cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Попладневна дремка

clock-img

28.05.2014, 08:36

clock-img

Defne90 RR

pencil-img

1991

Јас многу слабо имам попладневна дремка.Додека се уште имав едно дете често ми се случуваше да заспијам со него.Сега откако се породив со второво ми се случува многу ретко да дремнам а и кога ќе задремам тоа не трае повеќе од 10 до 20 мин максимум.И тогаш да ви кажам право се чувствувам најубаво.Ако пак се случи да отспијам повеќе од половина час после сум ко прегазена,главата обавезно почнува да ме боли и цел ден ми е за никаде и сум уште повеќе поспана.А и ако дремнам попладне после навечер нема да можам да заспијам докај 3.Така да си преферирам да не дремнувам а и кога ќе се случи таа дремка тоа е кратка.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

clock-img

28.05.2014, 09:04

clock-img

Dilina

pencil-img

533

И јас порано немаше шанси да заспијам преку ден... ама и кога бев прва смена си идев дома во 7-8, а втора да не зборам.... сега одкога останав бремена си ги обожавам попладневните дремки, цел живот толку се немам одморено :D Си доаѓам у 5 и нешто, јадам и се труснувам на спална без разлика дали ќе спијам или ќе дремам или ќе гледам тв, само да сум во хоризонтала хаха.... user posted image

clock-img

10.07.2014, 09:27

clock-img

Mila mamicka

pencil-img

387

Пред да имам дете, секогаш после работа си дремнував еден саат. Кога ќе си дојдев, ќе ручав, и право во кревет. Сега со дете, тоа е невозможно, а и не сакам, сакам цело слободно време да го поминам со син ми, во играње, шетање и сл.

_____________________________

Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.

clock-img

10.07.2014, 10:35

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Море си дремнувам и сега со дете, тоа заспива, си легнувам и јас. Мојата дремка е пократка додуша, таа може и два саати да си спие, а мене доволен ми е и пола саат. Не секогаш, ама кога имам потреба си дремнувам.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

27.11.2014, 08:18

clock-img

caciana

pencil-img

863

Skoro sekoj den si imam popldnevna dremka.Mora DA legnam barem 1cas,onaka DA si gi napolnam bateriite.

clock-img

27.11.2014, 13:53

clock-img

Ilina87

pencil-img

326

Заборавив што беше попладневна дремка user posted image . Порано секој ден си преспивав, но откако се роди син ми се нема време за ништо.

clock-img

27.11.2014, 18:03

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Што беше тоа попладневна дремка?
Додуша никогаш не сум ја практикувала, ама последно време радо би прилегнала, доколку ми се пружи шанса, ама тоа тешкоuser posted image

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

27.11.2014, 23:00

clock-img

scared RR

pencil-img

1349

Не спијам преку ден после ми е мачно и глава ме боли user posted image

clock-img

24.11.2015, 14:47

clock-img

marchi

pencil-img

948

za cudo jas sekogas koga go uspivam stefan me fakja dremka.

clock-img

21.01.2016, 14:23

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

Јас денес си дремнав на работа user posted image
Навистина задремав и тоа со исправена глава. Се препалив кога ги отворив очите, сигурно траеше неколку секунди ама јас мислам со саати спиев user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

21.01.2016, 15:11

clock-img

lukajana RR

pencil-img

1481

Палешка рр такво нешто уште не ми се сличило user posted image сигурно си била преморена или ти било ептен досадно user posted image .
Јас сега слабо имам време за дремка а и додуша си поспивам наутро па и не ми се спие.
Кога одев на работа после ручек обавезно легнував со Лука и дремнувавме малку а сега кога ке ја заспијам Јана ако сум станала рано може да дремнам десетина минути

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

clock-img

06.02.2016, 00:17

clock-img

Sunshine88

pencil-img

73

Никако дремење кај мене преку ден, ако се случи тоа значи дека нешто не е во ред со мене. Прво, ќе ми требаат 2 саати да задремам и за џабе се тоа кога ќе се разбудам уште поуморна, со главоболка. А вечерта нема да се успијам. Така да не ризикувам една попладневна дремка ќе ме чини повеќе од 24 часа неспиење.

Последни статии

article-img