Наташке, не се возбудувај толку :) Тоа е тоа во нашите градинки.
И јас го носев Филип во градинка од 9 месеци и знаев дека ќе седи сам во креветче и дека ќе плаче, ама морав да го носам. Немаше шанси да не работам, а уште помалку па да земам жена дома да го чува.
Ама помина и тоа, сега му е супер. И дома со жена да седи, сигурно ќе плаче по мама и нема да сака да спие, да јаде... Искрено, кај нас ретко кој може да си дозволи да не работи, да седи дома и да чува дете. Зборувам за луѓе што работеле, а останале дома по породилно, не за жени што ете не можат да најдат работа, па силум прилике дома седат. Децата како деца ќе пораснат, па и ништо нема да им биде ако поплачат малку во градинка легнати /седнати во креветче. Јас па на тоа и гледам како добра работа. Ќе се научи дека не се врти се околу него и дека може и сам, без мама. А верувај дека нема секој ден и по цел ден да плачат. Поминува и тоа, после им станува интересно.
И покрај плачењето и другите не толку пријатни работи во градинка, сепак и да можам да си дозволам жена да ми го чува, би го пратила во градинка.
Потпис!!
И не е се така црно како што се пишува. Еве јас имав услови да земам жена и да ја плаќаат моите и на ММ по пола, ама не се сложивме.
Во градинка има деца, понапредна е за нејзините години. Све се научи таму.
Во градинка има на кој да се пожалам ако нешто не е во ред, а за женава на кого да се жалам???
Некоја си таму со не знам какви сфаќања да ми го воспитува детето НЕ БЛАГОДАРАМ.
Какви такви учителките завршиле некое школо и некој ги контолира.
Нејќе да јаде- дома жената ќе ја остави, а таму бе ќе јаде ако треба со сила, ама барем знам дека е јадена.
А најважното што слушнав толку страшни приказни од блиски мои што имале искуство со „проверени и препорачани“ жени (а и ги гледав жените на љуљашки како не се замараат дали децата се тепаат, или паѓаат или плачат) и си реков што ? да ставам камери и да одлепам. Или да си најде некој што ја ќе плаќа повеќе и да ми рече во сред недела ЧАО (исто пример на моја колешка).
Вака за 1500 месечно, најадено, наспиено, наиграно и подучено. Па мојата лепотица знае 10 песнички и игри со рачиња.
Никој не може да ме убеди дека баба или жена е подобро од дружба со врсници.