за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
И кај нас приредбата помина ептен убаво. Дечињата весели, родителите уште повесели. И најважно цела градинка празна после приредбата. Најважното прашање на сите дечиња беше - „Мамо, ќе ме земеш после?“ А приредбата ептен ми се допадна, сите дечиња изрецитираа по една песничка, па имаше и неколку рецитали, и песнички кои ги испеаја сите заедно. Па на крај ни подарија преубави честитки, кои беа изненадување, М цело време ми спомнуваше, ама не ми кажа до крај што е изненадувањето. И наредниот ден ја гледаме приредбата, што снимав со апарат, и таа гледа некое детенце од групата и вели - „Гледај го овај, како се натажил. Па нема да иди Дедо Мраз!!!“
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
02.12.2014, 12:28
Felly RR
7977
Кај нас веќе почнаа подготовките за новогодишната приредба. Малку е голем текстот што треба да го научи М (има дел од драмски текст и стихотворба од 5 строфи) но знам дека ептен ќе биде мотивирана бидејќи во драмскиот текст ќе биде НОвата Година и ќе биде облечена во долг бел фустан, со круна и се пропратно, а таа ептен сака принцези, затоа знам дека со радост ќе се нафати да учи.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
11.06.2015, 12:16
Snowhite RR
5042
Многу ми е криво затоа што Михаил немаше завршна приредба, само затоа што е во мешана група, односно, дел ќе одат на училиште од септември, а повеќето не одат и не спремаа и како да се дикриминирани, казнети затоа што се понапредни, поголеми и ќе одат на училиште. Па мислам дека можеа за тие неколку деца да им дадат да научат по една песничка и да се приклучеа во завршната приредба на големата група, тие имаа и свечено доделување дипломи и приредба. А овие од групата на Михаил само им ги дадоа дипломите на 01 Јуни и тоа беше се
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
10.10.2015, 13:35
lukajana RR
1481
Вчера во нашето училиште имаше приредба по повод детска недела . Бевме заедно со децата и ја гледавме приредбата ,убаво испланирана ,децата рецитираа ,играа ,имаше хор и на крај им даваа на малите налепници за детска недела ,истите што ни ги даваа нас кога бевме како нив . Се на се беше убаво и Л е полн со впечатоци ,цел ден вежба балет
< Поракaта ја уредил lukajana RR -- 10.10.2015 13:36:35 >
_____________________________
Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив
24.03.2016, 09:31
sandriana RR
2924
Е, стигнавме и ние за приредба . Вчера во нашата градинка ни прикажаа Пролетна приредба, со активности кои досега ги сработиле дечињата. Подготвиле рецитал за пролетта и екологијата, прекрасно осмислена. Потоа, на истата тема продолжија со балетска кореографија, па со пеење и уште една кореографија, за да завршат со песничка на англиски јазик (научена на часовите по англиски). Градинката ја обезбеди целосната костимографија и сценографија. Дечињата (возраст 4-5 години) беа преслатки, а родителите највозбудени
_____________________________
***I'd rather be honest than impresive***
24.03.2016, 09:58
Neurotoxin RR
413
И кај нас ќе има приредба ама наредн месец, гледам се спремаат само слушам песнички по дома и возбудена сум едвај чекам да ја видам како ќе се однесува на приредбата