за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Се што се гужва го пеглам - будала жена- ама што да правам, така сум навикната...сонувам како во Канада или Америка кога ќе исперев нешто кај тетка ми, потоа во сушара, ги вадиш, ама нивните сушари, све како пеглано ти вади, пеглаат само кошули...ееех за таква сушара сонувам, спас за домаќинките
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
24.12.2013, 21:08
Defne90 RR
1991
Горната облека ја пеглам.Не се замарам со пеглање на долната облека.Крпи такви работи не пеглам.Постелините и чаршавите ги пеглам и така.Со еден збор се што има потреба да се пегла се пеглам.
22.05.2014, 14:08
Mila mamicka
387
Пеглам се, со исклучок на долен веш, чорапи и пешкири. Пеглањето мене ми е една од омилените домашни работи, си пуштам некое филмче, и си гледам и си пеглам. Не пеглам по потреба, туку од цела недела што ми се собираат алиштата, ги пеглам наеднаш во недела.
_____________________________
Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.
22.05.2014, 14:38
Defne90 RR
1991
ИЗВОРНА ПОРАКА: Mila mamicka
Пеглам се, со исклучок на долен веш, чорапи и пешкири. Пеглањето мене ми е една од омилените домашни работи, си пуштам некое филмче, и си гледам и си пеглам. Не пеглам по потреба, туку од цела недела што ми се собираат алиштата, ги пеглам наеднаш во недела.
Аа јас така не можам да испеглам цела машина па целата ќе се саклетисам.Пеглањето мене ми е најздодевната работа.И секогаш пеглам по потреба.Не можам така.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
22.05.2014, 15:09
elenak
2004
Исто Дефне, ако нешто мраззам да работам дома тоа е да пеглам. Не од цела недела, од цел месец ми се собираат алишта. Си запеглувам по потреба и се намалуваат постепено. Кога ќе видам намален купот си викам ај уште нешто да соберам па ќе испеглам се наеднаш, и се така. А и задолжително селектирам, ова се пегла ова не, веш и крпи нема шанса да пеглам. Единствено на малата гледам да е се испеглано.
_____________________________
You don''t have to be perfect to be a perfect parent.
30.05.2014, 21:28
Dilina
533
Еден ден слободен и тој на пеглање да го посветам? а кај се другите обврски?
Туку сепак имам приметено дека гардеробата, пешкирите и се останато, кога се пегла е позачувано, и како ново, дефинитивно си има зошто некој си пеглаат се, ама кога нема време тоа е... да си седев дома дефинитивно ќе пеглав од прво до последно...
31.05.2014, 23:44
deluxe
2479
Единствено нешто што пеглам се гаќите Нормално од хигиенски причини,ги стерилизирам Инаку ги собирам алиштата од жица и убаво ги диплам и правец в плакар.Пеглам по потреба ,пред да го облекувам(пр.блузата ако е истуткана ,ќе ја запеглам и готово)А инаку цел ден не посветувам на пеглање.На децата до 1 годинка им ги пеглав буквално сите алишта,сега и нив само боденца,маици,гаќи Нема шанси да издржам цел ден обесена на пеглата и да пеглам алишта од четворица возрасни луѓе и две деца
< Поракaта ја уредил deluxe RR -- 31.5.2014 23:49:40 >
_____________________________
„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “
20.11.2014, 19:09
scared RR
1349
Долната облека обавезно ја пеглам . И нормално некоја кошула , блуза моја или на мм која е километар се гледа дека е ептен згужвана, со останатото не се замарам
20.11.2014, 19:15
caciana
863
Мразам да пеглам Пеглам се што МОРА да се пегла
20.11.2014, 19:16
gina
1152
najmnogu sto mrazam e da peglam smrt mi e cekam da mi se soberat i koga ce pocnam 2-3 sati peglam a nekogas i po potreba koga treba da izlezam i nabrzinski ce ispeglam parano peglav i ves i postelnini a sega ne koga ce gi soberam ubavo ce si zdiplam a drugi se peglam sega nekoi raboti sto ne se tutkaat ne
< Поракaта ја уредил gina -- 20.11.2014 19:25:32 >