за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Знам дека градинките во општина Аеродром се најубави од сите општини.... Јас одев во една од нив не знам сега како се вика до Ѓоргија Пулевски училиштето што е. Овде се е катастрофи криво ми е ептен што не можам да си ги пратам во градинка во Ск. Тогаш и училиштето и градинката беа нови ама и се га се во одлична состојба. Ми иде да ги преселам кај моите и таму да одиме во градинка. Вчера ги однесов во една приватна игроека и се разочарав ептен
_____________________________
Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!
03.07.2014, 12:01
sandriana RR
2924
ИЗВОРНА ПОРАКА: Dilina
Меланија ви честитам и јас на вас за запишувањето :) И јас сум во Аеродром, а ме интересира Срничка-Калинка иста е? На која мислиш, таа одкај стар бисер поблиску шо е или? рано е за нас ние уште неродени сме ама збунка ми е сеа која е која....
Калинка е кај Тобако 2, Изворче кај Црквата а Бамби кај ОУ Љубен Лапе (кај касарната Гоце Делчев).
Еве Меланија РР има погоре објаснето која е која градинка низ Аеродром.
_____________________________
***I'd rather be honest than impresive***
02.04.2015, 12:40
umu
1
Me inetresira dali nekoj ima pozitivno mislenje za 11 oktomvri vo opstina butel,iili koja e najdobrata gradinka vo opstina Butel ili okolinata odnaprev Vi blagodaram
24.04.2015, 11:39
Gardenia
682
Мами имам прашања во врска со упис во градинка,кога се уписите за од септември,од која возраст примаат со оглед дека Б во септември ќе наполни точно 9 месеци и кои документи се потребни. Меланија ај кажи ми како си задоволна од вашата градинка и јас сум тука кај Палма во Аеродром,па ме интересираат тие градинки и каде се наоѓа дирекцијата на Срничка?
24.04.2015, 14:10
Melanija RR
7052
Гардениа, ние лани точно во април бевме да поднесеме барање.Колку што знам нема рок туку треба да се оди во градинка Чекорче што е нај основното Ѓорѓија Пулевски , и доле на приземје има канцеларија и ќе ти дадат барање.Може и преку нет да аплицира но вака ми е поверодостојано.Документи бараат од како ќе се запише.
Ни рекоа да одбреме за аплицираме но јас пишав и резервна ако во Калинка нема место за во Изворче кај Црквата.Некаде јули ми се јавија.Бидејќи се јасни најчесто има место и нетреба никакви врски,за поголеми кога аплицираат може да се исполети местата.
Мислам дека од 8 месеци може да се запише, а јас од Калинка сум задоволна.Немаше проблем за одење, и ако добро знам сестрата е иста секогаш во јасли се вика Моника и е навистина фина
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
24.04.2015, 15:08
Gardenia
682
Фала Меланија,многу убаво ми објасни,и јас баш стравувам за тоа дали ќе треба врски или не,а искрено немам кој да ми ја чува и двете баби се во друго градови,а и одат на работа,па морам да си имам опција градинка,ќе отидам деновиве да земам барање
30.06.2015, 12:24
Gardenia
682
Нас не примија во градинка во Срничка објект Изворче,јас сакав во Калинка,прво ни се јавија за таму,ама после пак па ни рекоа дека е примена во јаслите во Изворче .Уште од сега ме фаќа паника како ќе биде,најмногу ми е страв за менито,незнам што им дават за јадење? Меланија може ли ако отидам таму да ми кажат какво им е менито за јадење? И те молам знаеш ли по колку се плаќа ако некој месец не оди во градника?
30.06.2015, 14:32
vezilka RR
4931
Ако ти е најавено отсуството од градинка првиот месец се плаќа 750 мкд а вториот месец 500. Така е кај нас во Буба Мара. Менито е истакнато на огласна табла, така да можеш да го видиш. Верувам дека ова сега нема многу да се разликува од септемвриското. ёОд септември тргнувате така?
_____________________________
НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!
01.07.2015, 11:49
sandriana RR
2924
.Уште од сега ме фаќа паника како ќе биде,најмногу ми е страв за менито,незнам што им дават за јадење?
Gardenia, еве ОВДЕ има за менијата во градинките. Таму ќе го ископирам менито од јасли од нашата градинка Буба Мара.
_____________________________
***I'd rather be honest than impresive***
01.07.2015, 21:09
Melanija RR
7052
Гарденија и јас во таа тема ќе ти копирам менија од лани
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
20.04.2016, 09:47
eni
79
Дали некој има искуство со приватната градинка Црвенкапа во Аеродром, или некој да чул нечие искуство?