за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Cher, твојот пост го префрлив во темата што ја посочила Елена, се надевам некоја мамичка што има искуство со таа градинка ќе пише.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
05.07.2012, 11:57
vezilka RR
4931
Како идат групите во градинките? Никола во септември кога ќе тргне во градинка ќе има 21 месец, во која група ќе го стават, со деца од која до која возраст? Или тоа секоја градинка индивидуално решава. Пошто сега го читав законот и таму како што пишува како се групираат децата по возраст, а богами ипо број, испажа дека треба да има 7 групи Нешто не ми е верно дека е така?
< Поракaта ја уредил vezilka RR -- 5.7.2012 11:58:57 >
05.07.2012, 12:25
sandriana RR
2924
ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR
Како идат групите во градинките? Никола во септември кога ќе тргне во градинка ќе има 21 месец, во која група ќе го стават, со деца од која до која возраст? Или тоа секоја градинка индивидуално решава. Пошто сега го читав законот и таму како што пишува како се групираат децата по возраст, а богами ипо број, испажа дека треба да има 7 групи Нешто не ми е верно дека е така?
Ако идете у Пчелка2 у Лисиче-таму има 4 групи за јасли, како што пишува на врата- 1 и 2 јасли, и 3 и 4 јасли,што и мене баш не ми е јасно. Во принцип, секако ќе биде јасли-до 24 месеци-толкави се дечињата што ги гледам дека ги носат во влезот за јасли, кај што ја носам и јас Тина... Ако има некој подтални информации, нека пише, и мене ме интересира...
05.07.2012, 12:38
Felly RR
7977
Vezilka, ние минатиот септемрви кога тргнаве имавме отприлика исто месеци, па ја ставија во прва мала група, бидејќи до декември наполни 2 години. Значи, не мора во јасли да биде. Прашај си во градинката.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
05.07.2012, 12:40
vezilka RR
4931
И како после за 3 месеци кога ќе направи 2 години ќе го префрлат во друга група или цела година ќе оди во јасли? Хе,хе да, таму ќе идеме во Пчелка 2, или Буба Мара, како и да се вика
05.07.2012, 12:43
vezilka RR
4931
Хи,хи во понеделник планирам да идам во градинката па сега читам и си спремам список со прашања Иначе бев денес и се залепив за врата, приемно време за родители од 7 до 8 часот, малку раничко
05.07.2012, 13:08
AnnaMolly RR
6409
Комшике, зависи од градинката. Мене веќе трет месец ми викаат да чекам до септември за да го префрлат Филип во следната група што се со деца над две години. Ми викаат немало место, гужва било, па чекале септември да дојде да ги префрлат децата од малата група во поголемата, па после од групата на Филип таму да ги префрлат.
Јас мислам да си побараш сама да не биде во јасли, голем е Никола, збори... Во јасли се бебиња, ќе ти уназадува. Од искуство ти кажувам. Филип е најголем во јасли и дома почна цуцла да ми бара, ми се лигави, ми мјаука по дома :) Лази, глуми лудило... Ако може, директно во прва мала (или како и да се вика).
_____________________________
Live and let live
05.07.2012, 13:09
AnnaMolly RR
6409
ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR приемно време за родители од 7 до 8 часот, малку раничко
???? Биди среќна што имаат приемно време! Кај Филип не пуштаат ни да се припари до влезна врата, не па да имаат приемно време за родители!
_____________________________
Live and let live
05.07.2012, 13:58
vezilka RR
4931
На нивната официјална страна стои дека од 18 до 32 месеци се втора група јасли. Тоа некако ми изгледа многу, деца од 2,5 години во јасли Или можеби не, не знам стварно. И нема некоја поконкретна програма за јаслите, што како работат, кои активности ги имаат и сл., за поголемките има, а за овие немаат поставено. А и овде што читав некако добив впечаток дека на 2 години ги префрлаат во голема група..
05.07.2012, 14:23
Mihaela 2010
4230
Moja prijatelka u Aerrodrom so vrski uspea da ja zapise malata,koja imase togas 2 polni godini,pocna u junu da odi,i ja stavile u jasli,bidejki navodno nemalo mesto u prva mala,pa tek od septemvri...Detevo zasipna od placenje,posto imalo bebinja i normalno pomali decinja,a sepak dve godisno dete znae i da se zaigra i da crta i red drugi raboti...Vo 4 casot ja prefrluvale vo prva mala grupa posto si idele ucitelkive i bila epten srekja.. Nie isto trgame od septemrvi ,ke ima 2 god i 5 meseci pa e vo prva mala,pa so gospod napred ke vidime kako ke bide Inaku na vrata vo nasava gradinka pisuva priem na deca najdocna do 8.30
21.08.2012, 14:32
vezilka RR
4931
Дечки, мене денес во градинка ми рекоа дека Никола ќе биде во јаслениот дел, подготвителна група. Иначе имаме скоро 21 месец и некако ми е страв дека детево не ми е баш за во јасли. Уствари јас не знам што значи тоа подготвителна група, што прават децата во таа група. Дајте помагајте..ме плаши зборот јасли..
< Поракaта ја уредил vezilka RR -- 21.8.2012 14:33:20 >
21.08.2012, 14:42
Mihaela 2010
4230
Дечки, мене денес во градинка ми рекоа дека Никола ќе биде во јаслениот дел, подготвителна група. Иначе имаме скоро 21 месец и некако ми е страв дека детево не ми е баш за во јасли. Уствари јас не знам што значи тоа подготвителна група, што прават децата во таа група. Дајте помагајте..ме плаши зборот јасли..
Jas kolku sto znam jasli se nekade do 18 meseci,posle vo prva grupa jasli idat,od 19 meseci do 20 i nekoj mesec neznam tocno...valjda toa podgotvitelna grupa podrazbira postari decinja,demek se podgotvuvaat za u skolo
21.08.2012, 14:49
*Elena*
542
Da ne e slucajno nesto kako podgotvitelna za vo gradinka, bidejki prv pat trgnuva vo gradinka, pa kako za priviknuvanje kon novata sredina...ako place i sl. da ne gi voznemiruva i drugte deca sto si idat veke redovno vo gradinka
21.08.2012, 15:42
AnnaMolly RR
6409
Е, комшике, и јас живци искинав што седеше детево во јасли до полни две години. Веќе одааааамна знае да збори, сам да јаде, а седи во група со деца од 12-15 месеци. Стопати ми се уназадуваше, бараше цуцла лажалка, а ни како бебе не ја сакаше, не цуцаше цуцла. Почна бебешки да ми зборува, да лази...
И на секое мое прашање кога ќе го префрлат во поголемата група ми викаа дека немало место, многу деца биле, да чекам до септември па тогаш ќе го префрлеле. Еве по еден месец неодење денес го однесов пак, кога ќе се вратам да го земам баш и за ова пак ќе ги прашам.
А Никола е напреден, зборува, разбира... Јас мислам од старт сама да бараш да оди во прва мала група, односно за деца над две години. и да инсистираш.
Едит: А тоа подготвителна група, жими мајка. Нема такво нешто. Сите си се во јасли до две години и таму ама апсолутно ништо не прават со нив. Ни песнички, ни игри, ни ништо.
< Поракaта ја уредил AnnaMolly RR -- 21.8.2012 15:44:23 >
_____________________________
Live and let live
21.08.2012, 17:28
Snowhite RR
5042
До 2 години се во јасли, и Михиал кога тргна во градинка имаше 20 месеци, се разбираше и се зборуваше, а сепак беше во јасли до 2 години, т.е. пред да направи 2 години правевме пауза од 2 месеца преку зимата, зашто беше многу ладно и кога повторно почна да оди имаше преместување и го префрлија во другата група, среќа што имаше прилив на нови деца, инаку планираа до летото да биди во јасли.
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
21.08.2012, 18:47
Maca25
7558
Везилка, не се плаши, не се тоа јасли јасли, кај што има бебиња од по 9 месеци. Нина до 2,5 години беше во подотвителна група, уствари јасли, ама поголеми, над 1,5 година. Таму учат песнички, имаат игри, ама немаат цртање, приредби и сл. Нина беше најголема во таа гупа. Сега е во прва мала, пак е најголема, ама супер си напредува.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
22.08.2012, 08:49
vezilka RR
4931
Уф, бре, ова градинкава испадна многу комплицирана работа Изгледа за тоа како се формираат групите секоја градинка си пее своја песна. Значи ако добро разбрав, кога ќе напраи 2,5 години треба да го префрлат во прва мала, ама ако е тоа при крај на годината, ќе си почека од септември, хи,хи.. Мене женава ми рече сите деца родени 2010 се во една група, а мене тоа не ми беше баш верно, пошто повеќето од тие деца веќе имаат 2 години. Добро, не е важно, важно да имаат некакви активности, игри, да учат песнички и сл..
П.С. Уствари кога ќе размислам изгледа вистина кажувала женава, во таа подготвителна група изгледа се деца од 1,5 до 2,5 години..
22.08.2012, 09:18
Lokica1
131
Kaj nas do 2 godini se vo jasli, vo drugite grupi gi izmaat po kalendarska godina, primer sega tie sto se rodeni 2010 ke bidat vo I-va mala, znaci vazi za site, duri i za decata rodeni vo dekmvri (nepolni 2). Mislam deka vakvata podelba e sosema vo red i korespondira so nivnata vozrast, odat na generaciska podelba kako vo uciliste.
22.08.2012, 11:11
Felly RR
7977
Кај нас, лани М беше прва мала група, и имаше деца што тргнаа со 2 и пол години, а имаше и такви како М што во декември наполнија 2. Е сега годинава, некои од таа група ги префрлија одма во средна, а М си продолжи во втора мала. Значи си прават како што им одговара за да има повеќе место.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
22.08.2012, 11:33
vezilka RR
4931
ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR
Значи си прават како што им одговара за да има повеќе место.
Хе, хе, тоа е и мојот впечаток, туку ај..
22.08.2012, 18:54
Maca25
7558
Нина е уште во прва мала, а има 3,5 години....сега од септ. почнува во средна ваљда, појма немам. Најголема е во група пак, сите се родели од април/мај па се до јули...
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
22.08.2012, 22:18
Felly RR
7977
Од прва мала, би требало во втора мала, па во средна па во голема група.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
23.08.2012, 09:41
majmunce
257
i mene ova so grupite mi e nikako svatlivo:
Работата во детската градинка се организира во групи, во зависност од возраста на децата по правило во хомогени групи и тоа:
1) до 12 месеци .................................. од 6 до 8 деца
2) над 12 месеци до 18 месеци ......... од 8 до 10 деца
3) над 18 месеци до 2 години .......... од 10 до 12 деца
4) над 2 години до 3 години ............. од 12 до 15 деца
5) над 3 години до 4 години ............. од 15 до 18 деца
6) над 4 години до 5 години ............ од 18 до 20 деца
7) над 5 години до 6 години ............ од 20 до 25 деца.
По исклучок од ставот 1 на овој член, во зависност од возраста на децата, може
да се организира:
1) Хетерогена група до две години .................................. од 10 до 12 деца
од две години до поаѓање во основно училиште .......................... од 18 до 20 деца
2) Комбинирана група од 12 месеци до поаѓање во основно училиште ......................... од 15 до 20 деца и
3) група деца со пречки во развојот ...................................... од 5 до 8 деца
4)Група деца од шест години, односно од поаѓање во основно училиште до десет години .............................. од 20 до 30 деца. VAKA BAREM STOI NA STRANATA NA MINISTERSTVOTO ZA TRUD I SOCIJALNA POLITIKA Matej ima polni 17 meseci pocnuva 18, i e momentalno vo jasli, no barem spored mene kolku tolku ja prifati gradinkata i edna od ucitelkite drugata mnogu ne(bidejki se dve neli) i sea me zagrizuva toa sto M ne mu e interesno vo taa grupa koga go nosam na sabajle vo 8h site decata spijat tamu bebinja se vsusnos i po celo vreme si sedat vo krevetcinja ce mu dadat nekoe igrace i siseto sok ili mleko i raat se ucitelkite, no moeto dete samo e na zemjA I NE MU SE INTERESNI kucinja ggumeni macinja da igra saka da se drzat za racinja da se vrtat rigeraja da igraat pa pleska so racinjata da mu akzuvas pesnicki ili pribor za gotvenje igracka i da gotvi so kamioni da igra da pretura pesok i zatoa ne moze da izdrzi do kaj 2 h i pocnuva da palce. Ucitelkite velat ne se zaigruva sam kemka ova ona .... muabetot mi bese ne e celta da go ostavam i samo da se grizat za nego vo smisla preslekuvanje jadenje pienje toa e rabota na negovatelkata kade e tuka zabavniot i obrazovniot del toj doma zboruva razbira pesnicki tamu site se bebinja i kako ce go razviva govorot kako ke se izmori za da spie, sto velite na ova mene me zagrizuva toa sto ako sedi do 2 godini vi jasli ke nazaduva deteto a ne da se socijalizira i uci novi raboti poradi sto i go nosime v gradinka . Inaku od aspekt na cuvanje grizenje za nego dobri se i edna GOOOLEMA BLAGODARNOST DO svekrvata na snowhite sto go podzede v race (pa zatoa sea ne ja pusta od raka) i so nejzinja podrska deka ke se navikne, uspeavme zaeden mesec i dovolno.
_____________________________
И кога ти е најтешко не покажувај слабост. Има лоши луѓе кои од рушевините на твојата среќа ќе изградат споменик на нивната победа!
26.10.2012, 15:37
vezilka RR
4931
Вчера неочекувано не плесна првата видлива предност од градинката. Никола пред да си легнеме, сам посака да ги собереме играчките во корпа оти така правеле со учителката Ане.
26.10.2012, 15:53
sandriana RR
2924
ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR
Вчера неочекувано не плесна првата видлива предност од градинката. Никола пред да си легнеме, сам посака да ги собереме играчките во корпа оти така правеле со учителката Ане.
Најголемо БРАВО за Никола, и за учителката Ане - девојката е прекрасна.