за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Абе градинкава на моите деца ја има на списокот, ама мене ништо не ми спомнале за проектов...Ај утре кога ќе ги носам децата во градинка ќе прашам....
06.12.2011, 09:59
Felly RR
7977
Леле, мене ми падна камен од срцево, не била расипана машината за шиење, туку не сум го поставила конецот правилно. Не за друго, дека е од свеки, и си реков - сега... ако ја расипав ..... Ама добро е, го сошив бувот, направив тропалка (ама малку не го погодив материјалот па ми испадна малку растегната) и го средив и мајмунчето што ми беше почнато од пред еден месец.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
06.12.2011, 12:48
Maca25
7558
Јас денес однесов во градинка едно слонче!!!
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
< Поракaта ја уредил Annet -- 16.12.2011 19:09:42 >
16.12.2011, 19:18
Палешка РР
7505
Добро е сега, испратив понуда за пријателство
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
30.12.2011, 20:35
Палешка РР
7505
Погледнете го завршниот настан на оваа прекрасна акција КЛИК
< Поракaта ја уредил Палешка РР -- 30.12.2011 20:36:17 >
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
30.12.2011, 21:15
Maca25
7558
Браво!!! Ту бре, ме расплакаа дечињава со играчките во рака! Браво за сите хумани луѓе кои одвоија малку време да сошијат играчка заедно со своето семејство, се со цел да ублажат нечија болка и да направат еден тон деца среќни!!! Браво!
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
31.12.2011, 16:18
AnnaMolly RR
6409
БРАВО за Рингераја, хуманите луѓе и дечиња што придонесоа за успешна реализација на проектот! Догодина се надевам на уште поголема заинтересираност, еден тон играчки и безброј насмеани дечиња!
_____________________________
Live and let live
16.01.2012, 07:24
Палешка РР
7505
Од денес, 16.01 до 26.01.2012 година, на Рингераја.мк започнува гласањето за најубава, рачно изработена играчка - прегратка. Ве повикуваме да гласате на 100-те слики, во кои се опфатени сите градинки, училишта и семејства кои изработуваа играчки. Подароци има и за најубавите играчки, а и за тие кои ќе гласаат.
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
06.11.2012, 04:55
kikicka
4218
Женски абе почнавте со изработка на играчки за оваа година???? Или само по градникиве ке се реализира?
_____________________________
Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."
06.11.2012, 07:06
Палешка РР
7505
Проектот Прегратка на дар е за сите кои сакаат да подарат топла прегратка/играчка на болно дете. И оваа година очекуваме топли прегратки од Рингерајки и секако фотографии. Па потоа сите ќе учествуваат во изборот за најубава играчка.
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
04.04.2013, 12:49
AnnaMolly RR
6409
Прекрасна завршница на проектот Прегратка на дар! Денес во Воденица беше ставена точка на овогодишниот проект, а неверојатно слатките дечиња од градинката Корчагин до солзи не насмеаја и не расположија со својот Гангам стајл!
Огромни комплименти за директорката на ДАНУ, Симона, за прекрасната организација. Ми беше чест што бев дел од оваа завршна пресконференција (дел службено, дел приватно ) и се надевам дека до година ќе биде уште поубаво и помасовно прегрнувањето на болни дечиња!
Веднаш ќе ставам и сликички да видите како поминавме.
_____________________________
Live and let live
04.04.2013, 12:51
AnnaMolly RR
6409
Благодарница за КУРИР за медиумски покровител на секоја акција на Рингераја.
_____________________________
Live and let live
04.04.2013, 13:12
sandriana RR
2924
за акцијата и за хуманоста. Сигурна сум дека на многу дечиња им предизвикаа насмевки и им ја убјажија болката изработените играчки. Догодина уште поголем одзив да има .
04.04.2013, 13:33
miana
6152
БРАВООООО!!!!!!!!!!
05.04.2013, 10:28
Палешка РР
7505
Навистина беше преубаво...најубавиот, најхуманиот и за мене најемотивен проект на Рингераја. Плус и сите соработници и пријатели си ги видов
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
15.10.2013, 09:37
Felly RR
7977
Од денес започнува акцијата Прегратка на дар. И оваа година, трета по ред, дечињата ќе изработуваат играчки-прегратки за болните дечиња. Се надевам дека и оваа година акцијата ќе биде успешна како и претходните и дека малите рачиња ќе изработат многу прегратки. Мене баш ми се допадна срцето, па ќе се потрудиме со М да го направиме.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
15.10.2013, 10:09
mommy_angels RR
1543
мене невистина ми е интересна куклата , ќе ја направиме овие денови сигурно
15.10.2013, 12:14
Палешка РР
7505
Да, денес официјално започна проектот. Се надеваме дека ќе има двојно поголем успех од претходната година.
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
15.10.2013, 14:30
AnnaMolly RR
6409
Еден од најубавите и најтопли проекти во Македонија! Немам ни грам сомнеж дека ќе помине неверојатно успешно, како и претходните години.
_____________________________
Live and let live
19.11.2013, 16:52
Felly RR
7977
Ние направивме една честитка заедно со М, а и срцето за некој ден ќе биде готово. Па ќе го однесеме во градинка, да биде испратено заедно со другите играчки.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
19.11.2013, 23:33
elenak
2004
Ние направивме зајко од чорап. Бидејќи имаме уште време до 26-ти може и уште нешто да стокмиме и спремни сме да ја дочекаме Прегратка на дар во Гевгелија. Фели каква честитка направивте?
_____________________________
You don''t have to be perfect to be a perfect parent.
20.11.2013, 15:12
Felly RR
7977
Еве ја честитката, уште текстот внатре да го напишеме.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.