Повторно јас на оваа тема. Е па, толку од мојата решеност да ставам спирала За малце ќе ја купев спиралата Мирена. Сега сум сигурна дека спирала нема да ставам, било каква. Сосема случајно изгуглав „Мирена“, колку да видам што пишува за неа, очекував само убави работи, бидејќи ја препорачуваат како најдобра, без несакани ефекти, дури и со терапевтски ефект за други гинеколошки проблеми. И така си гуглам „Мирена“ и ми се појавуваат опции за Mirena side efects и добро, си викам дај да погледнам. Отворив неколку страни со негативни ефекти од таа спирала. во принцип дел од несаканите ефекти се повторуваат кај повеќето: накачување килограми, проблеми со цилкусот, лошење, вртоглавици, главоболки, болки во грбот, цисти (дури и во градите) крварење на непцата, акни, проблеми со кожата, паѓање на коса, депресија, летаргичност, намалување на либидото (желбата за секс) ...
Нормално ова се случува веројатно кај помал број на корисници на спирала Мирена, но јас се премислив. И на еден хрватски форум прочитав една корисничка се зажела на гинекологот за намалено либидо, депресија, покачени килограми, но докторот ја убедувал дека тоа и е нешто умислено и дека нема врска со Мирена.
Еве го сајтот што ме премисли: http://www.medications.com/se/mirena а и овде: http://www.virginiahopkinstestkits.com/mirenareport.html (на англиски се)
Има и други сајтови и истите симптоми се наведени. Дури и рак на дојка се спомнува, па и хипертензија, синуситис ... еден куп можни несакани ефекти.
Не сакам да правам негативна реклама, само сакам да споделам информација. Разочарана сум што и покрај консултација со неколку гинеколози кај нас, никој не ми спомна ништо од наведеново.
А токму затоа и отидов да се консултирам за несакани ефекти, нуспојави.
Сега повторно треба да размислувам за контрацепција, а таман мислев најдов решение