cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

Леворакост

  
clock-img

18.09.2009, 19:58

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

Експертите тврдат дека во последните 100 години бројот на левораките луѓе се зголемил за четири пати и се смета дека околу 12 отсто од жителите денес пишуваат со лева рака.
Обично се поставува прашањето која е причината за леворакост, но научниците немаат единствен одговор.

Експертите сметаат дека леворакоста-десноракоста се определува уште во пренаталниот период, бидејќи се знае дека во семејствата кои имаат макар еден леворак родител 10 до 12 пати почесто се раѓаат левораки деца.

Децата многу рано ја покажуваат својата определеност дали ќе бидат левораки или не, но има и случаи дека таа склоност се согледува кај некои деца и подоцна, меѓутоа ретко после четвртата, т.е. петтата година.

Меѓутоа, повеќето животни активности се извршуваат со користење на двете раце, но обично едната рака го придржува предметот, а другата попрецизно и повешто извршува одредени активности.

Во игрите и животот, не свртувајќи внимание на детето, може да се провери со која рака детето црта, ја држи четкичката за заби, со која рака се чешла, дели карти, прави кула, бутка количка, ја облекува куклата, брише со гумичка, која рака прво ја става во ракавот кога се облекува...

Ако детето во девет од десет такви ситуации ја користи левата рака, може да се претпостави дека е леворак.

Има деца и возрасни кои рамномерно ги користат двете раце, па нив ќе им се случи една активност да извршуваат со една, а друга активност со другата рака.

Доколку е потребно, вистинско тестирање може да изврши специјалист, бидејќи е познато дека мозокот на човекот има две половини кои не се идентични.

Ако е развиена левата половина на мозокот, лицето е деснорак, а ако е развиена десната страна на мозокот, тогаш е леворак.

Нашите половини на мозокот се одговорни не само за спротивните страни на телото, туку и за карактерот на нашите активности.

Левата половина на мозокот ги обработува информациите, систематски и етапно, а благодарение на таа половина на мозокот ние ја разбираме смислата на зборовите, апстрактните поими, способни сме да го класифицираме светот околу нас кој не опкружува, да ги планираме своите активности вклучувајќи логички заклучоци и факти.

Затоа често ни се чини дека деснораките заклучуваат црно-бело, логично и рационално, организирани се, прво завршуваат една обврска па преминуваат на друга, прво планираат, па потоа одат во акција, тешко им е да ги променат одлуките.

Десната половина на мозокот ги обработува информациите интуитивно, моментално, со многу емоции и креативно.




_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

18.09.2009, 19:58

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

Веројатноста да се појави пишување како во огледало е над 80 отсто кај левораките деца на возраст од 5 до 7 години, при што е познато дека Леонардо да Винчи пишувал како во огледало и од лево кон десно.

Експертите ги советуваат возрасните дека не треба да покажуваат посебен однос кон леворакоста, бидејќи тоа може сериозно да го загрози здравјето на детето, обично во такви ситуации најбргу се забележува почеток на мачење кај тоа дете.

Водечката рака природно се определува до четвртата, т.е. до петтата година и при тоа е потребно внимателно следење на леворакото дете - согледување на промени на расположението, препознавање на причините за радост или тага кај детето, да се разберат неговите проблеми и да му се помогне да ги надмине.
Левораките се темпераментни, нестрпливи и често работат, а да не помислат дали имаат потреба за промена на активностите, бидејќи тешко издржуваат принуда.

Левораките луѓе се во состојба да размислуваат побргу кога на пример, играат компјутерски игри, или се бават со некој спорт, а воспоставувањето на врската меѓу левата и десната мозочна хемисфера е побрза кај левораките, утврдија австриските научници.

Наспроти тоа, тестовите спроведени на 80 деснораки покажале дека постои силна корелација меѓу брзината на преносот на информациите од левата на десната мозочна хемисфера и обратно и брзината на препознавањето на соодветните букви.

Меѓутоа, кога во тестирањето биле вклучени 20 левораки доброволци, забележано е дека тие биле побрзи во процесуирањето на информациите во обемот на мозочните хемисфери.

Лицата кои во секоја работа исклучиво ја користеле само левата рака, за 43 милисекунди биле побрзи во препознавањето на буквите во левото и десното видно поле од деснораките.


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

18.09.2009, 20:06

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

За темава се инспирирав гледајќи емисија на National Geographics  во која научниците дошле до некои сознанија за леворакоста, се разбира недокажани.
Според оваа теорија близнаците се развиваат во утробата како во огледало, така што левораките луѓе најверојатно во раната бременост на мајката имале близнак кој за жал не се задржал туку останал само "плодот" од огледалото.
Сето ова мене ми се чини неверојатно.


Во секој случај,
Дали некои од нашите мамички имаат леворако детенце.
На која возраст откривте дека детето е левак?
Дали е вистина дека овие деца се поинтелегентни, посензибилни и подобро се снаоѓаат во животот? user posted image



_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

19.09.2009, 22:06

clock-img

milijana

pencil-img

323

Јас сум во школството и гледам дека ниту родителите..ниту наставниците ги караат децата да не пишуваат со лева рака.Едноставно бројот на левораки деца станува нешто најнормално..и никој не реагира на тоа.Колку е правилно???Кој знае???Кога научниците немаат одговор..па за нас обичните луге..е се едно.Но..не би сакала моето дете да биде леворако..незнам зосто???Немам појма..едноставно така мислам..што знам. Ако биде леворако би го советувала да писува со десна..но, ако не ме слуша..ке го оставам да пишува со лева..па,кога секаде е прифатено..нели???

clock-img

20.09.2009, 10:51

clock-img

niki

pencil-img

4299

Imam blizok rodnina koj e levorak, vozrasen covek, ima kazuvano deka go terale da pisuva so desna, ama posilno bilo od nego i levata ja koristi mnogu poveke. Decata negovi se desnoraki iako kako mali ednoto pokazuvalo tendencija poveke da ja koristi levata raka, no neznam kako desnorak e sega. Mislam deka nemoze tuka mnogu da se vlijae.
Inaku povrzano so levorakosta postoi veruvanje deka levoraki se decata koi majkata koga ke se porodi prv pat ke gi zadoi na leva grada. I koga trgnav za bolnica da se poroduvam strogo me predupredija da sum vnimavala na desna da go stavam bebeto, ko da e levorakosta nekoja obaka bolest. Iskreno ne se sekavam kako sum ja zadoila kerka mi ama dosega pokazuva deka e desnoraka i poinaku da bese ne bi mi precelo.

clock-img

20.09.2009, 11:18

clock-img

Боцко

pencil-img

806

јас сум леворак. совршено ми е добро во својата кожа. жм е леворака исто така, но сме дијаметрално различни. стефан пак е деснорак. ниту јас ниту жм не сме инсистирале и тој да биде како нас. што се однесува до интелектуални способности, од оваа перспектива би рекол дека леворакоста нема никаква врска со тоа. многу други фактори и сплет на околности да. сепак, на таа појава не треба да се гледа со предрасуди. да ги оставиме да бидат тоа што се. не ја гледав емисијата, но можеби претпоставката е точна. зошто да не? се е можно. мене барем ништо не ме изненадува...

_____________________________

Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.

clock-img

20.09.2009, 11:29

clock-img

niki

pencil-img

4299

Eden edinstven problem koj sum go zabelezala kaj rodninava e koga ke se sedne na masa da se jade, niti toj niti nekoj desnorak nemoze da sedi od negova leva strana, kako da si vleguvaat vo megusebniot prostor i si precat.
Bocko imas ti vakov problem ili ne e toa do levorakosta?

clock-img

28.10.2009, 13:47

clock-img

profesorica

pencil-img

5709

јас сум деснорак а мајка ми пишува со десна но се друго работи со лева(сече леб, други намирници при готвењето, везе, шие )
инаку и золва ми е леворак па и да е наследно не би ми сметало ако Дамјан биде леворак.


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

clock-img

28.10.2009, 13:57

clock-img

mami

pencil-img

8680

Ники, мислам дека има врска леворакоста кога ке седнат на маса со некој деснорак, баш поради тоа, имам другарка леворака и смешно е кога седи до некоја од нас што е деснорака баш поради тоа- си влегуваме во просторот, смешки сме ама тоа не е причина да се гледаме чудноuser posted image
комшичето е леворако и се секавам дека татко му буквално го тепаше кога ке го видеше со лева рака дека пишува, незнам кој му беше филмот но не му успеа, детето е сега дечко од 2-3 средно и сеуште пишува со лева рака и нема никаков проблем.

clock-img

28.10.2009, 14:02

clock-img

Bogdancanka

pencil-img

5422

Јас су леворак пишувам со лева и се друго работам со лева,на мјака ми брајката пишуваат со лева а и некои мои братучеди од на мама страната не има доста во фамилијата се левучари.А за во училиште во основно не ми беше дозволено да пишувам со лева и морав со десна и знаете колку ми беше тешко а домашно пишував со лева се разбира учителката нон стоп ме караше за тоа али исто ти е тоа некој со десна да го тераш со лева да пишува.И така јас сум левучар а можам и со десна да пишам али сум како прваче еве и сега на ком пишувам само со една рака и тоа лева.

clock-img

28.10.2009, 15:45

clock-img

Bogdancanka

pencil-img

5422

Леле само јас сум леворака тука нема никој?user posted image

clock-img

28.10.2009, 15:53

clock-img

niki

pencil-img

4299

И Боцко е, читај цела тема внимателно.

_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

clock-img

28.10.2009, 16:01

clock-img

Bogdancanka

pencil-img

5422

ох извинете тоа сум го промашилаuser posted image така ми е кога сакам се да фтасам и дома да работам и тука да пратамuser posted image

clock-img

28.10.2009, 16:13

clock-img

big_mama817

pencil-img

1331

не ми е јасно зошто на училиште инсистират децата да пишуват со десна ако се леваци user posted image

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

clock-img

28.10.2009, 16:21

clock-img

Bogdancanka

pencil-img

5422

Незнам сега дали е така мислам не е јас зборев за мене кога бев основно паметам дека учителката ми викеше ќе ми ја врзи левата рака за да не ја користамuser posted image user posted image user posted image али џабе неможев да се одвикнам ми беше тешко десна да користам.

clock-img

28.10.2009, 17:04

clock-img

Mila na mama

pencil-img

1152

Нека проба некоја учителка да му каже на моето дете со која рака да пишува па да види како ќе помине со мене. Постојат истражувања според кои левораките луѓе се исклучително интелигентни и успешни луѓе. Не знам зошто би ги спречувале децата да пишуваат и се друго да работат со раката со која сакаат односно со која им е природно.

_____________________________

love u all

clock-img

28.10.2009, 17:33

clock-img

none

pencil-img

491

ljukje pa jas sum levorak pa super mi e se mi e normalno osven a jadenje ako nekoj do mene sedi koj e desnjak tuka nastanuva haos od butkanjeuser posted image user posted image user posted image

clock-img

15.01.2010, 23:17

clock-img

pacuvce

pencil-img

1289

Дали леваците се поразлични?


Повеќе од 90% од луѓето во светот се деснаци, односно пишуваат  и работат со десна рака. Сепак иако се во помал број, има и такви кои полесно се ослонуваат на левата рака.
Зошто некои луѓе се леваци?
Научниците тврдат дека ова е врзано со гените и се појавува во семејството. Меѓутоа постојат и деца леваци чии родители се деснаци па сепак не е баш најјасно како доаѓа до оваа појава.
Дали се леваците покреативни?
Ова е уште еден мит, иако може да се случи некои од оние кои творат со лева рака навистина да биде покреативен. Оваа теорија доаѓа од фактот што мозокот е поделен на лева и десна хемисфера. Левата ги контролира движењата на десната страна на телото, а десната – на левата. Креативните мисли се јавуваат на десната страна на мозокот – па од таму и овој заклучок.
Колку леваците се вклопуваат во светот на деснаците?
Постојат производи кои се правени за леваци, и производи кои можат да се подесуваат за користење на оние кои ја користат левата рака повеќе (на пример маусот).
Дали леваците се подобри во спортот?
Ова е вистина? Во бејзбол и софтбол добро се наоѓа левата рака, но не и во кошарката и другите спортови.
Најпознати леваци се – Алберт Ајнштајн, Бил Гејтс и Барт Симпсон.

< Поракaта ја уредил pacuvce -- 15.1.2010 23:18:03 >


_____________________________

Love is in the air

clock-img

15.01.2010, 23:50

clock-img

ripce

pencil-img

2148

Зошто некои луѓе се леваци?
Научниците тврдат дека ова е врзано со гените и се појавува во семејството. Меѓутоа постојат и деца леваци чии родители се деснаци па сепак не е баш најјасно како доаѓа до оваа појава.



мм пишува со лева рака, и еве сега го прашував ми кажа дека фудбал шутира со лева нога... гледам син ми повеќе ја користи левата рака, сите предмети ги држи со лева рака, а ако му дадеш предмет во десната веднаш го префрла во левата рака. Можеби гените си го одиграле своето, па син ми ќе биде исто левак...


_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

clock-img

16.01.2010, 09:00

clock-img

none

pencil-img

491

jassum levorak odlicno e samo vo odredni situacii nezgodno na pr za jadenje i slicno

clock-img

16.01.2010, 10:54

clock-img

biljana16

pencil-img

340

Jas sum levorak isto taka. Koga bev dete mi bese mnogu tesko. Site doma me teraa da pocnam da pisuvam so desnata raka. Jas kako dete osetiv premnogu golem pritisok i na kraj morav da pisuvam pred moite so desnata raka a koga bev sama ili vo uciliste so levata. Do vozdrast od 10 godini se trudea da me oducat od levata raka no toa bese nesto mnogu posilno od mene.Koga vidoa deka ne mozev  da pisuvam ubavo niti so ednata nitu so drugata raka me ostavija na mira. Znaci so pritisokot ne uspeaa nisto. Inaku jas se pravam so levata raka i si se osekam super.
Zatoa ostavete gi decata da pisuvaat so koja raka sto sakaat.

clock-img

16.01.2010, 11:13

clock-img

Bogdancanka

pencil-img

5422

Билјана и јас се соочив со голем притисок за одвикнување од пишување со лева рака,притисокот ми беше во училиште од учителката од 1 до 4  од моите не али ми беше многу тешко зашто кога ќе излезев на табла незнаев како да се наместам за да пишам со десна рака што ми беше многу тешко а морав зашто не ми беше дозволено со лева да пишувам научилиште. Убаво си напишала, да оставете ги децата нека си пишуват со која рака можат затоа што исто ви е тоа како некој вас кои пишете со десна рака да ве тера да пишувате со лева рака.И навистина е тешко.Еве сега јас можам да пишам со двете раце али ракописот со десна рака ми е ептен катастрофа........

_____________________________

Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........

clock-img

24.03.2010, 14:25

clock-img

big_mama817

pencil-img

1331

и јас од скоро открив дека син ми е леворак значи си пишува со  лева ракаuser posted image

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

clock-img

24.03.2010, 14:35

clock-img

penelopa

pencil-img

3419

Сестра ми е леворака а исто и сопругот. Знам дека во основно училиште ги терале да пишуваат со десна ама не им успеало. Не знам како е денес ама не гледам што е погрешно ако некој е леворак.... баш би сакала и моето дете да го наследи тоаuser posted image

_____________________________

"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu

clock-img

24.03.2010, 14:40

clock-img

matushka

pencil-img

510

Kako be gi terale da pisuvaat so desna rakauser posted image
Isto kako desnak da teraat da pisuva so leva.
Jas diplomirav na Stuloviot fakultet i imase stolcinja so vgradeni masicki na niv, specijalno za levaci i desnaci.

ИЗВОРНА ПОРАКА: penelopa

Сестра ми е леворака а исто и сопругот. Знам дека во основно училиште ги терале да пишуваат со десна ама не им успеало. Не знам како е денес ама не гледам што е погрешно ако некој е леворак.... баш би сакала и моето дете да го наследи тоаuser posted image


Последни статии

article-img