ИЗВОРНА ПОРАКА: Тања РР
Не мислам дека неверството е решение. Што ако се разочараш и од љубовникот? Ќе бараш нов?
Ќе одиш со некој проверен, кој нема да те разочара Се шалам
ИЗВОРНА ПОРАКА: anedespo
Samiot cin e prekrasen i ne mora sekogas da zavrsi so vaginalen orgazam. Skoro sekogas i samata si pomagam (se galam za vreme na seksot direktno u vulkanot na strasta ). Znaci ke si najdes nacin samata da si pomognes. Ke najdes nesto sto te vozbuduva ekstra, dali porno filmovi, dali seksi dolna obleka, striptiz, snimanje so kamera. ili bidi direktna baraj predigra.
Епа работата е тоа што јас не сакам секогаш сама да си помагам, ако е така, тогаш не ми треба маж, можам едноставно да маструбирам. Инаку повеќето од работиве сме ги правеле, имаме доста експиременитрано и пробано различни работи, предигра имаме стално, е сега немаме пробано со некое помагало, ете на пример со вибрирачки прстен викаат дека подолго трел чинот
ИЗВОРНА ПОРАКА: Octavia
Некаде прочитав дека сексот е само 10% од добриот брак, ама дека ако тие 10% ги нема, не функционираат добро ни другите 90. А темава е многу деликатна. Како да му кажете на мажот дека не ве задоволува, а да не го навредите? И да не му ја повредите машкоста? Мнооогу внимателно. Ама мора да се направи. Не е решение да се избегнува сексот, тоа само ќе направи други проблеми. барем јас секогаш сум била искрена на тоа поле . Прво пробувам одоколу, ако видам нема ефект, си кажувам . Маж ми знаел да изреагира навредено, ама после некое време и да се корегира. Во принцип, ние сме повеќе од оној другиот тип, за други работи тешко да се сложиме, имаме различни животни принципи, ама сексот ни е квалитетен. Некогаш мислам дека е подобро се друго да функционира како што треба, тоа не мора, ама и така не бидува на подолги патеки.
Инаку, во врска со проблемот погоре, се зависи од тоа дали секогаш било така во сексот, или проблемот се појавил подоцна. Ако се појавил подоцна, проблемот е обично во нешто друго. Ако било отсекогаш така, време е да престане премолчувањето и да се почне со подобрување. Со премолчувањето проблемот само ќе се продлабочи.
Вака значи, ние со мм 10 години сме заедно, тој ми беше прв и јас со него го запознавав тој дел од животот и почеткот нормално се ми беше убаво, се ми беше интересно, јас иако не доживував оргазам, не ми беше важно, мм се разочаруваше секој пат кога немаше да доживеам оргазам и навистина многу се трудеше околу тоа, ама јас му велев дека кога тој ќе доживее исто како јас да сум го доживела и навистина така се чувствував, потоа јас на друг начин, на пример орално или со друг вид на стимулација имав оргазам, ама работата е сега што јас не сакам повеќе на тој начин, сакам вагинален оргазам, сакам сексот да трае подолго. После тоа се зедовме и тогаш не знам што се случи, ама имавме феноменален секс, дури помислував, да знаев дека ова било решение, ќе се земевме порано
Потоа забременив, па откако се породив, поради хормоните, почетокот не ни помислував, потоа избегнував, барајќи го проблемот во мене, но еден ден (пред кратко време) сфатив дека всушност проблемот не е во мене, не сакав да му велам ништо, затоа што мислев дека така само ќе го повредам, а нема ништо да се смени, ама не можев да издржам повеќе и му кажав, разговаравме и му реков дека работата не е дека јас не сакам секс, дека не сакам да му обрнувам внимание, како што ми велеше тој, туку дека проблемот е овој. Тој рече дека не знае како поинаку, што да прави не знаел и толку беше.
Епа сега кога тој не знае, затоа јас решив од вас да побарам некој совет
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away