Секако беше првото пијанство. Се случи на 1 септември, пред почетокот на 4та година средно. Беше недела, и со другарките и пријателките се договоривме да пиеме за добар почеток на школската година. Си купивме вотка и отидовме да пиеме во дворот на гимназијата каде што учевме. Дотогаш немав ставено капка алкохол во уста, не сум тип што сака да пие и до ден денес. Ама тогаш имав многу јака причина (според мене) да се испијанам. Мојот симпатија, кој ми беше и школски другар, летото си фати женска, две години помала од нас, и требаше да одиме иста смена во гимназија, што значи да ги гледам заедно секој ден. Тоа за мене беше многу болно, и ми беше доволна причина да се направам лом. Се испијанивме сите, една другарка ја носеле дури на гликоза, мене ме донесоа дома до врата, јас фино лепо си зазвонив на звонче, излезе мајка ми, само се насмеа, сфати што е работата, ме смести во кревет. Цела соба ми се вртеше, не можев да заспијам, ужасно ми беше. Не повраќав, ама утредента се чувствував за никаде. Кога отидовме на школо, сите за никаде од претходната ноќ, па и сите не виделе, и не зезаа, катастрофа беше. Дури и класниот сфати што е работата и само се смееше. Такво пијанство оттогаш ми се нема повторено, всушност од тогаш и не сум имала некое пијанство. Пијам само колку да се рече, по две чаши, без разлика каков алкохол пијам.
_____________________________
Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.