за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
На Сајтот има статија за дохрана и најдоле во текстот има да се симне календарот на исхрана КЛИК=ТУКА
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
20.12.2013, 09:09
sandriana RR
2924
ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR
Фала ви Сокче пример колку да му дадам пр.најмногу 30-40мл дневно?Ова од тепка стварно незнам дали има дозволена мл. за сокче од кога ќе се почне или колку ќе си пие толку
Ова прашање и одговорите на него се префрлени во темата Колку е доволно
_____________________________
***I'd rather be honest than impresive***
20.12.2013, 14:23
Melanija RR
7052
Втор ден сокче од јаболче лицка и се тмури како лимон да е јаболчево излезе зелено Денес помалку фацки има надеж дека утре ќе свикне
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
25.12.2013, 09:29
sandriana RR
2924
ИЗВОРНА ПОРАКА: lekokrila
mamicki moeto bebe napolni 3 meseci go hranam so ad mleko humana anti colik no ima mnogu tvrda stolica zatoa sakam da pocnam da mu davam prirodno sokce moze li nekoj da me posovetuva od kakvo ovosje i zelencuk da mu go pravam po kolku na den da pie?
_____________________________
***I'd rather be honest than impresive***
25.12.2013, 09:33
Martins mom
3342
Почни со јаболко сокче,за прв пат неколку лажички,потоа секој ден ќе зголемуваш.По 3-4 дена пробај морковче итн
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.
25.12.2013, 09:34
sandriana RR
2924
Lekokrila, за дохрана е уште рано, без разлика што сте на АД млеко. Со пробување на вкусови - сокчиња или овошни кашички, се започнува со навршени 4 месеци. Мој совет е да не брзаш, подобро да ги истрпите грчевите уште малку, отколку да направите друг проблем од прерано воведување храна.
_____________________________
***I'd rather be honest than impresive***
25.12.2013, 11:42
lekokrila
63
fala na sovetot sandriana bev resena da pocnam so sokce no po razgovor so mnogu majki i sovet od pedijatar sepak ke pocekem uste 1 mesec :))
10.01.2014, 13:41
sandriana RR
2924
*devojce*, прашањето е префрлено во соодветна тема Колку е доволно
_____________________________
***I'd rather be honest than impresive***
21.01.2014, 18:32
mimi 27
72
ние сме 5 месеци и по препорака на нашиот педијатар, др Камбовска, почнав со дохрана по еден оброк дневно од овошје јаболко, круша, тиква и слива.. а од зеленчук морков компир и ориз па за натаму од 6ти месец ке воведуваме други овошја и зеленчуци , засега добро ни одиосвен компирче се друго си сака
11.02.2014, 09:33
sandriana RR
2924
ИЗВОРНА ПОРАКА: kromitce
edvaj ja najdov temava ...ve molam za vase iskustvo, imam 2.5 mesecno bebule i e na ekskluzivno doenje. sakav do 6 meseci da bide taka ama najverojatno ke treba da se vratam na rabota koga toj ke bide 6 meseci. znaci treba da pocnam porano so hrana. mojata dilema e..... dali toa znaci deka ke moze od 4 mesec da pocnam postepeno so vnesuvanje na ovosni i zelencukovi kasickii sokcinja.... so prvoto dete duri od 6 meseci pocnav, a ova mi se gleda nekako rano od 4 meseci ama ke moram da go naviknam za da mozam da go ostavam doma koga ke trgnam na rabota. vase iskustvo??? please
ИЗВОРНА ПОРАКА: deluxe RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: kromitce
edvaj ja najdov temava ...ve molam za vase iskustvo, imam 2.5 mesecno bebule i e na ekskluzivno doenje. sakav do 6 meseci da bide taka ama najverojatno ke treba da se vratam na rabota koga toj ke bide 6 meseci. znaci treba da pocnam porano so hrana. mojata dilema e..... dali toa znaci deka ke moze od 4 mesec da pocnam postepeno so vnesuvanje na ovosni i zelencukovi kasickii sokcinja.... so prvoto dete duri od 6 meseci pocnav, a ova mi se gleda nekako rano od 4 meseci ama ke moram da go naviknam za da mozam da go ostavam doma koga ke trgnam na rabota. vase iskustvo??? please
Твоето бебенце на 4 месеци е сеуште мало за воведување на кашички.Јас кашичките ги воведив после 5ти месец,и тоа овошни најпрво. Што се однесува на доењето,пробувај да се измолзуваш,и да му оставаш преку шише да си пие додека си на работа,или евентуално АД млеко,бидејќи 8часа се во прашање,бебето мора да јаде Најдобро е доколку можеш да се измолзуваш-барем јас така мислам.
ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR
Јас не се согласувам со муабетот Ексклузивно доење, мене ми е тотално без врска. Поборник сум за доење - и се тепам на таа тема, ама дека бебе треба до 6 месеци да биде само на мајчино млеко - не! Мој став - со полни 4 месеци да се започне со пробување вкусови - овошје, и тоа обарено и процедено/пасирано. Со полни 5 месеци воведување на соодветен за возраста зеленчук, а со полни 6 месеци житарки и млечни продукти. Така бебето ќе има доволно време да ја прифати сета нова храна без оптеретување на организмот.
fala vi za pomosta...inaku ne mislev na 4 meseci da mu zamenam podoj so obrok...tuku cisto poleka za pocetok po nekolku lazicki na den se navikne na vkusovite..vidov deka ima razni iskustva na temava, kako i da e imam uste 2 meseca do togas pa ke vidamna krajot sto ke ispadne .. inaku fala vi za pomosta
11.05.2014, 14:44
Mika123
2
zdravo jas usm nova na forumot i sekogas gi sledam vasite razgovori moeto dete ima 5 ipol meseci sega na 19 ke pravi 6 mu davam samo kupeni kasick a i go dojam i neznam dali moze da mu davam mleko so biskviti nekoi od kasickite ne mi gi jade na pr tikva so pilesko brokulata ito ne saka da ja ade a sakam da mu smenam pa ako mozi nekoj da mi kazi vo blagodaram odnapred pozz
11.05.2014, 18:42
Melanija RR
7052
Mika123 добре дојде на Рингераја Млеко со бисквити,мислиш со твое млеко или адаптирано?Бисквитите содржат глутен и ако немате во семејство алерија со глутен се дава по 6 месеци, секој индивидуално,најчесто меѓу 7 и 9 месец.Во одбос на готви кашички со пилешко и воопшто место се даваат по 7 месец.Ова е според повеќето табели за дохрана. Предвреме нема да прифати бидејќи потешко ја вари таа храна.За почеток полесни варијанти како компир,ориз,тиквица,брокула.... Табела за дохрана има ТУКА КЛИК
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
21.05.2014, 15:31
Mika123
2
ti blagodaram mnogu melanija jas mu davam od gotovite kasi na hipp ama telesko so kompir ne saka da mi ja jade kako i brokulata samo onie so se so ovosje mi gi jade isto i sveza banana mu davam ja jade inace sakav da znam dali moze biskviti so adaptirano mleko da mu davam ti blagodaram uste ednas
21.05.2014, 15:54
Melanija RR
7052
Според мене рано е за телешко, има разни табели по месеци како да се прихранува детето во кои месо се дава од 7 месеци.Сепак секое дете е посебно. Најчесто овошните каши лесно ги прифаќаат а зеленчуковите потешко.Пробај и со домашно варен компир, морков и брокула и избледирај.Има и тема Бисквити=КЛИК
За да го видиш или симнеш Календар на исхрана ос страната на Рингераја.мк кликни ТУКА Еве и како слика
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
30.10.2014, 09:55
Felly RR
7977
ИЗВОРНА ПОРАКА: Maja Peovski
Од колку месеци почнавте со кашички? и што прво му понудивте ? ние сме 3 ипол месеци
ИЗВОРНА ПОРАКА: Ilina87
Маја, најдобро е после 4 и пол месеци да се почни со пробување на нови вкусови, најпрво со овошје. Некои педијатри советуваат со дохрана да се започне со полни 6 месеци, зависи како напредува детето и каква му е крвната слика.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
19.11.2014, 21:33
Dilina
533
Majки советувајте :) многу се двоумам дали да почнеме со дохрана... Малата последните два месеца не напредува сјајно со килажа ама сепак е ок... со што е подобро да се почне, со сок или кашичка? Инаку на 12ти направивме 4 месеца.
20.11.2014, 00:01
nataly86
534
Колку тоа не напредува сјајно? Ако не се лажам во тие месеци до 700 г максимум е препорачливо... Јас не би дала дохрана на 4 месеци некако ми е рано. Моите близначиња на 28 прават 4 месеци и воопшто не размислувам за дохрана иако сме на АД млеко(можеби дека се предвреме родени )почекај барем уште еден месец, па почнете со пробување вкусови....како што читам сега почнуваат со кашички одма три дена ист вкус за да не има реакција потоа друг вкус..Педијатарот што те советува? Одлуката е твоја на крај
23.11.2014, 08:26
tincule
183
Мојава веќе има 4 месеци уште малце и ние со дохрана пошто сме и на АД млеко супер си напредува ама морам да и воведам ја гледам бре луѓе не можеш да јадеш од нејзе буља у храна како цело време гладно да е, мислам дека и сама си бара нешто различно од млеко Па така кога ќе почнеме со пробување на вкусови ќе имаме околу 4 и пол месеци што мислам дека и не е многу рано, да цицавме константно може ќе почнев и покасно ама тоа е.
23.11.2014, 09:54
Melanija RR
7052
Dilina и денес да почнеш со пробување таа количина нема да ја донајадува ниту ќе качи на тежина.Моето беше на АД и не пиеше многу количински од 4 до 6 м слабо ставаше на килажа, а често бебињата тој период малку стагнираат во кг.Додека не стигне на оброк ќе ве фати 5 месеци додека свикне на лажиче време поминало а пак од само толку нема да ти качи кг.
Мое мислење на 5 да се почне е таман ,па на 6 можеш повеќе видови и тогаш веќе може и 2 оброка па ќе видиш на разлика.Сепак ти најдобро си знаеш,јс стојам на тоа дека секоја мајка си го знае детето и чуствува кога што може да му даде.
tincule гледа од радозналост го гледа светот боите движењата а храната ништо не и значи.Ќе те гледа така ама баш секогаш.
Еве моето на 14 м почна да ме гледа баш како ,аха јадеш епа дај ми и мене.Бебињата се гледаат и истражуваат
_____________________________
3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи, 3 IUI =/, без терапија август 2013г. Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни
04.12.2014, 01:38
sonc90
267
nie na 4 i pol pocnavme so sok prvo -jabolko i nekolku kapki portokal (ne sakav limon zaradi ova sto iskoci so glupostite sto gi stavale vo limonot) i vidov deka ne saka sok pa bataliv...si rekov nema sto da go silam deteto,i onaka od sok nisto polezno nema...na 4 meseci i 22 dena pocnav so dohrana-jabolko,sega jademe i morkovce a imame 5 meseci od zavcera,da pomine i ovaa nedela pa planiram nautro da i davam na hipp baby first pap...na 12 sme na vakcina pa ke vidam dali ima nekoja razlika vo tezina,sto ni jas ne veruvam zaso dohranata e vsusnost zamena za mleko bidejki mlekoto povekje ne go zasituva deteto...dodusa jas posle sekoj obrok pak i davam mleko i si pie sepak,ne odbiva...all in all poentata e da se pofalam ama i da kazam deka pozelno e da se poceka bar nedela dena otkako ke napravat 4 meseci pa da se pocne so dohrana,zaso nema smisla toa-ej denes napravi 4 meseci pa smees da jades a vcera imase 3 i 29 dena pa ne smees...
04.12.2014, 08:35
Felly RR
7977
Sonc90, портокалот избегнувај го, пред се заради тоа што сите цитрусни овошја се алергени, и барем до 10 месеци не се даваат.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
04.12.2014, 15:46
sonc90
267
da,znam, zatoa stavam samo nekolku kapki...do sega nemalo nikakva reakcija,a i davam veke 10 dena da jade kasicki...se nadevam i ponatamu taka ke bide
04.12.2014, 16:03
Defne90 RR
1991
Сонц наместо портокал подобро е да му капнуваш по малку мандарина.Баш се сеќавам мене матичната тогаш така ми рече,дека може мандарина да се дава а како што рече фели погоре портокал после годината.Инаку со 4 месеци имаш право добро е полека да се почне со дохрана,само тоа да биде постепено.Ама сепак до 6 месеци млекото треба да си му биде основниот извор на исхрана.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
04.12.2014, 16:33
Maja Peovski
27
а сокче од мандарина на 4 ипол месечно бебе? на дохрана сме, почнавме веке со кашички досега сме пробале јаболко крушка и банана, солени неќе ли неќе