Лошо време, тешко се наоѓа работа, а лесно се губи. Маца, знам дека ти е тешко, ретко кој не поминал нешто такво. Јас да, и тоа не еднаш. Мој совет, прво, не потпишувај спогодбено раскинување на раб. однос, така нема да ти следува ништо. Нека те прогласат тие фино за вишок, па така имаш право на надомест. Кога се пријавував во завод слушнав таа на шалтер и го кажа тоа на девојката пред мене, ја праша зошто потпишала спогодбено, било за неа полошо, можела некаков надомест да зема (е сега, каков, колку, не знам, ама колку и да е...).
А за работа... ќе се бориме, тоа ни е. Малку ме фаќаат нерви кога слушам примени во јавна администрација, земаат плата, ама не одат на работа, за едни немало обезбедени канцеларии, па додека да им обезбедат земаат ЦЕЛА плата, а дома седат со месеци, за други знам со посебно одобрување „од горе“ дремат дома, да завршат факултет, зашто биле примени на место за кое се бара факултет, а немаат, итн итн... И точно не ми се верува дека со такво однесување ќе тргнеме напред некогаш и криво ми е што не си заминав во странство кога можев (сестра ми живее во странство многу одамна, ме викаше, а јас глумев лудило...) За некои погрешни одлуки цехот подоцна доаѓа, ама да сме здрави и живи.