I jas se poragjav vo Sistina, i so eden zbor prezadovolna sum.
Министерството за здравство им изрекува дополнителна парична казна во висина од 15 проценти од личниот доход, во следните два, односно три месеца за директорите на Јавни здравствени установи(ЈЗУ), кај кои биле констатирани недостатоци во работењето и кои претходно се казнети од ФЗОМ. Директорите на овие ЈЗУ ќе добијат и условна казна во времетраење од два, односно три месеци, период во кој ќе се изврши повторна контрола од службите на МЗ и ФЗОМ за да се увиди дали установите ги отстраниле претходно констатираните недостатоци, се вели во соопштението од Министерството за здравство. Здравствените установи коишто од страна на ФЗОМ се казнети со 75.000 денари, МЗ ги казнува директорите со 15 процентно намалување на плата во следните три месеци, како и со дополнителни два месеца условна казна, додека установите кои се казнети со по 35.000 денари, од МЗ добиваат дополнителна казна од 15 процентно намалување на личниот доход за еден месец, како и два месеца условна казна. За повреда на договорни одредби, односно за наплата на партиципација, спротивно на законските прописи, неводење правилна и уредна евиденција за наплатената партиципација или за неиздавање потврда за наплатено учество, договорна казна од ФЗОМ, во висина од 75 илјади денари е изречена на Здравствена станица „Железара", Клиника за Гастроентерохепатологија, Општа болница Дебар, Клиничка Болница Тетово, Завод за Нефрологија Струга, Клиника за Нефрологија, Општа Болница Куманово, Клиничка Болница Штип, Општа Болница Струмица, Општа Болница Гевгелија и Здравствен Дом Кочани. Договорна казна од ФЗОМ во висина од 35.000 денари им е изречена на Клиника за урологија, Клиника за гинекологија и акушерство, како и на Клиника за уво нос и грло.
Ima li nekoja zenicka sto se porodila sega najtaze vo GAK da pise dali sega od kako e ovoj minister pustaat da se vnese hrana ili sok vo bolnica????Mene najiskreno mi e mnogu jezivo i grozno da ja jadam bolnickata hrana i neznam ako ne dozvoluvaat kako ke izdrzam tie denovi bez da kasnam nisto....I so prvoto bebe ne jadev nisto ,mm mi nosese jadenje..Togas i od depresija ne jadev a koga ke mi donesea nekoe takvo bolnicko jadenje - uste tolku mi se gadese...Ne sum svilena ama nekako mi e mnogu jezivo..Mu kazuvam na mm sega deka mislam deka ne smee da se vnesuva hrana a toj mi vika : ne se sekiraj ti- ke vneseme..Aj pisete za sigurno
Инфекција стави клуч на операционите сали на скопска гинекологија Скандалозно. Клуч на операционите сали на клиниката за гинекологија и акушерство. За итни случаи за породувања и царски рез работат само две сали на долниот кат на клиниката. Оперативниот блок е целосно затворен. Информациите на Канал 5 ги потврдува директорот Саша Јовчевски.
Причината е пациентка со сериозна инфекција која вчера била оперирана и извадени се 4 килoграми гној.
Нејзината мајка за Канал 5 раскажува дека ќерка и пред еден месец била испратена од Велес во Скопје поради силни болки. Во Скопје била пратена на Клиниката за нефрологија бидејќи постоеле сомневања дека се работи за камен во бубрег. По десет дена од Клиниката за нефрологија жената со болки била пуштена дома каде издржала три дена, а потоа е примена на гинекологија во Скопје - раскажува мајката на жената која деновиве во седми месец го родила детето кое е згрижено на Клиниката за гинекологија. Семејството на болната жена не знае за каква инфекција се работи. Знаат дека таа е на интензивниот оддел на клиниката.
Дали инфекцијата од пациентката е проширена во целата клиника, денеска центарот за јавно здравје изврши дезинфекција во сите операциони сали. Утре ќе бидат земени брисеви од работни површини, од амбулантите, од операционите сали, од целата клиника..., потврдуваат епидемиолозите од центарот.
Салите ќе бидат под клуч се додека не пристигнат резултатите од брисевите, најрано в понеделник. Болната со инфекција сега е во добра здравствена состојба, хоспитализирана на клиниката.
Стравот кај останатите пациентки е очигледен. Јовчевски уверува дека нема да дозволи инфекцијата да биде проширена.
Во видеото погледнете го разговорот на Мирјана Поповска со мајката на болната жена која вчера била оперирана.
27.10.2011, 15:02
ИЗВОР - КАНАЛ 5 ТВ
Салите на гинекологија се отворени - комисијата доби 10 дена рок да бара има ли лекарска грешка во тешкиот случај на родилката За 10 дена треба да се обелодени дали има лекарски пропуст во лекувањето на родилката. На вчерашната владина седница Тодоров реферирал за случајот,убеден дека ниту еден од лекарите нема да биде заштитен најавува најстроги санкции од раководството до сите инволвирани на скопска гинекологија .
Скопска гинекологија ги отвори салите.Последните испитувања за присуство на бактерија биле негативни. Случајот со инфицираната родилка,поради која беа затворени дел од гинеколошките сали, ќе го испитува комисија. За ова, се расправало и на вчерашната владина седница на која било договорено најдоцна во рок од десет дена да се испита дали лекарска грешка стои зад тешката состојба на пациентката која со тешка инфекција беше предвреме породена.
За 10 дена треба да се обелодени дали има лекарски пропуст во лекувањето на родилката. На вчерашната владина седница Тодоров реферирал за случајот,убеден дека ниту еден од лекарите нема да биде заштитен најавува најстроги санкции од раководството до сите инволвирани на скопска гинекологија .
Случајот се отплеткува – Канал 5 дознава дека жената 10 дена била хоспитализирана на гинекологија а 11от ден докторите се сетиле да и направат компјутерска томографија. Во седми месец од бременоста ,озрачена и мајката и бебето. После 10 дена гинеколозите ја оперираат шокирани што се случувало во стомакот на родилката - беа извадени 4 килограми гној.
Директорот Јовчевски ги затвори салите уплашен дека се работи за сериозна инфекција која може да се прошири низ цела гинекологија. Се дезинфицираше клиниката, брисевите денеска се готови ,оперциониот блок ќе биде отворен зашто инфекцијата не е проширена. Што покажале брисевите од родилката не се открива. Зошто 21 ден на младата мајка и нејзиното бебе им се ризикуваше здравјето - Јовчевски денеска со истиот одговор како пред два дена, ќе утврди комисијата.
Тодоров не го загрижува затворањето на оперативниот блок,вели правилно е постапено, туку долгиот период на шетањето на мајката и загрозеното здравје на бебето. Никој нема да побегне од одговорност - дециден е министерот. Историјата на лекувањето на 26 годишната родилка е во рацете на комисијата ,нејзиниот макотрпен пат почнува од велешката болница па на скопска гинекологија ,па нефрологија па повторно 21 ден гинекологија.
Јовчевски тврди дека родилката сега е во добра здравствена состојба но дознаваме дека за време на операцијата од жената е само изваден гнојот - таа не е оперирана. Семејството стравува дека здравјето на жената повторно ќе биде на конец поради лекарска негрижа.
Мирјана Поповска- KANAL 5