cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Во која болница се породивте?

clock-img

11.02.2010, 11:22

clock-img

una***

pencil-img

11

ej devojki kako ste..jas brojam sitno 36ta nedela sum i resiv da se porodam vo Remedika,pa ako nekoja taze e porodena tamu da mi kaze sto i trebashe za vo bolnica?dali nosevte vasa garderoba za bebeto,peleni i slicno..spavakji...
i kako ste zadovolni od tretmanot.Jas na pregeldi odam kaj dr.Jovanovski i vo plan e toj da me porodi.Fala za odgovorite odnapreduser posted image

clock-img

11.02.2010, 11:24

clock-img

pacuvce

pencil-img

1289

Драга уна не ти треба ништо освен прибор за лична хигиена:четка и паста за заби,сапун и чешел...Се друго добиваш таму...Одлични услови...Ти посакувам среќа...Мене ме водеше др.Петрова (прекрасна жена-доктор),а ме породи др.Шопова...Со среќа...

_____________________________

Love is in the air

clock-img

11.02.2010, 13:43

clock-img

jovanka

pencil-img

1745

Na 7mi april konecno ke ja otvorat novata zgrada vo drzavna ,se nadevam ako nesto se smeni na podobro toa ke bide higienata.Ne mi se veruva zatoa sto zgradata veke desetina godini stoi prazna ajde da vidime.

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

clock-img

11.02.2010, 13:45

clock-img

Annabel

pencil-img

425

Девојки кои што планирате да се пораѓате на ГАК, само да ве информирам дека некаде во април - мај треба да се отвори новата клиника (зелениот објект до ГАК). Условите ќе бидат подобри - апартмански, а и ново си е ново...На ГАК епидурална анестезија не се плаќа....значи само врска, или самоиницијативен подобар однос на персоналот кон пациентките и ќе си поминете супер за без пари...

clock-img

11.02.2010, 14:02

clock-img

pacuvce

pencil-img

1289

ИЗВОРНА ПОРАКА: Annabel

значи само врска, или самоиницијативен подобар однос на персоналот кон пациентките

За ова само можам да ја цитирам една моја пријателка која работеше во ГАК,па се префрли во Ре-медика...
„Кога почнав да работам,сакав да им помогнам на сите нови мајки...Да станат,да го подојат своето дете,да се сеќаваат на тој чин како на нешто многу убаво...Меѓутоа,веднаш од страна на постарите колешки ми беше сугерирано да не ги учам толку многу на добро,затоа што тие и онака биле тука само два-три дена,а кога јас не сум била на смена после им ја ваделе душата и морале да се караат со пациентките кои велеле дека сестрата од другата смена им помагала,а тие не...„
Толку од самоиницијативниот подобар однос на персоналот кон пациентите...Знаете ли колку сестри од ГАК и Чаир имаат одбиено да работат во приватните клиники токму поради овој факт...Такво легачење нигде нема...Мислам на ГАК и Државна...

< Поракaта ја уредил pacuvce -- 11.2.2010 14:14:23 >

_____________________________

Love is in the air

clock-img

11.02.2010, 14:06

clock-img

profesorica

pencil-img

5709

ИЗВОРНА ПОРАКА: Annabel

Девојки кои што планирате да се пораѓате на ГАК, само да ве информирам дека некаде во април - мај треба да се отвори новата клиника (зелениот објект до ГАК). Условите ќе бидат подобри - апартмански, а и ново си е ново...На ГАК епидурална анестезија не се плаќа....значи само врска, или самоиницијативен подобар однос на персоналот кон пациентките и ќе си поминете супер за без пари...

јас и онака не платив ништо за епидуралот

user posted image user posted image user posted image

само со плав картон, во државна

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

clock-img

11.02.2010, 14:07

clock-img

zami

pencil-img

574

ИЗВОРНА ПОРАКА: pacuvce

...Такво легачење нигде нема...

A da se legacea po doma mozda podobro ke im bide, sigurna sum deka ima dovolno sestri pod Zavod, sto so zadovolstvo bi gi smenile.

clock-img

11.02.2010, 14:08

clock-img

mother 29

pencil-img

4405

Легачење.......мислиш за по приватните клиникиuser posted image
јас кога бев ,цело време сестрите трчеа ваму-таму...немаа време да седнат кутрите ,а не да легачат.........дури и ги жалев............на секое биб од секој кревет се нацртуваа за  1 мин......а можете да замислите колку пати имаше биб од наша страна,неискусни мајки во денот.

clock-img

11.02.2010, 14:11

clock-img

zami

pencil-img

574

ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29

I aj sto gi vikavme, tuku jas vo eden navrat ne gi viknav (1.30 po polnok), i uste i me iskaraa, zosto ne sum gi viknala, taa sirotata mi vika pa nie ne spieme, tamu si sedime, slobodno ti zazvoni.user posted image

Sto vika snaa mi, ,,koga ke soberam pari za vo Sistina togas ke planiram vtoro,,.

clock-img

11.02.2010, 14:13

Не,секако...Мислев за државните...За приватните немам зборови...Па јас се породив во Ре-медика и сестрите се прекрасни...Не само што се тука кога ќе им зазвониш,туку се секогаш насмеани,позитивни,пријатни...Поздрав до сите нив...Ова породување за мене беше како да сум била некаде на одмор...За разлика од првото...

_____________________________

Love is in the air

clock-img

11.02.2010, 14:14

clock-img

ripce

pencil-img

2148

ИЗВОРНА ПОРАКА: zami

ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29

Легачење.......мислиш за по приватните клиникиuser posted image
јас кога бев ,цело време сестрите трчеа ваму-таму...немаа време да седнат кутрите ,а не да легачат.........дури и ги жалев............на секое биб од секој кревет се нацртуваа за  1 мин......а можете да замислите колку пати имаше биб од наша страна,неискусни мајки во денот.

I aj sto gi vikavme, tuku jas vo eden navrat ne gi viknav (1.30 po polnok), i uste i me iskaraa, zosto ne sum gi viknala, taa sirotata mi vika pa nie ne spieme, tamu si sedime, slobodno ti zazvoni.user posted image

Sto vika snaa mi, ,,koga ke soberam pari za vo Sistina togas ke planiram vtoro,,.

Јас се породив во државна болница кај нас во Штип, па сум презадоволна, можеби не толку од условите во болницата, не се којзнае што ама елементарни услови има, ама од односот на вработените сум задоволна...

_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

clock-img

11.02.2010, 14:18

clock-img

mamasane

pencil-img

140

уна, јас не се породив во ремедика меѓутоа во тек на бременоста поради проблемите што ги имав неколку пати лежев таму така да сигурно ми се собра еден месец и повеќе престој и затоа можам да ти кажам дека условите се прекрасни како и докторите. А, Пацувче прочитав дека те породила др.Шопова за која имам само најубави зборови и како доктор и како човек. Оваа докторка за мене беше лексилиум, штом ќе ја видев знаев дека сум во сигурни раце и дека ќе направи се што е можно да ми помогне. Најмногу помош и поддршка добив од неа и затоа ја има мојата најголема благодарност

clock-img

11.02.2010, 14:19

clock-img

Annabel

pencil-img

425

ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

ИЗВОРНА ПОРАКА: Annabel

Девојки кои што планирате да се пораѓате на ГАК, само да ве информирам дека некаде во април - мај треба да се отвори новата клиника (зелениот објект до ГАК). Условите ќе бидат подобри - апартмански, а и ново си е ново...На ГАК епидурална анестезија не се плаќа....значи само врска, или самоиницијативен подобар однос на персоналот кон пациентките и ќе си поминете супер за без пари...

јас и онака не платив ништо за епидуралот

user posted image user posted image user posted image

само со плав картон, во државна

Кој ти го ставаше епидуралот? И јас така ќе се пораѓам на ГАК...Дали после тоа бабиците соработуваат со тебе за напоните?

clock-img

11.02.2010, 14:21

clock-img

pacuvce

pencil-img

1289

ИЗВОРНА ПОРАКА: mamasane

А, Пацувче прочитав дека те породила др.Шопова за која имам само најубави зборови и како доктор и како човек.

Јас кога се породив,беше недела вечер и таа докторка беше дежурна...Искрено немам искуство со неа,ама затоа Др.Петрова е одлична докторка,пријатна личност,широка душа...

_____________________________

Love is in the air

clock-img

11.02.2010, 14:21

clock-img

ripce

pencil-img

2148

Отворено ќе кажам... сум против царски (нормално освен ако навистина се мора на царски), против сето она што е контра на природно породувањето... значи не сум против трудниците што ќе решат да одат на царски, само оти и било страв од породувањето, ама јас не би се одлучила за царски ако нема причина за тоа... Зборот ми беше, дека и јас сакам/сакав да се породам во приватна, ама како да одам во приватна кога сум од Штипuser posted image Значи ќе морам да седам кај некој во Скопје и да чекам да ме фатат болките, а од кај да знам кога ќе биде тоаuser posted image Или од тука да тргнам за Скопје не дај боже ќе се породам во кола user posted image user posted image user posted image

_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

clock-img

11.02.2010, 14:25

clock-img

Annabel

pencil-img

425

ИЗВОРНА ПОРАКА: pacuvce

Такво легачење нигде нема...Мислам на ГАК и Државна...

Да pacuvce, јас затоа споменав дека и врски кој има убаво ќе си помине. Јас бев во апартман, дали за тоа им беше подобар односот кон мене или пак заради врската, не знам...ама навистина бев третирана како човек....сестрите беа многу млади, со ентузијазам....а имаше и една постара која што ме учеше како да дојам....Постојано чистеа и сестри влегуваа на секои 15 минути во апартманот...

Поплака имам само за спавачите и постелнината, ги переа постојано, ама бидејќи се стари беа исфлекани. Е сега, прво што си спремив за во торбицата се јастучница и спавача, знам дека не оставаат ама нека викаат колку сакаат...

clock-img

11.02.2010, 14:28

clock-img

caci20

pencil-img

1049

Јас ја знам Шопова од Чаи, првата бременост ми ја водеше и тоа со врски. Кога требаше да ми каже дека плодот е мртов, во 12 недела, беше толку ладна како тоа да не е ништо. Вика - Па веќе немаш ништо, тоа умрело, ај да те исчистиме, ако сакаш може и одма ако не ќе прокрвариш на улица или на работа.
Јас станав и си отидов. Киретажа правев во Ремедика кај Стојковски, кој и ме породи со второт. Сите доктори се супер во Ремедика. А Петрова супер е и Ефремовски и Хаџи Лека ...

_____________________________

Zivej kako sto mozes koga veke ne mozes kako sto sakas... vazno zivej...

clock-img

11.02.2010, 14:30

clock-img

jovanka

pencil-img

1745

Ako nemas vrski nisto ne pravis a vaka site ke trcaat po tebe zavisi preku koja vrska si.

_____________________________

Zivotot e podarok a podarocite se za da se raduvame.

clock-img

11.02.2010, 14:37

clock-img

profesorica

pencil-img

5709

ИЗВОРНА ПОРАКА: Annabel

ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

ИЗВОРНА ПОРАКА: Annabel

Девојки кои што планирате да се пораѓате на ГАК, само да ве информирам дека некаде во април - мај треба да се отвори новата клиника (зелениот објект до ГАК). Условите ќе бидат подобри - апартмански, а и ново си е ново...На ГАК епидурална анестезија не се плаќа....значи само врска, или самоиницијативен подобар однос на персоналот кон пациентките и ќе си поминете супер за без пари...

јас и онака не платив ништо за епидуралот

user posted image user posted image user posted image

само со плав картон, во државна

Кој ти го ставаше епидуралот? И јас така ќе се пораѓам на ГАК...Дали после тоа бабиците соработуваат со тебе за напоните?

Епудуралот ми го стави Д-р Крстевска, таа ми беше воедно и врска, ја прашав ми објасни како ќе функционира и ми ја ставија.да многу соработуваа се собраа сите околу мене и помагаа.прво не ми одеше ама ми кажаа како да напнам и супер излезе се!!!

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

clock-img

11.02.2010, 14:39

clock-img

mamasane

pencil-img

140

цаци баш ми е жал што имаш такво искуство со неа. јас апсолутно никаква врска немав со ниеден доктор туку кога за малку ќе добиев спонтан таа беше дежурна и толку многу се заангажира на секои 5 минути доаѓаше да ме види а и после тоа ми помогна со се што можеше и со лекување и со совети. ама секој си има свое искуство и свое мислење

clock-img

11.02.2010, 14:42

clock-img

caci20

pencil-img

1049

Така е, секоја планина со своја тежина

_____________________________

Zivej kako sto mozes koga veke ne mozes kako sto sakas... vazno zivej...

clock-img

11.02.2010, 14:50

clock-img

Leonida

pencil-img

411

Iv14 јас се породив во Чаир и тоа со царски рез. Последниот месец одев таму кај Др. Димитар Георгиев и тој ме породи. За него имам да кажам најубави зборови, затоа што беше многу внимателен, коректен, културен и се убаво ми објаснуваше.user posted image user posted image user posted image Мислам дека со него нема утка. Откако се породив секогаш кога беше на смена обавезно доаѓаше да ме посети и да види како сум. Значи не ме остави после како што знаат да си прават туку до крај си се грижеше за своите пациенти.
Гледам дека тука имаме и сестра од Чаир и сакам да и кажам дека навистиа има погруби (така да ги наречам) сестри, но има и супер сестриuser posted image . Јас лично сум презадоволна од сестра Сузе од детското одделение која многу ми помогна во деновите кога бебето ми беше приклучено на инфузија заради покачено ЦРП. Да не беше таа сестра за да ме утеши мислам дека ке полудев. Би сакала многу да ја поздравиш од Ева што се породи пред нова годинаuser posted image

clock-img

11.02.2010, 15:02

clock-img

mother 29

pencil-img

4405

ИЗВОРНА ПОРАКА: ripce

ама како да одам во приватна кога сум од Штипuser posted image Значи ќе морам да седам кај некој во Скопје и да чекам да ме фатат болките, а од кај да знам кога ќе биде тоаuser posted image Или од тука да тргнам за Скопје не дај боже ќе се породам во кола user posted image user posted image user posted image

истото го мислев и јас ,дека сум од Кочани,му велев на др.лел докторе јас како ке стасам,тој ке се насмевнше и ми викаше ке стасаш и  за муабет ке има време  и за сите испитувања.....ама пак се плашев....
и сега...... јас кога отидов во неделата бев 2 прсти отворена,во среда се породив..........со царскиuser posted image и те како стасавuser posted image user posted image user posted image

clock-img

11.02.2010, 15:04

Кате ме интересира ти имаше договорено за царски, или така испадна?

< Поракaта ја уредил ripce -- 11.2.2010 15:05:36 >

_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

clock-img

11.02.2010, 15:09

clock-img

mother 29

pencil-img

4405

не ,не ........си сакав јас природно со епидурал...арно ама Марко се исплашил од нагоните,и место да се симнува надолу ,ми се пикна под ребра.и така др.П.Димчев(сеуште беше ремедика,сега е систина) не сакаше да се ризикува и  ме направи царски со спинална...си бев свесна јас цела време кога ми го ставија Марко на градиuser posted image user posted image user posted image

Последни статии

article-img