за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Банана,јаболко,домат,јајца(зготвени на сите начини ) И супата ни е фаворит,без неа не можеме ниту еден ден,или евентуално манџа ако нема супа,мора да пробаат нешто течно
_____________________________
„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “
26.11.2013, 06:14
bucko mal
1431
Na malovo omileno jadenje mu e avocado namackano na lepce so kaskaval.A na golemiov sin,favorit mu e hamburger,pica,burek.I saka pobrzo da porasne za da mozel da jade kolku sto sakal
_____________________________
You have to dream if before you can do it.
26.11.2013, 08:07
mommy_angels RR
1543
Млекце со бисквити,банана,јогурт,манџа со мевце од секаков вид,тостирано лебче со путерче (си ручка и вика "оше" )
26.11.2013, 10:14
rina13
1147
Чоколино и е нај омилено, колку и да е сита за чоколино ќе напраиместо
29.11.2013, 14:03
vezilka RR
4931
Никола јаде се во принцип, ама ако го прашаш што сака, ќе рече или ориз или макарони. Сега во последно време на списокот влезе и корнфлекс, ама мора да се чоколадни топчиња. И кашкавал, во секое време и со секое јадење. Ако е кенкав и нерасположен бара кашкавал да му дадеме, чудесии.
29.11.2013, 15:19
elenak
2004
Сеуште води палентата како најомилена, јас не можам да изедам толку колку што може таа. Сега моментален хит ни е банана, по неколку пати во ден, а за ручек не прибира, јаде се ама се приметува кога нешто повеќе и оди, како на пример спанаќ.
_____________________________
You don''t have to be perfect to be a perfect parent.
21.02.2014, 01:00
Defne90 RR
1991
На поголемото дефинитивно омилено јадење му се бисквитите со млеко и супата со рендано јајце во неа.Значи секој ден го имаме тоа на мени ако не се бисквити па ќе биде супа.Уште од многу мал тоа му е омилено јадење и кога и да не сака да јаде само тоа му го нудам.Се случувало и неколку дена по ред само тоа да биде на мени и за доручек и за ручек и за вечера.Помалото пак обожава да јаде палента со павлака и малку путер.Значи и да не е расположено за јадење палентата никогаш не ја одбива.И исто така обожава кисело млеко и јогурт.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
21.02.2014, 11:42
princessa
1056
Na malata omileni jadenja i se ribata i gravot. Sekoj den jade jogurt so kornfleks kako da ima ke se udavi od jogurt pienje . Obozava med i seke utro pred da odi na gradinka si kasnuva po edno malo laice
08.04.2014, 11:29
vanessa30
663
Пилешка крем чорба со надробено лепче, компир со мелено мевце- за ручек И секако најмногу сакаме МЕМЕ (млеко , обично бело, без додатоци, несквик и сл.), млеко и бисквити, и пудинзи и секако доматче со сиренце, и сиренје во голема количина само така без леб.
16.06.2014, 00:06
Defne90 RR
1991
Во последно време значи обавезно ми бараат да им правам јуфки и тоа домашни само, оние од продавница не ги сакаат.Абе не знаат колку јадат,а посебно малото.Поголемиот не до толку ама малото само спомни му јуфки и доаѓа со брзина на свтлината.Тогаш дури ни комјутер не бара да му пуштам за да јаде,дур да видиш летнала чинијата и тоа полна јас си се чудам каде ја собира толку.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
16.06.2014, 01:02
elenak
2004
Стално имаме по некој хит, моментално е риба. А имаме риба за ручек знам дека најадена ќе биде. Инаку секој ден ми бара и тарана за доручек, а навечер пица. Значи да е до неа, менито секој ден би изгледало така - тарана, риба, пица.
_____________________________
You don''t have to be perfect to be a perfect parent.
16.06.2014, 09:27
Felly RR
7977
РИбата и ние многу ја сакаме, ама дефинитивно оривче со копанче е најомилено. Исто и макарони/шпагети никако не ги трга од менито, за разлика од некои јадења кои и се здосадија, па веќе ретко ги имаме на мени.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
16.06.2014, 09:45
omorfo89
215
Ууу макароните , кифлите , сирење , крема со житарки ( се уште јадеме)
Ориз со копан и мусака со тиквички и шпагети болоњезе сака и ги јаде без мрштење. Пица наравно и супи/чорби. Потоа сака житарки на нестле, тие со мед, ние ги викаме кругчиња, бидејќи се во форма на кругови, и едни пченкарни во форма на бројчиња од Карфур. Тие ги јаде и со млеко и ги грицка без млеко преку ден. Сака мед, овесни со банана, чоколино и бисквити со млеко. Многу сака палачинки и лебче со мармалад со млеко Тоа. Друго некогаш нешто му се допадне, некогаш не. Е да, од време на време му купувам едни словенски виршли, со најголем процент месо во комбинација со црни маслинки. Сака да пие млеко обично и млеко со несквик, и сака кисело млеко. Е па, испадна свашта нешто сакал, само во градинка никако не му се погодува јадењето
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
11.10.2014, 19:58
Snowhite RR
5042
Јана мислам дека нема нешто што не јаде, најмногу сака млеко, јогурт, банани, јаболка, риба, пилешко, брокула, а ќе заборавев, цело лето се прејадоа двајцата со Михаил краставици и домати (имавме наши), мислам Михаил само краставици, тој не сака домати. Потоа сакаат и моркови многу, супа, грав, леќа. Михаил не обожава супа баш, а другово да. Не знам јадат скоро се, не можам баш да издвојам нешто најмногу што го сакаат
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
19.11.2014, 14:36
Mila mamicka
387
2 минути се мислам што да напишам дека му е омилено јадење на син ми, ама не можам да смислам затоа што јаде буквално се. И на моја голема радост, јаде претежно тоа што јас му нудам, и секогаш бара работи од тие што сакам да ги јаде, а не џанк фуд. Ако треба да издвојам, јогурт обожава и краставичка со ручекот обавезно.
_____________________________
Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.
19.11.2014, 14:55
Aleksx2Leon
82
ИЗВОРНА ПОРАКА: Defne90 Помалото пак обожава да јаде палента со павлака и малку путер.Значи и да не е расположено за јадење палентата никогаш не ја одбива.И исто така обожава кисело млеко и јогурт.
istiot slucaj e so sin mi,palenta,k.mlekce i jogurtce,ah i sirence nie sakame vo palentata i me zarazi i mene so palentata i koj sto pravi nie palenta jademe
19.11.2014, 15:04
caciana
863
Макарони, шпагети и сите други јадења кои што може да се комбинираат со кечап ( тоа е неговата пипа )
19.11.2014, 15:07
Mila mamicka
387
Не сакам некои мајки да се налутат на коментарот што ќе го дадам, ама зошто им давате макарони на децата за ручек? За мене макароните не се воопшто храна која е добра за јадење, и за возрасните, а не пак за децата. Сметам дека нема потреба уште од мали да јадат тестенини, како што се макарони, шпагети и сл.
_____________________________
Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.
19.11.2014, 19:38
Ki4iko
438
Mila mamicka моето синче обожува шпагети ,зашто тие се омилена храна на Peppa pig и George.Така и ми побара да јаде,кога беше заразен со цртаниот филм.Се разбира не дававме пречесто,не гледам ништо лошо во тоа да му дадеш на детето да јаде што сака.Тоа е сепак период.Еве во овој момент ,омилено јадење се јајца варени , син ми ги вика јајца пукани ,и ете периодично имаме омилени јадења
20.11.2014, 08:11
Mila mamicka
387
Не велам дека има нешто лошо во тоа да му дадеш на детето тоа што сака да јаде, зборот ми беше да не ги нудите децата со таква храна, тестенини, кои се и онака тешки за варење во желудникот за возрасните, а не пак за децата. Ама, кога детето ете видело од цртан филм, може да побара. Еве син ми, на пр. можеби затоа што кај нас многу ретко се готват макарони и шпагети за ручек, не изразил никаква желба да и проба, па затоа јас сама не му ги ни нудам.
_____________________________
Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.
20.11.2014, 08:27
Anuska14
53
Моето дете генерално има проблем со јадење-не е битно дали станува збор за здрава или нездрава храна(грицки, благо и сл) таа не сака да јаде. Сака домашна супа, шпагети, пржени лепчиња, ориз ама кога викам сака тоа значи дека со помалку труд од моја страна може да се најаде. Јас не памтам во нејзините 5 години да се израдувала на јадење што и да е па дури и чоколадо. Се надевам дека со второво ке имам повеќе среќа на таа тема.
20.11.2014, 09:12
vezilka RR
4931
Никола исто има периоди кога фафоеизира нешто и само тоа бара. Во последно време се навлече на манџите и бара манџа. И салата од лилаковата зелка. Леле луѓе ја јаде во толкави количини и со толкава сласт тоа чудо едно. Туку малово ми е интересно. Тоа до сега има пробано пет шест работи. Меѓу нив и тиква. Леле не знаете што праи кога му давам токва. Буквално рипа во релаксаторот и вика меѓу едно и друго лажиче од страв да не прекинам да му давам. Абе се тресе од среќа. Ептен е смешен.
_____________________________
НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!
20.11.2014, 10:23
Snowhite RR
5042
ИЗВОРНА ПОРАКА: Mila mamicka
Не сакам некои мајки да се налутат на коментарот што ќе го дадам, ама зошто им давате макарони на децата за ручек? За мене макароните не се воопшто храна која е добра за јадење, и за возрасните, а не пак за децата. Сметам дека нема потреба уште од мали да јадат тестенини, како што се макарони, шпагети и сл.
Па добро тестенините се наоѓаат на врвот на пирамидата на здрава исхрана, ама сепак мислам дека не е толку страшно, зашто сигурно оние мамички кои пишале дека е омилена храна не им даваат секој ден макарони или шпагети. Јас на пример, еднаш неделно готвам макарони, ама моите не ги обожаваат баш, а и во градинка имаат еднаш неделно макарони
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away