за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Мене многу ми се симпатични левораците Мм е леворак, и има преубав ракопис Свекрвами е леворак само пишува со десна а се друго прави со лева( пишува со десна бидејки во школо ја терале да пишува со десна и така ја научиле ) Бабаму на мм е леворак..едното дете ми е деснорак додека малово некогаш пенкалото го фака со десна а некогаш со лева,такада за неа е рано да се каже..Ке видиме
< Поракaта ја уредил miana -- 5.3.2013 14:21:12 >
05.03.2013, 14:14
rina13
1147
Јас пишувам со лева рака, ќерка ми ја користи повеќе левата рака но рано е уште да се каже со сигурност. Сум имала проблеми со апарати кои претежно се консруирани за луѓе кои ја користат повеќе десната рака. Еве еден најпрост пример:Оние столчиња на факултет што се со табличка хоризонтална за пишување тоа им е од десна страна за да пишував морав цела да се искривам нели да седнам настрана за да можам со лева да си напишам. Ви средно имавме мал милион на апарати кои беа направени за деснаци, па професорките и викаа снајди се што да правиме номожеме за тебе да измислиме нови. Така да не дека е некој хендикеп ама некако светов го градат за деснаци. И нели секако како и повеќето леваци имам проблем со ориентација лево десно.
05.03.2013, 14:26
Bububebe
564
Јас имам еден бисер од свеки во врска со ова. Ми вика,ако ја ставиш прв пат да цица на левата града,ќе пишело со лева рака.И обратно,ако ја ставиш прв пат на десна,со десна ќе пишело И јас намерно пред неа на лева града,па еве детево повеќето работи ги прави со десна и пишува со десна Тешки глупости!