Пред некој ден имавме родителска (прва) средба, заборавив да пишам, а ми беше едно ново, посебно мило, искуство. Па прва родителска средба де
Воглавно, траеше кратко, некои 20 минути, учителката ни објасни што треба да донесеме, ни даде некои инструкции за нас како родителите, ги пофали децата, поставивме по некое прашање и тоа.
Нема да имаат децата англиски бидејќи за тоа треба конкурс да се распише, па да се активира некој волонтер или како и да функционираат работите, а инаку имаше пред некоја година и други активности, сега нема освен што ќе учат од уџебникот: математика, песнички итн...
Учителката ја нагласи достапноста, дека секој родител може секогаш да се распраша подетално за детето, и не охрабри нас родителите, да ги прашуваме децата што правиле, што училе во градинка, да активно учествуваме во се.
После средбата прашав за Јаков конкретно, и учителката ми вика дека е добар, заинтересован, се гледало дека работиме со него (а јас се гордеев, хехе, да даде Господ секогаш само пофални зборови да слушам ), дека знае математички форми, англиски зборови итн.
А јас како родител, можам да ги пофалам и другите деца од групата (од 3-4 години) дека навистина се сите умни и културни деца.
< Поракaта ја уредил Bethany -- 6.10.2014 17:33:38 >
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."