ИЗВОРНА ПОРАКА: EciPeci
За оние кои неможат да си дозволат да се пораѓаат во приватна болница:
Јас се породив во ГАК, тимот е одличен, три смени сестри се сменија кога се пораѓав и сите три беа ок, само докторот беше дежурен и беше истиот цело време. Сите родилки беа исто третирани
Што?
Сериозно?
сериозни сте?
три дена и повеќе раѓав - спазмекс ми ставија им беше мрза да ме гледаат пред очи кога стигнав со пукнат водењак
понеделник во 6 и пол сабајле ми пукна водењакот Симона ми се роди во четврток 6 и 40 попладне
мислите никој од форумов не бил таму и никој не го искусил еднаквиот однос?
а таа госпоѓата што ги учеше прворотките да дојат мене ме заборави ме викна по три дена, знаете колку се три дена за доењето?
и ни се обрати онака на цела група рече нема да фатите маститис во добри раце сте
да не ми се јавеше другарка ми да ми каже што да правам ништо од нив таму
сестрата што ја замолив да ми помогне ми рече ти си му мајка ако не знаеш ти јас ич - баш со овие зборови и ми лупна врата до другата страна на ходникот се слушна
не ја сончаа имаше 620 билирубин - доктори не ми веруваат дека преживеала додека не им покажам документ, докторите во Чаир на второ кога бев, немаа коментар осем дека нивните колеги сигурно сториле се што можеле - во превод ги гледале сите актуелни серии со ред додека ми се топело детето - а оние на детско кај што не спасија беа запрепастени здраво дете со апгар 9 до 620 билирубин? Еднаков однос?
Ме праќаа во некоја специјална аптека да купиме некој сируп од 150 евра кој подоцна мм го најде за 150 денари преку пријатели - се испостави дека не и требал воопшто
ГАК треба да и се стави еден убав катинар и сите тие незнајковци таму да си одат да си пржат плескавици по сендвичари - ако ги бива за толку ако не иструјат некого неспособни бесчувствителни немам зборови имам ама полни се со бес и лутина исто како пред 3 години