Јас бев бремена невеста. И не ми сметаше тоа. Бременоста беше планирана, АМА и јас како Калипсо, не очекував да останам толку скоро бремена . Јас си живеев кај мм (бидејќи сме од различни градови), ама некако свадбата си ја одложувавме постојано .Прво си рековме ај на лето, кога дојде лето си рековме ај жешко е сега, ај на есен. Дојде есен, си рековме еее ладно ќе фати сега, ај на пролет . И така после цела година мајтапење со домашните, останав бремена и моравме да забрзаме се
За свадбата бев крај на 7ми месец. Не сакаа моите и мм да ја прават на зима свадбата (нели од различни градови, па може да се погоди многу снег, да е замрзнат патот и сл,), па јас морав да си патам за тоа. Ама ако, убаво помина се.
Имав малце комплицирана бременост и си мислев дека ќе се породам во 7ми месец. Само се молев бар до свадбата да издржам да не родам . Два дена пред свадбата почна да ме пецка долниот дел. Си помислив крај, ова е тоа. Последната вечер си уживкав со другарките и најблиските дома, заборавив на пецкањето. Е веќе сабајлето кога отидов на фризер ништо, ама баш ништо не ме болеше . Потоа шминка, облекување фустан, ау мау, дојдоа по мене и тогаш му реков на мм- Е сега може да раѓам, ме зеде од дома.
Верувале или не, цела веќер играв. Ама баш цела. Не седнав. Сите само ми пискаа да се смирам малце. Јас и топтанот си го играв, малешевката и други брзи ора .Да не заборавам, на свадбата му велам на келнерот донеси ми сок од портокал и вотка. Он ми донесува сок од портокал и вода . Сигурно си помислил дека грешка ме слушнал за вотката, кај се видело трудна со стомак до заби да пие вотка. А јас, цело бокалче испив за 6-7 часа .Вечерта т.е сабајлето кога се прибравме дома, трупец на спиење. Бебушко гајле немаше, на свадбата само многу мрдаше, си играше и он.
И така, ништо не излезе од мојот страв дека ќе се породам во 7ми месец. Јас кутра и по термин се породив
Пак да бирам, пак така би направила, САМО многу ми е криво што не можев да си го носам фустанот од соништата, па морав да ускладувам нешто со мојот ОГРОМЕН труднички стомак. Поради тоа и н.фустан го сошив ептен едноставен.
П.С Една моја другарка што исто така трудна правеше свадба си кажуваше дека поповите повеќе не венчаваат двајца , мора да се 3,4 одеднаш
< Поракaта ја уредил blond -- 26.3.2012 13:41:25 >