања РР
2029
Јас денес се фатив за работа. Сошив едно меченце ама заборавив да му ставам уши. Сега се чудам како да ги изведам Изгледа ќе треба да го почекам прирачникот, не ме бидува баш
Инаку, чувството да се прави играчка со таква силна порака е извонредно! Уште еднаш браво за проектот.
_____________________________
There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А
16.10.2011, 18:57
Snowhite RR
5042
А дали веќе се поделени прирачниците по градинкиве? Зошто мене ништо не ми кажале се уште, ниту кај Михаил во градинка, ниту па свеки нешто спомнала. Ајде едвај чекаме да се вклучиме
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
16.10.2011, 20:49
Палешка РР
7505
Не сеуште. Прирачникот прво ќе го видат нашите Рингерајки, па потоа ќе биде дистрибуиран во градинките во печатена форма. Совет: не фрлајте ги старите алишта, блузи, чорапи, ракавици...ќе ви бидат од корист
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
16.10.2011, 21:21
AnnaMolly RR
6409
Јас викендов раскревав алишта и одвоив неколку парчиња што наместо да ги фрлам ќе ги претворам во играчки за дечињата. Опремена сум со игли, конци, копчиња, ленти... Чекам утре прирачникот да излезе и почнувам!
Рингераја е создадена за да прегрнува и за да ја прегрнуваат... Не'' прегрнува секогаш кога сме осамени и тажни во долгите ноќи, најтешките моменти, во мачните и навидум безнадежни очекувања... Ја прегрнуваме во најсреќните мигови, со неа ги споделуваме сите свои радости, надежи, достигнувања... Врската меѓу нас е веќе толку силна, искрена и топла што сме подготвени заедно да го прегрнеме и целиот свет... Се чувствуваме способни со нашата прегратка да стоплиме нечие срце, да измамиме насмевка на нечие лице, да направиме некого среќен, макар и за миг... А кого најмногу сакаме? Се разбира, децата. ЗАРАДИ ВАС И ЗАЕДНО СО ВАС, РИНГЕРАЈА е подготвена да ги прегрне сите болни дечиња, кои Новата Година ќе ја поминат во болница. Бидете со нас и дадете барем една "ПРЕГРАТКА НА ДАР" И конечно, првата играчка од Прирачникот за изработка на играчки
< Поракaта ја уредил Палешка РР -- 17.10.2011 12:19:01 >
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
17.10.2011, 12:36
AnnaMolly RR
6409
Јас почнав да правам едно мајмунче од чорапи. Многу е лесна идејата, ја најдов на интернет. Моментално сум до нозете, па ќе ви пуштам слика да добиете инспирација!
_____________________________
Live and let live
17.10.2011, 12:51
Палешка РР
7505
Го имаме и ние мајмунчето АнаМоли Чекаме и слики од играчките кои ќе ги направите. Супер идеја!
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
17.10.2011, 13:20
Maca25
7558
Прирачникот за ежето испринтан...после одам да копам низ дома и да барам материјали и почуваме со изработка!!! Сакам и јас мајмунче да правам!!!
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
17.10.2011, 13:55
AnnaMolly RR
6409
Малку заглавив кај устата на мајмунчето Ќе го почекам мм да дојде од работа да ми помогне, него го бива за вакви работи.
_____________________________
Live and let live
17.10.2011, 14:10
JovanaJ
911
ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR
Јас почнав да правам едно мајмунче од чорапи. Многу е лесна идејата, ја најдов на интернет. Моментално сум до нозете, па ќе ви пуштам слика да добиете инспирација!