за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Јас пиев Микрогинон 3 месеци. Гинекологот ми нагласи да ја пијам таблетата со цела чаша вода, и повеќе течности да внесувам. Првиот месец поминав добро, но вториот, малку и намалив со течностите (ептен тешко ми оди внесувањето течности, едвај по 1,5 литар вода пијам, и тоа со сила ) и секој втор ден имав силни главоболки, дури и со лошење/повраќање и здрвување на едната рака. Продолжив да ги пијам само заради тоа што ми беа дадени заради полип на матката, но се трудев да пијам и повеќе вода, па до некаде ми престанаа главоболките. Друга последица од нив што ми остана се 5-6 кг вишок. И не е точно дека само се јавува зголемен апетит, туку и хормоните влијаат на задржување на течности во телото, а со тоа и на зголемување на телесната тежина а исто го стимулираат и создавањето на целулитот. Никогаш не сум имала толку целулит колку што ми се појави во последниве месеци. Само не знам, дали ако едни таблети го имале тој ефект кај мене, дали и други таблети за контрацепција ќе делуваат исто?
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
12.03.2015, 09:03
nataly86
534
Здраво дали некоја РР во скоро време ставала спирала..ме интересира каква бакарна или хормонско и цена....
поздравв
13.03.2015, 11:22
nataly86
534
Никоја???? најверојатно ке ставам Нова Т обична спирала но уште сум во дилеми трилеми
Некој со оваа спирала да подели позитвно/негативно искуство???
04.10.2015, 21:05
marina111
49
Денес купив микрогинон таблети за контрацепција разговарав со гинеколог и ми рече дека можам да ги земам Да очекувам некои нус појави??? После колку време од почнувањето на таблетите може да се има однос и да се свршува внатре Алергична сум на латекс па кондомите отпаѓаат а имам проблем со нередовен циклус и пореметени хормони па се одлучив на овој метод Секое искуство ке ми значи Благодарам
13.07.2017, 12:41
Anonimen
Zeni ve molam ako znaete vo koja apteka moze da se kupi spirala NOVA T 380 da mi kazete. Svrtev na eden ton apteki niedna ne ja drzi, a itno mi treba za utre. Fala