Јанушка, навистина ми е жал а донекаде и ми е срам што слушам вакви примери. До крај не го поддржувам однесувањето на воспитувачката, од причина што јас со сите родители и деца сум крајно љубезна, ниедно дете не е испратено без насмевка, ама тоа не значи дека нема да е скарано... најмногу од претпазливост да не се повредат, барем јас кога викам, викам во опасни ситуации. сите деца ги храниме, и тие што јадат сами, и тие што не мрдаат со прст. Репете нудиме, на сите до едно им облекуваме пижами, сите до едно се суви и најадени, некои дури и ги нишкаме во раце за да заспијат... затоа и немаме во групата помалку од 20 деца, затоа што се негувани, сити, суви, со издувани носиња...Меѓутоа не очекувај дека на твоето дете нема да се подвикне. Од се срце сакам да ти доловам утрово каква атмосфера влијаеше кога дојдов на работа, ама не може, затоа на шега реков дека треба барем еден ден да се види од другата страна. Доволно е да имаш само едно дете кое има навика да гризе, гризнатото да удри со играчка по глава, третото да е плачко, 2-3 сеуште неадаптирани, на седмото му се мочка, 8,9,10,11 и 12 се страшно уиграни и трчаат во круг се смеат, 13 и 14 се увртеле пред тв и двд, сакале Ноди да гледаат, 15 ги преместува пижамите на сите деца и ги измешува, 16 се качило на стол и фрла играчки, 17 плаче затоа што 18 и 19 и ја земале цуцлата (која не смее да ја има, ама ќе ќутиш) 20 во моментот влегува во занималната и плаче по мајка му, а ЈАС на бокс менувам пелена и со очите ги гледам СИТЕ и МОЛАМ БОГА да останат читави и да не се повредат... делот со седнување на сите деца на нокшири и облекување ајде ќе го прерипам, и кога ќе станат од спиење сите и да се облечат (а да се внимава да не се помешаат чорапчињата или блузичка да не е погрешна; а каде е шноличката???) не ги спомнувам ни бељите како пуштање вода по мијалниците, мокри ракави до лакти, или пак кога неколку ќе се уиграат и ќе ги испособлечат чорапите, сур се свртиш имаш околу тебе 5 пара чорапи сето ова го пишувам со насмевка на лицето затоа што и покрај тоа што коса ми се крева во тие моменти, сепак тоа се мали ангелчиња кои ме прават и да се смеам, се додека се тие добро... меѓутоа, тој гриз за нас е ситница, затоа што јас си знам од што све стрепам да не се случи, а туѓо дете гледаш, жива материја која не можеш да ја предвидиш и нема простор за импровизација во работата, јас знам колку пати се потам и сушам додека да ги предадам на родителите и колку ме боли кога некој родител ќе ми изреагира за еден гриз, кој реално е само еден во низата гризови кои не можеш да ги предвидиш, нити спречиш... Не ми е убаво да кажувам примери што сум ги слушала за безобразни родители кои се дрзнуваат да тужат за гребаница, гриз или удар со играчка по главчето... знаете каква е мојата работа? Страшно одговорна и крајно неблагодарна, работа во која со една нога си во занимална, а со друга во Идризово.... работа која бескрајно ја сакам, и за која фала му на Бога, за брзо време слушнав позитивни коментари од задоволни родители со кои имам прекрасна соработка и ќе бидам уште посреќна ако ја добијам нивната доверба... затоа што ги гледам како мои да се, ги милувам ги галам, но и ги карам. Тоа карање девојки не е затоа што некој не ви го сака детето, туку да се спроведе еден ред, во кој ќе нема опасност од повреди, затоа што верувајте, децата час се трло јагниња, ама час се трло тигриња... само за нивна безбедност!!!
Пишав, пишав, се изнапишав, немам време да препрочитам што сум склопила...
_____________________________
Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!