cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Машко или женско дете?

  
clock-img

04.01.2013, 11:46

clock-img

Bethany

pencil-img

4534

сакав прво машко (и добив), а ако имаме и второ би сакала женско, а може и машко пак user posted image

clock-img

04.01.2013, 13:52

clock-img

ivemace

pencil-img

84


ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana RR

А ова е резултат на некоја научна студија или? Јас колку што знам, се гледа детето дали е здраво и живо, а за пол мање више...user posted image

ИЗВОРНА ПОРАКА: ivemace

Да не се лажеме user posted image секој татко сака син ... може да го каже тоа или да го премолчи user posted image




moze samo edno prasanje? site pogore komentiraa kakvo dete sakaat, a vie bas za mene ste se fatile.... i fakt e deka sekoj tatko saka sin ... e sea ako nema zdravje boze..popraven ispit user posted image

clock-img

04.01.2013, 13:57

clock-img

Mihaela 2010

pencil-img

4230

Берлин, 3 јануари 2013 (МИА) - Женски фетуси намерно се уништуваат не само во Индија и во Кина, туку и во Албанија, на Косово, во Црна Гора и Македонија, а на тој начин зголемениот број на мажи во општеството ќе има драматично општествени последици и во балканските држави. Тоа се наведува во текст под наслов „Висока технологија исполнува традиционални желби“ објавен во „Зидојче цајтунг“.



Во опширниот опис се вели дека во Албанија веќе сега на сто новородени девојчиња има 112 машки деца, со што ситуацијата е иста како во Индија, каде таквиот проблем со децении претставува социјален проблем.

Станува збор за прекин на бременост, главно под притисок на сопругот и неговата фамилија, во случај кога ќе се утврди дека станува збор за женски фетус. Но, и за убивање новородени женски бебиња. Ситуацијата не е многу подобра ниту во други балкански држави, пишува „Зидојче цајтунг“.

Кристоф Гилмото од Институтот за развој при Универзитетот Париз-Декарт, тврди дека на Косово на сто родени девојчиња има 110 машки деца. Во Црна Гора 109, во Македонија 106. Просечниот сооднос на полови кај новородени деца ширум светот е 100 спрема 105 во корист на машките деца. Тој „вишок“ момчиња подоцна се неутрализирани поради поголема смртност на машките деца. Гилмото наведува дека „вишокот“ машки деца е впечатлив пред се во албанските средини.

- Желбата на родителите да добијат машки наследници е специфичност на албанскиот културен круг, смета тој експерт. Таа желба, меѓутоа, како што наведува тој, не е типична само за муслиманите, туку и за католиците и православните во Албанија.

- Абортусите во случај на женски фетуси таму се културолошки феномен кој има корени во архаичното поимување на семејството, смета парискиот експерт. Тоа е затоа што машките деца го задржуваат семејното презиме, додека женските деца по мажењето најчесто се одрекуваат, а традиционално е за старите родители да се грижат синовите.

Во времето на социјализмот во Албанија абортусот бил забранет, а немало ниту пренатални прегледи, наведува весникот.

По падот на режимот, абортус е дозволен до 12 недела од бременоста а на родителите им е овозможен пристап при пренаталната дијагностика.

Гилмото наведува дека „сите гинеколози во Албанија сакаат родителите да го дознаат и полот на детето“ и знаат дека често се случува абортус кога ќе се утврди дека бебето е женско. За да се спречи бременоста, многу се распространети и илегалните абортуси во одмината фаза од бременоста.

Според него, развојот на Балканот е „алармантен“ поради половата несразмерност и тоа предизвикува мажите веќе не се во состојба да најдат партнерка и да се оженат. Недостигот од жени не доведува тие да бидат „згрижени“ туку сосем спротивно - насилството кон жените се зголемува.

Во државите со несразмерно поголем број мажи отколку жени како што се вели во студијата на Фондот на ОН за население, растат насилството, проституцијата и трговијата со жени.

Освен тоа, се зголемува и бројот на природни бракови веќе во детството, како и бројот на самоубиства меѓу жените кои не можат да издржат притисок дека мора да родат машко дете.

„Зидојче цајтунг“ смета дека со проблемот на намерни абортуси на женски фетуси на Балканот мора да се позанимава и ЕУ, со оглед дека ЕК во октомври препорача преговори за членство со Тирана, Македонија веќе е кандидат, а Црна Гора води претпристапни преговори.

Во Индија и во повеќе други азиски држави, на лекарите им е забрането пред породувањето да го утврдат полот на бебето и да им го соопштат на родителите. Но забраната најчесто е без резултат со оглед на корупцијата и во здравството.

Гилмото укажува дека само во азиските држави „недостасуваат“ повеќе од 117 милиони жени, а ширум светот повеќе од 160 милиони.

- Парадоксално но медицинскиот напредок води до тоа да родителите можат да исполнат традиционална желба да добијат син, и до тоа да се дискриминираат девојчињата, објавува „Зидојче цајтунг“.

Албанското Министерство за здравство кон крајот на 2012 година организираше советување на кое беше и Гилмото потоа беше формирана Работна група која ќе се занимава со проблемот на абортуси на женски фетуси.

Но како што оценува германскиот весник, дури и ако се спроведе успешна акција против тој вид дискриминација, негативните последици ќе се чувствуваат уште со децении.

clock-img

04.01.2013, 14:04

clock-img

zzaa

pencil-img

884

jas sakv zensko i si dobiv,a mm vikase dae zivo i zdravo samo,a za vtoro moze pak zenskouser posted image

_____________________________

Денот кога се збогатив ... Станав мајкa
http://lpmf.lilypie.com/9ToIp2.png?PUn0FHCJ
принцеза на мама

clock-img

04.01.2013, 14:04

clock-img

Gardenia

pencil-img

682

Баш истото го постирав во друга тема,кога го прочитав не ми се веруваше

Инаку јас имам желба за женско,ама како ќе даде дедо Боже такаuser posted image

clock-img

10.01.2013, 19:33

clock-img

lindicka

pencil-img

338

Сакам ќерка!user posted image и оваа година ќе ја добијам, па што сака нека биде!user posted image user posted image user posted image

clock-img

10.01.2013, 23:05

clock-img

temjana

pencil-img

1159


ИЗВОРНА ПОРАКА: ivemace

Да не се лажеме user posted image секој татко сака син ... може да го каже тоа или да го премолчи user posted image



Те молам немој да се налутиш ама поголема глупост од оваа немам слушнато. Кога ми кажаа дека носам машко мм не можеше ни под разно да се помири со тоа дека не е ќерка. Ајде со текот на времето некако прифати ама пак не му беше сеедно. Се додека во осми месец докторот не ни кажа упс ова е пре убаво за да биде момчеuser posted image user posted image . Јас бев поприлично разочарана ама татица скокаше од радост желбата му се исполни, сега сака уште 3 девојчињаuser posted image

clock-img

10.01.2013, 23:28

clock-img

SkCura77

pencil-img

430

Како помлада стално пискав дека ќе имам 3 сина, бла бла бла, женски муабети... Поминаа години, дете нигде на видику, почнав да се молам на Господ да е макар едно и да е живо и здраво, па што сака нека биде! Ама кога дознав дека сум бремена, освен нормално онаа вообичаена реченица да е живо и здраво, почнав да си додавам и да е машко! Кога можеше да се види полот на ехо, сакав да избегам од ординација, да не се разочарам, ама пак на гинекологот му се испушти дека ќе моча исправено... Јас, пресреќна! Не знам зашто, еве сега имам сине од 17 месеци, го обожавам и му се радувам ептен, ама и се убив од вртење по девојчиња и се двоумам дали би била добра мајка на женско. Не знам зашто ми се увртело во глава да сум мајка на машки, а дека нема да ме бива со женско user posted image

clock-img

10.01.2013, 23:38

clock-img

kikicka

pencil-img

4218

Јас сакав женско, како останав трудна бев убедена дека е машко и крај. Ма какво женско не ми паѓаше на памет, а мм викаше женско та женско и да кога ми кажаа дека е женско јас онака како да не прифатив од одма ама сега најмногу си ја сакам на свет. Башка што е татина маза, сега си сакам едно синче за да си биде мамина мазаа! user posted image

_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

clock-img

11.01.2013, 00:08

clock-img

Goddess*

pencil-img

332


ИЗВОРНА ПОРАКА: temjana RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: ivemace

Да не се лажеме user posted image секој татко сака син ... може да го каже тоа или да го премолчи user posted image



Те молам немој да се налутиш ама поголема глупост од оваа немам слушнато. Кога ми кажаа дека носам машко мм не можеше ни под разно да се помири со тоа дека не е ќерка. Ајде со текот на времето некако прифати ама пак не му беше сеедно. Се додека во осми месец докторот не ни кажа упс ова е пре убаво за да биде момчеuser posted image user posted image . Јас бев поприлично разочарана ама татица скокаше од радост желбата му се исполни, сега сака уште 3 девојчињаuser posted image



I jas ke se slozam so Temjana RR....ne site mazi se so isto razmisluvanje.Istoto se slucuva i so mm kako so mazot i na Temjana RR....coekot e izgoren za zenski deca...samo zenski decauser posted image ...a jas sum neutralecuser posted image shto bide neka bide,samo da bide zdravo i zivo....

clock-img

11.01.2013, 00:43

clock-img

Maria

pencil-img

533

И јас се сложувам со вас девојки.user posted image Кога останав бремена со првото очајно посакував син,да биде мамина маза,а на мм му беше сеедно викаше само живо и здраво да е.user posted image За второ кога останав,можеби нема да ми верувате,ама си го сакав моето малечко назадuser posted image ,со еден збор,сакав да се повтори приказната,така што потсвесно посакував син,иако не ми се веруваше,мислев дека е девојче(не дека немаше да го сакам да е женско,ама ете и ден денес неможам да си го објаснам тоа).Е кога дознав,дека е пак машко,тоа е друга приказна.user posted image Тотално се разочарав и се до породување,на секој преглед докторот го прашував да не е грешка.Но сега си имам два прекрасни сина кои ми го променија животот.user posted image
А не верувам дека постои некој на овој свет кој повеке од мене посакува ЌЕРКА,секој ден мојата желба е се поголема и поголема,само...никако да се решам.user posted image user posted image user posted image

clock-img

12.03.2013, 18:04

clock-img

bilbilce

pencil-img

123

samo zdravo i zivo dete i srekata e beskonecna bidejki "sekoja kerka e sin i sekoj sin e kerka" e strashna vistina user posted image user posted image

clock-img

13.03.2013, 18:15

clock-img

Lina*

pencil-img

311

Jas mnogu sakam kerka da imam,mnooooguuser posted image a mm ne se izjasnuva bas ama go sekavam deka saka masko e sega ke mora da pocekame uste malku pa da vidime sto ke bide

clock-img

01.04.2013, 14:34

clock-img

zzaa

pencil-img

884

Jas mmnogu sakav devojce(i dobiv)mm na pocetokot velese samo zivo i zdravo da e pa sto saka neka bide,i pred da dozname kakvo e si prizna deka poveke saka kerka,i mu rodiv kerka.

_____________________________

Денот кога се збогатив ... Станав мајкa
http://lpmf.lilypie.com/9ToIp2.png?PUn0FHCJ
принцеза на мама

clock-img

01.04.2013, 15:12

clock-img

masa

pencil-img

473

ММ многу сакаше машко дури и се кладеше со неколку пријатели дека ќе биде машко и кога ни кажаа дека е женско не му се веруваше уште три пати препраша додека бевме таму,а бевме на скрининг и ни кажуваат се е во ред,а он испаѓа попарен не за друго како ќе им кажел на другите дека не било машко user posted image Набрзо си легна на брашното и откако се роди ќерката вели дека не би ја заменил за 10 машки user posted image Сега сум 9та недела и демек темпиравме плодни денови финти за машко,па ќе видиме за полот уште ништо не спомнал вели да било само се во ред.Јас пак имам мачнини и денес со колешката се смеевме дека пак ќе биде женско,но спремна сум и трето да раѓам ако треба user posted image Јас и онака сакав три а мм од почеток велеше нема шанси ќе било тешко финансиски да се излезе на крај кога ќе пораснеле,но ако биде и ова женско може ќе се кандиса user posted image

clock-img

05.08.2013, 11:08

clock-img

JovanaJ

pencil-img

911

Da go trgneme na strana toa "da e zivo i zdravo" bidejki se podrazbira i e nezamenlivo bez razlika na polot.
No mm ne se srami voopsto da si se kaze deka saka maski deca. Imame edno masko, i sega i sin mi i mm sakaat uste edno masko. user posted image
Jas sekogas sum se zamisluvala kako majka so zenski deca, no otkako se rodi sin mi, sega sakam da imam uste dva sina!!!
Neznam zosto, ete nekako se naviknav na maskite user posted image

_____________________________

You can never make the same mistake twice, the second time you make it it''s no longer a mistake, it''s a choice!

clock-img

05.08.2013, 11:18

clock-img

Bethany

pencil-img

4534

Јас отсекогаш сакам машко, па женско, ама нешто со мм разговарав и му викам па и да е машко пак ќе ми биде убаво, дека и првото ми е машко и јас се навикнав, а мм ми вика дека тој би баш сакал девојче user posted image
Е па Господе, ние да нарачаме, ако може здраво женско бебе user posted image

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

clock-img

05.08.2013, 13:59

clock-img

Martins mom

pencil-img

3342

Мене животна желба ми е да имам ќерка и здравје боже ја чекаме во ноември, евентуално декемвриuser posted image

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

clock-img

05.08.2013, 14:01

clock-img

BILE.F

pencil-img

670

Prvoto mi e masko, vtoro sakam zensko user posted image ! Zdravje!

_____________________________

Пред да скокнеш, кажи оп!

clock-img

05.08.2013, 14:09

clock-img

bucko mal

pencil-img

1431

Si imam dva sina si gi sakam najmnogu na cel svet.No, mojata neostvarena zelba e sto nemam kerka.
Otsekogash sum sakala zensko I den denes se prasuvam kako e da si majka na zensko deteuser posted image
Moze I ke imam kerka,nisho cudno kaj mene se e mozno,polna sum so iznenaduvanjauser posted image

clock-img

05.08.2013, 14:10

clock-img

deluxe

pencil-img

2479

Jas gi imam I dvete srekiuser posted image prvo pa zensko,a vtora sreka masko.Takva ni bese zelbata so mm,I si ja ispolnivmeuser posted image


_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

clock-img

08.08.2014, 15:43

clock-img

Mila mamicka

pencil-img

387

Уште пред да имаме деца, јас цело време викав дека сакам три сина, а мм викаше дека не му е важен полот на децата, само да ги имаме живи и здрави. Поради глупавата изјава дека сите татковци сакаат синови, не знаев дали да му верувам, и решив да го тестирам. Му кажав дека јас не сакам да го знам полот на бебето се додека не се роди, за да видам дали ќе инсистира да ни кажат. Ама, тој, се сложи, и ми вели - секако не ми е важно какво ќе биде бебето, затоа ќе чекаме да го дознаеме полот кога ќе се роди. И така и бидна. Сите околу нас сакаа машко, освен свекрва ми, која многу сакаше женско, затоа што нема ќерка. Кога се роди син ми, мислам дека најсреќен беше свекор ми, многу сакаше внук, па и името му го ставивме на него. Сега, кога раазговараме за второ, мм сака ќерка, а јас некако потајно, сакам пак син. Некако се научив со машко дете, и сакам пак да имам син. Ако се случи тоа, за третото секако ќе навивам за ќерка.

_____________________________

Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.

clock-img

13.09.2014, 18:16

clock-img

Dilina

pencil-img

533

Сакав девојче, од една причина што мм дома биле 3ца браќа, па само мајка му жена, а и потајно знаец дека и тој сака ќерка, па така и излезе. На контрола кога бевме во систина и кога ни каѓаа дека е женско се прашавме што сакавме, не дека ќе се лажеме ама и тој и јас сме сакале женско...
Свекрва ми стално ми викаше дека ќе биде женско, а и јас имав некое чувство дека ќе биде цуца...

clock-img

13.09.2014, 18:58

clock-img

Mihaela 2010

pencil-img

4230

Sakav zensko si dobiv zenskouser posted image ..mm demek masko sakal sega za vtoro idi prasaj go saka pak zensko...

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

clock-img

13.09.2014, 22:21

clock-img

Ilina87

pencil-img

326

Кога останав бремена и се до 15та недела од бременоста (кога го дознав полот) бев цврсто убедена дека бебето ќе биде женско. Но испадна дека е машко user posted image . Не дека повеќе сакав девојче, само така потсвесно од секогаш си мислев дека првото дете ќе ми биде женско.

Последни статии

article-img