cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Контрацепција

  
clock-img

12.04.2012, 10:58

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Според Светската здравствена организација, поимот контрацепција значи спречување на несакана бременост и прекинување на природните процеси на репродукција.
За таа цел се користат контрацептивни средства и методи кои можат да се поделат според начинот на употреба, ефикасноста, според траењето на употреба итн. Прифатена е следната класификација:

Природни методи
Механички методи
Хемиски контрацептивни средства
Хормонска контрацепција
Интраутеринска контрацепција
Стерилизација.

Природни методи:

Во природни методи на контрацепција спаѓаат: календарски метод, постпартална неплодност, прекинат однос, апстиненција.

Календарски метод

Календарскиот метод преставува предвидување на настапот на овулација. Кај девојки со менструален циклус кој трае 28 дена овулацијата настанува околу четиринаесетиот ден. Ова значи дека 3-4 дена пред и 2-3 дена после овој ден не се препорачливи сексуални односи поради можноста од забременување.

Прекинат однос

Прекинатиот однос е традиционален метод кој на латински се нарекува coitus interruptus. Тој се состои во прекинување на односот пред ејакулацијата, т.е. спречување на внесување на спермата во вагината. Овој метод не е безбеден и се смета за примитивен бидејќи извесен број на сперматозоиди стигнуваат во вагината и пред ејакулацијата. Процентот на веројатност од забременување е 18%.

Механички методи

Во механички методи спаѓаат: презервативот (кондом), женскиот презерватив (фемидом), дијафрагмата, цервикалната капа.

Користењето на кондомот е најпопуларен начин на контрацепција. Ратата на неуспех изнесува 3-4%, а 2% од кондомите руптурираат (се кинат). Поради овој факт потребно е партнерите кои го користат ова средство за контрацепција со себе да имаат контрацептивна пена за итна употреба. Или пак најдоцна до 72 часа да земат ургентна контрацепција.

Женскиот кондом им овозможува на жените да бидат помалку зависни од мажите. Фемидомот се внесува во вагината и се мести на грлото од матката. Овозможува и заштита од преносливи болести како и кондомот.

Дијафрагмата преставува гумена чашка со флексибилен обрач. Ратата на забременување е 3%. Се мести на грлото од матката и механички го спречува навлегувањето на сперматозоидите. Големината на дијафрагмата ја определува гинеколог.
Цервикалната капа е слична како дијафрагмата и може да остане на местото до 48 часа.

Хемиски методи

Во хемиски методи спаѓаат: спермициди, вагинална пена, крем, филм и супозитории, кои се користат комбинирано со кондом и дијафрагма. Сe внесуваат пред половиот однос, но можат да предизвикаат иритација поради што е потребна консултација со гинеколог.

Хормонска контрацепција

Хормонската контрацепција се остварува преку земање на хормонална терапија (таблети). Тие се земаат континуирано 21 ден и не смее да се пропушти ниту еден ден. Се пијат на 24 часа и ја одложуваат менструацијата, која настапува после 21 ден откако ќе се престане со земањето на таблетите. Се смета дека ова е најдобар метод за контрацепција за младите генерации кои планираат понатаму да се репродуцираат. За тие 21 ден додека се пијат таблетите, бременост не може да настане. Исто така во групата на хормонска контрацепција спаѓа и ургентната контрацепција. Таа претставува контрацепција по избор и се зема само во ургентни итни ситуации (кинење на кондомот или пак секс без кондом). Ваквата контрацепција се зема најдоцна 72 часа по односот, но колку тоа се стори порано толку таа ќе биде поефикасна. Ваквиот вид на контрацепција се состои исто така од женски хормони, но во многу поголемо количество. Се земаат три таблети, а со нив се зема исто така и апчиња против повраќање, како не би се повратиле контрацептивните апчињата.

Позитивни страни

Многу се ефикасни ако се земаат таблетите правилно.
Нема потреба од прекинување на сексуалниот однос.
Можна е долга употреба без штетни последици.
Помага во спречување на некои болести како вонматерична бременост и други.
Може да се прекине со земање во секое време

Негативни страни


Не штитат од полово преносливи болести
Ако се земаат неправилно, те нередовно можат да бидат неефикасни
Можат да предизвикаат несакани ефекти како гадење, повраќање...

Интраутеринска контрацепција

Интраутеринската контрацепција е многу попозната како спирала. Таа е наменета за жени кои не планираат да се репродуцираат и кои не сакаат понатаму да имаат деца. Обично ја употребуваат жени кои се во брак и не сакаат да имат многу деца. Спиралата ја поставува гинеколог, таа се поставува во матката и не смее да стои повеќе од 6 години. Од неа се ослободуваат хемиски материи кои предизвикуваат стерилност.

Стерилизација

Стерилизација е метод при кој со оперативен зафат се врши прекин во преносот на гаметите кај мажите, т.е. се врши прекинување на семеводот. Процесот се изведува амбулантно и трае 20 минути со локална анестезија. Кај жените се врши сечење и прекинување на јајцеводите. Оваа операција е многу покомплицирана, а се изведува со целосна анестезија.

Корисни Совети

Ејакулација надвор (коитус интеруптус), не се препорачува како сигурен метод за контрола на бременоста кај тинејџери. Овој метод, кога пенисот излегува од вагината пред да ејакулира, не е секогаш ефикасен. Овој начин не штити од СПБ.
При одлука да се користи кондом, тој треба да биде нов при секој сексуален контакт. Многу ретко, кондомот може да предизивка алергична реакција.
Рацете треба секогаш да се измијат со сапун и топла вода, пред да се вметне контрацептивно средство во вагината.
Одредување на плодните и неплодните денови во месецот е тешко, ако не ги одредува стручно лице.
Жената може да остане бремена или да се зарази со СПБ, дури и при нејзиниот прв сексуален контакт во животот.
При сексуално општење постои голема можност за СПБ, особено во последно време вирусни инфекции со ХПВ (хуман папилома вирус за кого со сигурност се знае дека одредени типови предизвикуват рак на грлото на матката).

clock-img

12.04.2012, 11:05

clock-img

Sandric

pencil-img

508

Би сакала да прашам дали користите контрацепција и каква?

clock-img

12.04.2012, 11:11

clock-img

Ikana

pencil-img

3780

Јас користев и планирам да користам понатаму, апчиња, прво логест, после тоа јасмин, и секако кондоми. Бременоста ми беше планирана, и скоро година дена не пиев контрацепција пред да забременам, а кондоми престанавме да користиме кога одлучивме дека сакаме бебе.

clock-img

21.04.2012, 14:57

clock-img

Evdokija.Radeska

pencil-img

1

Здраво нова сум тука, сакам некој да ме советува, мојот гинеколог, не комуницира и незгодно и срам ми е да ја прашам за пилулите сакам да земам пилули, ама немам баш средства за на приватно дали мора од гинеколог да бидат препишани или пак дали има некои поевтини ако некој знае на приватно сама да си ги купам ???

Благодарам однапред

< Поракaта ја уредил vezilka RR -- 23.4.2012 10:33:06 >

clock-img

21.04.2012, 15:10

clock-img

mamicki

pencil-img

1111

Зошто ти е срам? Контрацепцијата е многу нормална работа. Задолжително поразговарај со гинекологот околу тоа кој тип таблети би биле најпогодни за тебе, а мислам дека сега контрацептивите (орални) одат само на рецепт.

< Поракaта ја уредил vezilka RR -- 23.4.2012 10:34:07 >

clock-img

22.04.2012, 14:45

clock-img

mila 3

pencil-img

193

Netreba da se sramime da prasema nisto, pogotovo koga stanuva zbor za naset_o zdravje. Jas sakam da stavam spirala, nemislam da imam uste deca dostase 2 user posted image Ako se predomislam ke ja vadam user posted image

Inaku sakam da stavam Mirena(mislam deka taka se vikase), mi ja preporaca ginekologot posle prvoto dete, ama togas nesakav bidejki sakav uste edno. Za nekoj den odam na ginekolog pa ke vidam sto ke kaze sega , sigurno treba da se napravat nekoj ispituvanja kako PAP. mikrobiologija.... Ja barav ovaa spirala vo Zegin ama ja nemase.......

Neka mi pise nekoj ako ima iskustvo so ova spirala ili pak nekoja drugauser posted image

Gi procitav site mislenja nanazad ama sakam da slusnam i nesto po taze user posted image

< Поракaта ја уредил vezilka RR -- 23.4.2012 10:33:48 >

clock-img

23.04.2012, 10:28

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

ИЗВОРНА ПОРАКА: Evdokija.Radeska

Здраво нова сум тука, сакам некој да ме советува, мојот гинеколог, не комуницира и незгодно и срам ми е да ја прашам за пилулите сакам да земам пилули, ама немам баш средства за на приватно дали мора од гинеколог да бидат препишани или пак дали има некои поевтини ако некој знае на приватно сама да си ги купам ???

Благодарам однапред



Здраво живо Evdokija.Radeskaм и добре ни дојде на форумов. Немој никако да се срамиш да прашаш, Слободно да си го прашаш гинеколкогот, негова должност е да ти одговори на сите прашања, плус тој најдобро ќе знае да ти каже кој апчиња најмногу одговараат за тебе. Не сум сигурна дали сите одат на рецепта, ама како и да е секако е подобро да се консултираш со гинекологот. Поздрав и пиши ни што си направила.

< Поракaта ја уредил vezilka RR -- 23.4.2012 10:33:30 >

clock-img

23.04.2012, 10:36

clock-img

Maca25

pencil-img

7558

Евдокија ти посакувам топло добредојде на РР.
Пилулите не би ти препорачала да ги земаш на своја рака, туку прво да се консултираш со гинекологот твој. Нема потреба од срамење кога се работи за контрацепција, срамота е да не знаеш како да се заштитиш. Јас не знам како иде издавањето и препишувањето на антибеби пилули во Македонија, јас имам земано, но додека бев во странство и за да ми дадат рецепта таму ми требаше прво преглед, ехо, крвна слика, пап и хормони. Се испитаа, па после ми дадоа апчиња.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

clock-img

25.04.2012, 10:48

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931

Во Македонија веќе имаме усвоено „Националната стратегија за сексуалното и репродуктивното здравје во Република Македонија (2010-2020)“ каде е планирана интервенција „вклучување на контрацептивните средства на позитивната листа на лекови“ со цел „да се зголеми пристапот до квалитетни услуги за планирањето на семејството и за изборот на современи контрацептивни методи за сите оние што сакаат да гикористат“.
Денес прочитав дека иако еден од индикаторите во стратегијата е „позитивната листа на лекови да биде проширена со најмалку 3 различни типови на контрацептивни средства“, министерот за здравство јавно изјавил дека нема да има орални контрацептиви на позитивната листа.
Тоа се коси, не само со обврските преземени со стратегијата, туку и со препораката на Комитетот на ЦЕДАВ, за програми и политики што ќе им овозможат на жените ефективен пристап до средства и до услуги за контрацепција.

Што мислите вие дали контрацептивните средства треба да бидат на позитивната листа?

clock-img

25.04.2012, 19:37

clock-img

mamicki

pencil-img

1111


ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR
Што мислите вие дали контрацептивните средства треба да бидат на позитивната листа?


Apsolutno, golemo- DA!

clock-img

08.06.2012, 14:43

clock-img

suzeto

pencil-img

1297

dali znaete nekoj dali gi ima stediril ???????????????

clock-img

08.06.2012, 23:28

clock-img

mosa

pencil-img

546

Nemozes srce slobodno goltaj, vikaat dobro bilo za tenot, a i so analen nemoze, vo matkata se slucuva oploduvanjeto, a taa osven so jajnicite nema vrski so drugite organi. user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image
hahahha bas fino se iznasmeav na ova.
E sega dragi moi sakav da ve prasam nesto nekade pogore procitev deka hormonite sprecuvale bremenost.Jas imama neredovni menstuacii i bev na gin,toj mi dade apcinja za da dobijam menstruacija,a potoa otkako ke ja zavrsan terapijata mi rece ke dobijam,a po menstruacija na kontrola i da mi prepise apcinja za kontracepija,normalno ako ne planiram user posted image .E sega posto nastanaa i drugi problemi gin mi rece deka treba da ispituvam hormoni.Pravev muabet so mm,a i jas sum slusnala, deka apcinjata za kontracepcija imaat nesakani dejstva.No sepak od druga strana gin.mi rece verojatno znae podobro od mene.Toj mi rece treba da gi pijam 3 meseci.Ajde ve molam za sovet.

_____________________________

BRAKOT vsusnost e fensi zbor za posvojuvanje vozrasno masko dete koe ne e sposobno da se grizi samoto za sebe!!!

clock-img

08.06.2012, 23:42

clock-img

Viktori

pencil-img

5329

Пројдено е времето кога апчињата имаа несакани дејства демек брк, брада, килажа и тн... user posted image
Мислам дека нема подобра контрацепција, поготово во брак, кога ризикот за други инфекции или полови болести е скоро никаков, нели. user posted image

Неколку поста погоре има позитивни и негативни страни на контрацептивите. Кај апчињата како негативно е наведено само тоа што не штитат од преносливи болести.


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.




clock-img

10.06.2012, 10:00

clock-img

meU87

pencil-img

454


ИЗВОРНА ПОРАКА: mamicki


ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR
Што мислите вие дали контрацептивните средства треба да бидат на позитивната листа?


Apsolutno, golemo- DA!




На времето и беа, кога ги пиев Диане35 за ПЦО, за 140ден ги купував,а вака беа по 490-650 зависи каде ќе ги најдам.

Инаку нема логика да имаат несакани дејства, да излегуваат бркови и сл, мене ми ги даваа баш за тоа, да се намали количеството на машкиот хормон а да се покачи естрогенот. Кога ги пиев ми беше прекрасно , ни акни, влакнавост намалена, ни килограми вишок, ни подуеност, рај. Имам искуство и со Диане35 и со Јасмине(од овие сум позадоволна).
Здравје после бременоста планирам да ги пијам како контрацепција.

clock-img

18.06.2012, 22:46

clock-img

suzeto

pencil-img

1297


ИЗВОРНА ПОРАКА: suzeto

dali znaete nekoj dali gi ima stediril ???????????????


clock-img

13.07.2012, 16:46

clock-img

suzeto

pencil-img

1297

ve molam dali nekoj znae nesto za stediril ne mozam nikade da gi najdam

clock-img

13.07.2012, 23:30

clock-img

miana

pencil-img

6152

Jas dosega ne sum piela tableti za kontracepcija..
.Jas sum seriozno zainteresirana za "spirala" ili "dijafragma"
Resena sum naredno odenje na ginekolog da go prasam sto misli za ova? I kolku bi me cinelo? Nekade procitav deka stitat 3- 5 godini i potoa se menuvaat.
Jas sum za ova..Imate li vie iskustvo so nesto vakvo????

clock-img

15.07.2012, 22:44

clock-img

suzeto

pencil-img

1297

od koj den se pijat kontraceptivni........jas prviot pat gi piev od 3 den no za da se odmorat jajnicite potoa za zabremenuvanje..............i sega od ista pricina ke gi pijam ....ama denes mi e 3 den i propustiv ne kupiv kontraceptivni cel den ne bev tuka pa ne stignav na vreme da najdam otvorena apoteka ...... sega procitav vo upastvoto deka se pijat od 1 den na ciklus.......neznam dali da gi pocnam utre ili od sledniot mesec ......ve molam za mislenje...........

clock-img

15.07.2012, 23:07

clock-img

Anonimen


ИЗВОРНА ПОРАКА: suzeto

od koj den se pijat kontraceptivni........jas prviot pat gi piev od 3 den no za da se odmorat jajnicite potoa za zabremenuvanje..............i sega od ista pricina ke gi pijam ....ama denes mi e 3 den i propustiv ne kupiv kontraceptivni cel den ne bev tuka pa ne stignav na vreme da najdam otvorena apoteka ...... sega procitav vo upastvoto deka se pijat od 1 den na ciklus.......neznam dali da gi pocnam utre ili od sledniot mesec ......ve molam za mislenje...........



suzeto apcinjata za kontracepcija se pijat od prviot den na ciklusot,nikako na drug nacin.Za da se cuvstvuvash posigurno prashaj si go genioklogot,malku mi e cudno shto ne te informiral kako se zemaat.Sega nema poenta da pocnesh da gi piesh,drugiot mesec navreme pocni.

clock-img

16.07.2012, 14:30

clock-img

suzeto

pencil-img

1297

fala.......pa jas kako sto pisav pogore prviot pat gi piev od 3 den

clock-img

21.09.2012, 14:26

clock-img

suzeto

pencil-img

1297

pijam jasmin i pred da gi dopijam jas pocnav da krvaram.......

clock-img

06.11.2012, 14:00

clock-img

Mimushka

pencil-img

136

otkako se porodiv sekoj ciklus mi e so strasni migreni.Vcera zboruvav so mojot ginekolog i mi rece od nareden ciklus da pijam Jasmin da probame dali ke mi se smirat galvobolkite. Ima li nekoj vakovo iskustvo.Za jasmin nekade citav neubavi raboti ( za koi mojata doktorka tvrdi deka se gluposti), pa znae li nekoj nekoi podobri kontraceptivi.

clock-img

06.11.2012, 22:30

clock-img

MERUSHKA

pencil-img

141

Jas pred 2 meseci staviv spirala Nova T(bakarna),super se custvuvam.Samo menstruacijata mesto da mi trae 5 dena,sega se 7.

_____________________________

B.B.B.

clock-img

07.11.2012, 14:27

clock-img

Mimushka

pencil-img

136

Девојки мене ми треба лек за ПМС- мигрена, изливи на бес.
Со што се нормализира тоа? Дали некој користел контрацптиви за да се регулираат симптомиве?

clock-img

07.11.2012, 22:09

clock-img

AnnaMolly RR

pencil-img

6409

ИЗВОРНА ПОРАКА: MERUSHKA

Jas pred 2 meseci staviv spirala Nova T(bakarna),super se custvuvam.Samo menstruacijata mesto da mi trae 5 dena,sega se 7.



И јас мислев за оваа алтернатива, ама прочитав погоре Везилка што пишала и нешто ми е нејасно. Спиралата преизвикува стерилност?! Многу чудно ми звучи тоа. Кога ќе се извади има шанси нормално да се забремени?

< Поракaта ја уредил AnnaMolly RR -- 7.11.2012 22:11:37 >


_____________________________

Live and let live

Последни статии

article-img