за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Јас двапати се пораѓав во Систина ( и ), и за среќа и двата пати имав многу убаво искуство. Еднаш чекав повеќе од што треба за ЦТГ (ми влегоа преку ред неколку трудници) и се изнервирав, но кога ја увидоа грешката се потрудија да ми угодат што повеќе, плус си добив бесплатен ехо и гинеколошки преглед . Сега кога ќе се преселат на новото место веројатно болницата ќе биде уште поубава, бидејќи педијатрискиот дел е ... па не е ко за во Систина.
12.02.2010, 12:07
betibup
1
Дали некој што се породил во Чаир бил во апартманите и ако може да ми каже како е таму. Исто така ме интересира дали некој знае колкав дел од средствата ќе рефундира фондот при пороѓај во приватна болница. Поздрав.
12.02.2010, 16:13
una***
11
Fala za odgovorite,srcki ste Inaku izborot za Remedika tesko padna..drzavnive odma gi iskluciv,ne deka imam pari za frlanje,ama si razmisluvav deka ako nesto vo zivotov mi vredi zrtva,da se otkazam od drugi zadovolstva i ako treba i da pozajmam e tokmu ovoj moment.Vo drzavnite kliniki treba da brkam vrski i da imam mnooogu srekja,a nekako ne mi se rizikuva ama ic koga mi e bebusot vo prasanje.. Bremenosta mi ja vodeshe Dr.Davceva i sum prezadovolna.Skrinizite gi pravev kaj Dr.Dimcev vo Sistina,i za nego nemam zborovi,ama dodeka sedev vo cekalnata vo sistina sfativ deka e panagjur,imase nevidena guzva i mnooogu pacienki od Kosovo..a ako nesto ne podnesuvam toa se guzvi,i nekako prostorot im e pretesen za da primat tolku pacienti.Vo 7mi mesec prvap otidov vo Remedika i se vooduseviv,setstrite nasmeani,gostoprimlivi,pozitivni..Doktorot temelen vo pregledot,nigde ne se brza i najvazno od se slusha sto zboruvam i taka odlucivme ednoglasno so mm-Remedika!Kako kje si pominam kje vi pisam sekako
12.02.2010, 19:15
Весна
771
Бетибуп, јас пред неполни два месеци се породив во Чаир, но не отидов во апартман и не дека нешто сум погрешила. Разликата е тоа што во собичето (тесно, претесно) се има телевизор, а тоалетот е малтене истиот како и заедничкиот - одвратен. Па за да плаќаш дополнително само за телевизорот, за кој сигурна сум дека поглед нема да фрлиш - постојано ќе ѕвериш во бебето :) не знам колку вреди. Вака може и ќе ти се погоди добра постава од пациентки па ќе има со кој муабет да свртиш, па и да ти подаде некој нешто. Вака би била изолирана. Барем јас таков впечаток добив кога мислејќи дека тоа е собата на сестрите ѕирнав каков бил тој фамозен „апартман“. Ајде со лесно да си поминеш!
12.02.2010, 19:53
BILE.F
670
Не сакам никого да навредам, но јас лично мислам дека Ремедика е една голема реклама. Најбитно е здравјето на бебето! Не е толку битно тоа што ти ќе јадеш храна од кујната на Александар Палас или сл. работи.... Имам околу мене пријателки и роднини што се породиле таму и поминале прекрасно, но имам случај што ми го смени мислењето 100%.Пријателка се породи со малото и настанаа некои компликации и директно го префрлија во државна и тоа во 13ч, со пик-ап, без клима и боца за воздух, и веднаш се јавија кај нејзините да платат хххх евра, а не знаеа како е бебето. Фала му на бога во државна го повратија и сега си е здраво и право, а од Ремедика не се јавија да прашат како е. Јас имам слушнато како на Бебе-Магазин д-р од Ремедика кажува дека ние одговараме за здрави мајки и здрави деца! Уште еднаш сакам да кажам дека не сакам да навредам никој, тоа е само мое мислење. Јас планирам да се породувам во Државна, без разлика на финансиите. Сите што се во Приватните болници се излезени од Државна! Јас како и да е ќе издржам два-три дена, само бебчето да биде ок! На сите идни мајки ви посакувам да се породувате каде што сакате и сите да си родиме здрави и слатки и прекрасни душички!
_____________________________
Пред да скокнеш, кажи оп!
12.02.2010, 21:20
topce
523
да точно е дека се случуваат несакани нешта и во приватните и во државните болници. јас имам пример кога мајка која појма немала дека носи минингитис се пораѓа во ремедика и бебето нормално се раѓа во критична состојба. не навлегувам во тоа кој ја испуштил и како меѓутоа и они беа под итно префрлени во државна зашто ремедика немаше тогаш капацитет, немаше ни 1 год како ја отворија. е сега да ви кажам за државна болница. и тоа како е битно здравјето на мајката колку и на бебето. значи во последниве 2 години знам 10 жени што се породија во државна кај сите ама без исклучок беше дојдена работата до умирачка зашто при царски рес заборавиле газа, при природен не ја извадиле цела марамица, и немој да слушнам дека било случајно, зашто жениве еве децава се по 1 година мака мачат не можат од болници да куртулат.значи вакви рутински работи приватна болница не смее да си дозволи зашто ќе ги тужиш.3 од бебињата излегоа со бактерија од пелените.Значи моја препорака е ако имаш познат кој ќе те пораѓа во државна оди тој да те пораѓа.Јас се пораѓав во систина и ич не ми е жал за парите, знам дека и јас и дете излеговме здрави од таму и многу е битно да му веруваш на тој што те пораѓа.Пак ќе речам ова е мое мислење.
12.02.2010, 21:27
BILE.F
670
Тотално си во право topce! Јас сум изреволтирана од тоа што и се случи на мојата пријателка!Секаде има секакви случки! А барем сега сите знаеме, за се нешто ти треба познат човек! А само посакувам со лесно да поминеме, јас и сите идни мамички!
_____________________________
Пред да скокнеш, кажи оп!
12.02.2010, 21:34
jana3
9
jas se porodiv vo Cair i Vi posakuvam na site da imate takov porogaj kako mene.Imeno, mojot ginekolog koj ja vodese mojata bremenost od prviot den, voedno i moj semeen prijatel Dr.Makuli Hadzi Lega, vo momentov koga se poragav, ne mozev da go dobijam nitu na mob, nitu na domasen, nitu pak kaj soprugata....znaci, vlegov vo bolnica, voobrazena deka mene ke me poraga isklucivo samo toj i nikoj drug, a dezurnata lekarka Dr. Abdula koja togas prv pat ja vidov mi kaza deka mojot Dr nema da dojde zasto imal smrten slucaj vo Krusevo.Me porodi ona i ako vi kazam deka za cel porogaj me drzese za raka, me opustase i ubeduvase deka se ke bide vo red, neznam dali ke mi poveruvate, zasto retko koj mi veruva...no, toa e vistinata...ona bese tolku profesionalna, tolku humana...
12.02.2010, 21:34
pacuvce
1289
ИЗВОРНА ПОРАКА: BILE.F
Не е толку битно тоа што ти ќе јадеш храна од кујната на Александар Палас или сл. работи....
Најмалку битно...Јас не ни јадев...Зар на некого во тие моменти му е до јадење или му е битно од каде е храната...Единственото нешто што ми беше битно беше хигиената и односот на лекарите и сестрите...Сум родила две...Едно во ГАК без ниту една врска и никој не ме погледна,а ме испуштија после 36 часа,прворотка без никакво искуство...Родив и во Ре-медика,ме држеа четири дена,максимална грижа,внимание, хигиена на ниво...И НЕ ЖАЛАМ... Можеме до утре сабајле да зборуваме што е подобро,ама не рекле за џабе:Секое задоволство се плаќа...А дека нешто лошо може да се случи,никогаш не го исклучувам...Понекогаш и докторите не се семоќни...
_____________________________
Love is in the air
12.02.2010, 21:55
Anushka
1392
синчињата две ги родив во Чаир. Ќерката во Систина. Сите три излегоа од мене, сите три се хранеа од мене, со сите три си поминав супер. Не дека беше стварно супер, туку дека јас така се чувствував: бев многу позитивна, спремна на се`, само да си ги родам децата здрави-прави. Важен е нашиот позитивен став, се` друго е мебел, храна, едно виски повеќе или помалку за докторот...
12.02.2010, 22:47
una***
11
Kakva hrana,kakvi televizori i slicno...nisto od toa nema nikakva vrska so mojot izbor. Sakam covecki odnos,sakam bezprekorna higiena i sakam da bidam sigurna deka ako pobaram sestra kje dojde,i ako mi treba bilo kakva pomos deka kje ja dobijam..prikaznite so lebarkite i krv pod tusevite i necisti casrsavi gi ima vo izobilstvo na temava,nemam sto da dodadam..a toa deka site izllegle od drzavna..klucen e momentot IZLEGLE.Mali plati-losi uslovi za rabota-nezadovolni pacienti ,toa e eden krug koj sosema go razbiram,so cest na isklucocite. Vidov kako izgleda i na GAK i nikako ne me ubedija deka imam garancija za moeto zdravje i zdravjeto na bebeto,jas i sama sebe vo toa ne se ubeduvam ,deka ako platam sigurno e se...prvo dedo boze da ne cuva,vtoro sama da se cuvam i posledno doktorite da si ja zavrsat svojata rabota.Srekja na site vi posakuvam..
13.02.2010, 13:15
Prvpatmama
2
Nekoj napravi sporedba Sv. Lazar i Remedika . E vaka sega , kako nova bolnica Sv. Lazar sekako mora da im se dodovoruva na potencijalnite pacienti do maksimum kako sto vprocem bese porano i vo Sistina i Remedika . Sum bila i vo trite za pregledi , a vo Remedika se porodiv. Moe mislenje e deka vo Remedika ne se pomalku ljubezni tuku se prezafateni i poveke ja gledaat vistinskata rabota pa taka nemaat vreme i sekogas sloboden Dr. da vi napravat prezentacija i da ve prosetaat niz besprekornoto oddelenie na ginekologija , dodeka vo Sv. Lazar , iskreno nemaat mnogu rabota ,novi se , najskapi se , i seuste imaat vreme da gi voodusevuvaat svoite posetiteli .
13.02.2010, 17:29
Весна
771
ИЗВОРНА ПОРАКА: Anushka
синчињата две ги родив во Чаир. Ќерката во Систина. Сите три излегоа од мене, сите три се хранеа од мене, со сите три си поминав супер. Не дека беше стварно супер, туку дека јас така се чувствував: бев многу позитивна, спремна на се`, само да си ги родам децата здрави-прави. Важен е нашиот позитивен став, се` друго е мебел, храна, едно виски повеќе или помалку за докторот...
Токму така! Па имајте ја и најдебелата врска, не една, три имајте, но самите ќе треба да ги трпиме болките, напнуваме, родиме, никој наместо нас не може да го стори тоа. Едноставно, како ни е пишано така ќе си се породиме. Затоа само позитивна мисла и се` ќе биде во ред!
14.02.2010, 21:44
Cacko
1127
ИЗВОРНА ПОРАКА: Prvpatmama
Nekoj napravi sporedba Sv. Lazar i Remedika . E vaka sega , kako nova bolnica Sv. Lazar sekako mora da im se dodovoruva na potencijalnite pacienti do maksimum kako sto vprocem bese porano i vo Sistina i Remedika . Sum bila i vo trite za pregledi , a vo Remedika se porodiv. Moe mislenje e deka vo Remedika ne se pomalku ljubezni tuku se prezafateni i poveke ja gledaat vistinskata rabota pa taka nemaat vreme i sekogas sloboden Dr. da vi napravat prezentacija i da ve prosetaat niz besprekornoto oddelenie na ginekologija , dodeka vo Sv. Lazar , iskreno nemaat mnogu rabota ,novi se , najskapi se , i seuste imaat vreme da gi voodusevuvaat svoite posetiteli .
jas pravev sporedba,i bas toa i sama go potenciras;novi se,imaat poise vreme,ovie bile prezafateni.bas toa go saklam,da imaat poise vreme za mene i da mi se dodvoruvaat.koga ke go ragam vtoroto bi idela vo nekoja uste ponova vo koja uste ne se iskurnazile,vise koga si plakam.toa si e moe mislenje
15.02.2010, 09:21
topce
523
и јас го имам тој став дека кога си плаќам си барам тимарење.не смеам да се пожалам зашто навистина сите беа околу мене, и геникологот и анестезиологот 3 дена доаѓаа да ме посетат, визитата не ја бројам. е сега педијатарот малку забушаваше ама јас си кажав не можете вие ништо да правите со моето дете додека не дојдете да ми објасните што, зошто и дали мора. и после си легна на брашното. а сестрите исто беа супер ама јас од нив не барав помош зашто сакав сама да можам да ги правам работите, дури ми замерија зашто не сум ги викала да ми го земат бебето да сум се одморела. јас си се одмарав со неа до мене и ова не го мислам само за приватно. извинете меѓутоа сите ние плаќаме дел од плата на фондот за они после да не тимарат. мали им биле платите ова она. на 80 посто македонци мали им се платите па што? ај ќе забегам вака по сабајле а баш ми е убав денот
01.03.2010, 01:04
simona_popovska
17
vo gradska bolnica
01.03.2010, 13:28
Annabel
425
Градска болница во Скопје
Не знаев дека и таму има можности за раѓање...
А какви се условите?
02.03.2010, 18:34
talisman
96
Уште кога дозанав дека сум бремена единствена опција за породилиште која ми се вртеше низ глава беше Чаир. Во 30-тата недела бев на преглед во Ремедика за второ мислење, во разговорот со др. Ефремовски ( кој успап можам замо да го пофалам и да му се заблагодарам за се ) ми го искажа своето позитивно мислење за породилното во Чаир, посебно за стручноста на лекарите, така да сега сум сосема сигурна дека здравје Боже таму ќе се пораѓам. Посебно ми беше мило што тој пофали повеќе свои колеги од оваа болница така да немора да се бркам со размислувања кој е на смена, кога и да се случи породувањето верувам дека бар еден од неговите бивши колеги ќе биде присатен. Само нека помине се во најдобар ред, свесна сум дека боли и дека не е едноставно да донесеш нов живот на овој свет, но како сите така и јас ќе истуркам со породувањето само да се нормални и стручни луѓе околу мене
03.03.2010, 00:12
sweety***
12
vo Sistina i sega pak tamu odat pa zdravje za vtorovo vo novata bolnica kaj i da e treba da odam na pregled sega pa ako se premesteni ke ve informiram za uslovite vo noviot objekt i menestariot bas ama bas i ne me bendisa mnogu no strucnosta na doktorite e sepak klucna.nema sigurno vo prilep da odam hahahaha
03.03.2010, 00:36
vale*
24
vo sistina i prezadovolna sum,a za vo gak ne znam skeptik sum.tamu treba da imas prijateli,pa i togas ne bi bila sigurna .jas imam 2 prijatelki sto rabotat na klinika a se porodija vo sistina.mene toa mi kazuva deka i nivnite vraboteni ne im veruvaat.daj boze da imaat site uslovi da se poroduvaat vo privatni kliniki.
03.03.2010, 09:50
Палешка РР
7505
Во Прилепската , ама после сите овие случувања повеќе не би родила таму
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
03.03.2010, 10:04
amelbebe
1105
so prethodnite dve deca se porodiv vo cair dr.efremov me operira i pomina vo najdobar red,a so tretoto vo gak mislam deka hororot go vidov tamu me unakazija za cel zivot dr.gikova me operirase,ama podobro da ne znaete niz sto se pominav
03.03.2010, 18:05
talisman
96
Пак починала родилка додека се породувала Иако сакам да мислам позитивно, со сево што се случува просто на човек да му е страв од тоа што го очекува Породилиштава како да се претворија во касапници
08.03.2010, 12:04
baby mama
679
Се породив на ГАК. Бев во апартман и се беше ок.Имавме нон стоп чисти чаршафи и спаваќи. Мм доаѓаше во секое време, е сега нормално после 20ч или 21ч не доаѓаше зашто сакавме и ние да одмориме( мислам со цимерката и бебињата) Немам никаква забелешка, сите беа ок. Отидов таму зашто имав познати. Инаку ме породи проф.др.Стојовски и само пофални зборови имам за него. Одличен доктор. Порагајот беше со царски со спинална анестезија.
10.03.2010, 12:06
snow5
5
Дали има некој искуство со Др. Станкова од Ремедика. И колку сега се плаќа во Ремедика.Искрено јас размислував за ГАК ама некако од кадарот ме фаќа паника зашто се сите млади тукушто специјализирани.