ИЗВОРНА ПОРАКА: miana
NO da se zaglavam za tri dena da se osekam kako princeza NE FALA.
Значи пак не ми е сфатена поентата на муабетот. Значи не се заглавив за јас да се осеќам како принцеза туку моето
. На државна колешката моја (чија што мајка работи на клиника, значи со дебели врски беше таму, да не речам кабли нели) ја отпуштија со дете кое има жолтица со високи билирубини. Тука завршува за мене тој муабет околу негата.
Втора работа околу штедењето. И тогаш динарот бил сигурен па ете што се случило. Сега како што гледам околу пребивањата во евро зоната, ни еврото не ми е баш сигурно.
И трета работа. Матичните клетки. Пред да се дадат 2000 евра за тоа, малку повеќе да си истражите и проучите бидејќи не е се така црно бело. Најпрво кај нас не е регулиран законот за трансплатација, а потоа да зборуваме за се друго. Имам родинина во Грција живее која што ми кажа дека таму ретко кој ги чува матичните клетки во ПРИВАТНА банка, скоро сите ги донираат во државни банки.
Може да просурфате и по други форуми, каде баш една мајка која што има сочувано матични клеки пишува како сега не и вршат работа.
Извините многу отидов во офф, ама морав да се објаснам.