cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Во која градинка?

  
clock-img

29.01.2013, 07:02

clock-img

bucko mal

pencil-img

1431

Sakam da si ja pofalam gradinkata od sinmi 13 Noemvri(kaj beko)seusti si gi pameti i zbori najdobrite uciteli Aleksandra i Natasa i najvkusnite manciuser posted image se nadevam deka seuste e edna od najdobrite gradinki za nas si bese naj naj super gradinka.

clock-img

31.01.2013, 16:52

clock-img

ratkat

pencil-img

2

Здраво на сите.

И јас како и сите тука сум на мака за избор на градинка. Најблиску ми е Орце Николов клон Карпош 4 и од тоа што видов кога отидов да прашам за упис здраво изгледа бар од надвор градбата а и организирано им е за упис, жените беа фини... Ако има некој на форумов искуство нека каже молам.

Тоа што се мислам е дека кај и да оди моето синче ќе се соочи со истиот „проблем“ ако може така да го наречам. После 9 месеци екстремна грижа од мама наеднаш ќе биде едно од многуте и нема да биде центар на светот. Мислам дека тоа повеќе влијае врз нивните нагли промени во однесување отколку воспитувачките и нивната непрофесионалност.

Дополнително, мислам дека е време да се соочиме со фактот дека општеството е променето а со него и сите ние. Како родители очекуваме повеќе за нашите деца и осудуваме повеќе кога очекувањата не ни се реализираат. Верувам дека сите што работат (особено во образование) си ја ценат работата и сигурноста што ја имаат со неа и ако ние како родители ги почитуваме и им помагаме во воспитувањето на нашите деца наместо да им одмагаме на сите ќе ни биде полесно.
Мој план е штом ќе тргне син ми во градинка да стапам во контакт со родителите на останатите деца и да направиме еден вид „работна група“ која ќе се грижи за добробитот на сите дечиња во групата. Ако има испад кај некое од децата, кај некоја од воспитувачките, проблеми со храна, затоплување, болести и сл. сите да сме инволвирани и да бидеме решение на проблемот. Дополнително, можеме да собереме сили и заедно да поправиме ако нешто недостига во градинката и во опрема и во кадар. Во ова дигитално време групата може да комуницира чисто електронски за да се заштеди на време а и сите да бидат постојано во тек.

Мора да ги надминеме нашите суети малку и да се соочиме со фактот што живееме во заедница и тоа налага заедно да се бориме со тоа што не чини во општеството. Па токму тоа и им го проповедаме на нашите деца со приказните кои им ги читаме...да соработуваат, да се дружат, да создаваат заеднички вредности, заедно сме посилни, другарството е важно и сл.

Ќе ве информирам како ќе се снајдам со формирање на „работна група“ и што ќе успееме заедно како родители да направиме за нашите дечиња.

Поздрав рингерајци

clock-img

31.01.2013, 22:45

clock-img

Ikana

pencil-img

3780

Здраво ratkat и добредојде на Рингераја! Ти посакувам пријатна дружба со нашите членови и сигурна сум дека тука ќе најдеш многу совети и содржини кои ќе го привлечат твоето внимание.

----------------------------------------------------------------------------

Нaвистина ми се допаѓа твојата идеја за создавање на работна група oд родители и се надевам дека ако успешно ја реализирате, ќе прејде во пракса кај сите останати.
Конкретно за градинката немам искуство, но сигурна сум дека ќе се најде некоја мамичка која веќе го носи таму своето детенце.

Голем поздрав и топло добредојдеuser posted image user posted image

clock-img

02.02.2013, 17:32

clock-img

slavicav

pencil-img

250

Ajde eden sovet,ne sme bile vi gradinka od dekemvri bidejki se razbolevme.E sega sakam pak da ja pushtam da odi ama bidejki mi e daleku gradinkata i sekogash ne sme vo moznost so kola da ja zemame sakam da ja prefrlam vo gradinkata blisku do nas vo koja i apliciravme samo shto vo oktomvri nemashe mesto.Sega mozam ama sum na misla dali e vo red da ja smenam sredinata,ne deka odeshe mnogu i ne deka mnogu sakashe ama sepak.Vaka koga ja prashuvam za novata gradinka saka da odi bidejki ja znae i ja gleda.

clock-img

05.02.2013, 13:57

clock-img

Pepelaska *

pencil-img

3820

Женски,постовите за услови во градинки се преместени ТУКА, а за совет на родители ТУКА

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

clock-img

07.02.2013, 13:51

clock-img

Palce

pencil-img

123

Majkicki pak jas..Moze li nekoja od vas da mi kaze iskustvo za gradinkata Prolet vo Kozle ama taa karsi Kanela?Za eden kup gradinki se rasprasuvam i ne sum sigurna kade da ja premestam,a info mi treba najbrzo..Se nadevam deka nekoja od vas imala iskustvo so ovaa gradinka.Blagodaraam :)

clock-img

07.02.2013, 15:14

clock-img

Elce

pencil-img

239

Што мислите за градинките во К.Вода?На пример Кокиче или Сончпглед,ако има некоја мајка нека ми пише искуство.Може ке се преселуваме во К.Вода ,ке треба да ја запишам С.таму,се јавив ми рекоа дека немале место во ниедна од четирите градинки.

clock-img

07.02.2013, 15:54

clock-img

kikicka

pencil-img

4218

Женски ајде днекој да ми каже инфо за сите приватни градинки во Ск. Разгледував на нет ама само Монтесори и ова Бритиш а за другите нема.

< Поракaта ја уредил kikicka RR -- 7.2.2013 15:55:06 >


_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

clock-img

07.02.2013, 17:17

clock-img

Gardenia

pencil-img

682

ај види мислам дека има една Виножито во Црниче

clock-img

07.02.2013, 18:35

clock-img

Ring

pencil-img

602

Никој нема да ми одговори ???
Ние ќе одиме во таа градинка, ама сакав да знам што да очекувам

ИЗВОРНА ПОРАКА: Ring

Ако има некое рингерајче што оди во Н.Н.Борче позади универзална , нека споделат искуства ...
ние планираме да почнеме од март, тогаш ке направи годинка, па ме интересира како е, дали има премногу дечиња во група, затоа што јас добив информација дека било порастеретено ?




_____________________________

Your children will become who you are...so be who you want them to be !

clock-img

07.02.2013, 20:39

clock-img

zzaa

pencil-img

884


ИЗВОРНА ПОРАКА: Elce

Што мислите за градинките во К.Вода?На пример Кокиче или Сончпглед,ако има некоја мајка нека ми пише искуство.Може ке се преселуваме во К.Вода ,ке треба да ја запишам С.таму,се јавив ми рекоа дека немале место во ниедна од четирите градинки.



Jas Eva ja nosam vo Sinolicka vo K.voda kaj opstinata e gradinkata,ama samo 3 nedeli i sega za sega sum zadovolna,a da tesko e za mesto nie cekavme 3 meseci na lista na cekanje kako se vika toa.A edna komsika nejzinata ja nosi kaj kam market sto e ne mi teknuva kako se vikase gradinkata i e zadovolna.Najuvavo da si ides ti direkno vo gradinkata da si ja prasas direktorkata bidejki na telefon site se javuvat i najlesno im e da kazat nema mesto,vo zivo e podrugouser posted image

_____________________________

Денот кога се збогатив ... Станав мајкa
http://lpmf.lilypie.com/9ToIp2.png?PUn0FHCJ
принцеза на мама

clock-img

08.02.2013, 05:42

clock-img

bucko mal

pencil-img

1431

kikicka RR imase edna gradinka se nadevam se uste postoi na Vodno nad ucilisteto Koco Racin,koga odime nagore nakaj vodno od desna strana nemozes da ja promarsis na ulica e, mnogu ubavo mi izgledase od nadvor.pozz

clock-img

08.02.2013, 09:44

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931


ИЗВОРНА ПОРАКА: kikicka RR

Женски ајде днекој да ми каже инфо за сите приватни градинки во Ск. Разгледував на нет ама само Монтесори и ова Бритиш а за другите нема.


Мислам дека има една Дамбо во Кисела Вода, франкофонската градинка (не знам каде точно се наоша и ја менуваа локацијата), Тип Топ кај грчка амбасада (не знам дали уште постои и едно време имаше и сајт). Таа на Водно се вила ЛИлипут, и една мислам имаше во ТАфталиџе, Пиколино, Слонче кај Веро 2, Весела Дружина и не ми текнува други :)

clock-img

08.02.2013, 09:48

clock-img

zzaa

pencil-img

884


ИЗВОРНА ПОРАКА: kikicka RR

Женски ајде днекој да ми каже инфо за сите приватни градинки во Ск. Разгледував на нет ама само Монтесори и ова Бритиш а за другите нема.



1. Француска Градинка - од 1,5 год примаат ЦЕНА: 9950 ден. ПОЛА ВРЕМЕ до 12:00 - 7600ден.
локација: кај стара телевизија

Работно време : Пон - Пет од 07:30 до 18:00

Целокупната настава и слободните активности се изведуваат единствено на Француски јазик. ПО најновата програма воведено е и настава на македонски јазик.

2. Лилипут - ЦЕНА 14 000 за јасли , за над две години 12 000
Примаат деца од 9 месеци
локација: после ОУ Кочо Рацин

3. QSI-Интернационално приватно училиште од 3 год. примаат ЦЕНА (годишно) 5600$ за пола ден, 7200$ полно време.
локација: кај АБЦ, Парк

4. Веселата Дружина ЦЕНА: 10 000 ден.
Децата се од 2 год, но може и од 1,5 год да примат.

5. Детска Академија Слонче ЦЕНА: /

6. Изворче-Монтесори - од 2 години примаат ЦЕНА: /
локација: до О.У.Јан Амос Коменски

7.Интернационална Детска Академија - ЦЕНА ЈАСЛИ: цел ден 550Е, 370е.
локација: до бивша Австриска амбасада

8. Пиколино - ЦЕНА: 200 евра,
локација: Тафталиџе 2

_____________________________

Денот кога се збогатив ... Станав мајкa
http://lpmf.lilypie.com/9ToIp2.png?PUn0FHCJ
принцеза на мама

clock-img

08.02.2013, 13:21

clock-img

kikicka

pencil-img

4218

user posted image бе ЗЗаа што убава информација ми даде, и цени и се! Ти Благодарам

_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

clock-img

08.02.2013, 18:36

clock-img

Џесика

pencil-img

2036

Бреее цениве, перверзија... user posted image

_____________________________

Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!

clock-img

08.02.2013, 19:00

clock-img

AnnaMolly RR

pencil-img

6409

Јас цениве кога ги видов ми се сврте во глава user posted image На пример за ова под број 3. QSI-Интернационално приватно училиште. Во евра цената е околу 5.300 евра годишно, а јас за цела година зимам плата помалку од 2.000 евра user posted image

_____________________________

Live and let live

clock-img

08.02.2013, 22:21

clock-img

Palce

pencil-img

123

Mamicki ve molam ako moze nekoj da mi kaze iskustvo za gradinkata Prolet vo Kozle karsi Kanela..Vi Blagodaram :)

clock-img

13.02.2013, 20:25

clock-img

dellfina

pencil-img

3

Малата моја одеше во Сончоглед и бев презадоволна,но поради браатучеткаи која одесе во Мимоза ја префрлив таму и повторно презадоволана сум.Прекрасни луге работат во тие градинки,а во овој избор топло ви ја препорачувам и Темјанушка,која летово бесе реновирана,каде одат дечиња на некои мои пријателки. user posted image

clock-img

22.02.2013, 12:32

clock-img

eli07

pencil-img

494

Majkicki aj ve molam ako ima nekoja iskustvo so gradinkata Cekorce kaj zelenite zgradi vo Aerodrom ?? Za mesec dena ke go zapisuvam sin mi pa me interesira kako se negovatelkite, uslovi.....Fala odnapred :)

clock-img

08.03.2013, 15:14

clock-img

AnnaMolly RR

pencil-img

6409

Нова градинка во Аеродром


Децата и родителите од општина Аеродром нема повеќе да чекаат слободни места во градинките.

Со отворање на објектот „Сонце“, клон на детската градинка “Буба Мара“, ќе има место за згрижување на сите дечиња од општината.

Новиот објект е отворен кај новите згради, на површина од 1.670 метри квадратни.

Премиерот Никола Груевски, кој присуствуваше на отворање на градинката, им посака среќно и безгрижно детство на дечињата кои ќе ја посетуваат, а на нивните родители уште многу дечиња.

-Соочувајќи се со бројките на наталитетот, за нас е големо задоволство кога ќе се јави потреба од отворање на нова градинка. Во општината Аеродром има многу млади луѓе, брачни двојки, а со самото тоа расте и бројот на деца. Големо е задоволството што дознав дека има многу пријавени дечиња за оваа градинка, а на потребите од отворање нова градинка секогаш позитивно ќе одговараме, изјави Груевски.

Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, им посочи на родителите дека може да имаат безгрижна мисла, бидејќи заложбите на Владата за отворање на нови градинки ќе продолжат.

На отворањето на градинката присуствуваше и градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски.

-Новата детска градинка која ги исполнува сите европски стандарди за ваков вид објекти, е од исклучително значење за најмладата популација на оваа релативно нова населба, но и за нивните родители кои веќе нема да мораат да пешачат во други населби за да ги носат своите деца во градинка, истакна Коневски.

Новата детска градинка има капацитет за згрижување на околу 200 деца од предучилишна возраст и за неа се издвоени 80 милиони денари буџетски средства. Со неа, во вкупно 54 градинки, се згрижени околу 27.000 деца.

Извор: Курир.мк

_____________________________

Live and let live

clock-img

08.03.2013, 18:25

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

ИЗВОРНА ПОРАКА: Palce

Mamicki ve molam ako moze nekoj da mi kaze iskustvo za gradinkata Prolet vo Kozle karsi Kanela..Vi Blagodaram :)


Палче, во таа градинка одев јас како дете и да ти кажам дека од тогаш до сега не гледам дека има некоја промена на објектот направено. Бараки се, многу се топли инаку, ама па пак барака е и дува од секаде. Имаат прекрасен двор, и напред и позади. Само што е стар објектот. Пријатели го носеа детето таму и задоволни беа.
Јас повеќе ти ја препорачувам другата градинка во Козле, кај школото. Е таа е тип топ.

А градинкава Сонце што ја спомнуа АнаМоли погоре, во неа почна да работи една од учителките на Н. Ептен ни е криво на сите родители што си отиде омилената учителка на повеќето дечиња, ама битно сега од негователка со многу ниска плата, во Сонце ќе биде воспитувач.

< Поракaта ја уредил Maca RR -- 8.3.2013 20:38:25 >


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

11.03.2013, 09:06

clock-img

*Elena*

pencil-img

542

Nekoe iskustvo so novata gradinka Sonce, barem za ovie denovi kolku sto e otvorena? Prvi vpecatoci i sl.user posted image

clock-img

11.03.2013, 09:09

clock-img

Ikana

pencil-img

3780

Како се вика градинката што се наоѓа позади Лептокарија до Карев гимназијата?

clock-img

11.03.2013, 10:12

clock-img

mila28

pencil-img

1052


ИЗВОРНА ПОРАКА: *Elena*

Nekoe iskustvo so novata gradinka Sonce, barem za ovie denovi kolku sto e otvorena? Prvi vpecatoci i sl.user posted image


Elena planiras da go prefrlas M. vo novata ?? Vas vi e poblisku novata ako ne se lazam. Jas go zapisav F. vo Buba Mara, nas ni e epten pred zgrada..se nadevam ke go primat, za od oktomvri i ke bide vo vtora grupa jasli, mzoebi zaedno so M. user posted image

_____________________________

Your children will become what you are; so be what you want them to be

Последни статии

article-img