за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Се зависи од тоа како се доживува ситуацијата, сега со деца малку и обврските се зголемуваат но нема причина за нарушување на друштвениот живот. Се сложувам со коментарот пред мене, и јас кога се породов луѓе идеа секој ден, и ден денес моите другарки идат со желба да си играат со детево. Нема никаква пречка
27.10.2015, 12:23
lukajana RR
1481
Кога се породив со првото секогаш имав полна куќа луѓе ,а кога ке дојдеше мајка ми обавезно со мм некаде одевме да се издуваме. А со малата се породив во мај и немаше никаков проблем за друштвен живот па шетавме со бебе во количка. Во првите денови после породувањето реално многу и не ми се шеташе но кога веќе ке влеземе во колосек со обврските се наоѓа и желба и време за шетање
_____________________________
Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив
27.10.2015, 15:12
tincule
183
Кога се породив ме тераа да излагам од дома знам за роденденот буквално ме избркаа од дома да излезам со сопругот без малата, сега исто знаеме некогаш да се договориме да излеземе моите ќе ја причуваат, со нејзе исто на гости или друштво, и дома често имаме гости. Ама не е како кога си бевме без дете секогаш си со една нога за нанадвор нема опуштање тотално. Ај може кога ќе е поголема па кога ќе може да преспива кај баба и дедо ќе биде подобро. Во секој случај не сме го запоставиле друштвениот живот само го имаме намалено поради обврските околу малото.
< Поракaта ја уредил tincule -- 27.10.2015 15:14:48 >
26.11.2015, 11:51
Lala*
10
Сега ни се уште поубави дружењата. Сите од друштвово се одомаќинивме, кој со бебенца, некои се на пат битно убав е секој период од животот Мм пред некој ден го фати носталгија за деновите кога шетавме сами, па рече ќе ме изненадел со некоја вечера. Ајде да го видиме и тоа