Приватна болница, не благодарам. Добро кажа некој погоре, секој со своето искуство.
Се породив со првото дете во Систина. Ако поминав убаво, немаше со второто да одам во ГАК. Едвај му го спасија животот на моето дете и тоа нормално откако го префрлија на Детска клиника. Таму не си ги перат рацете со тешки случаи. Посебно ако се работи за човечки фактор, за грешка на лекарот како во мојот случај иако го одбрав по мене еден од најдобрите лекари таму, тој е од самиот почеток, основач на болницата. Во приватните клиники се за убави нешта, нормално породување, бебе кое не сака да цица, па љубезните тетки да и покажат на мајката како треба да го прави тоа што е рефлексна активност на новороденчето. Бебето кое има 5% шанси да преживее се носи на друго место, во Систина немаше можност да му се пружи неопходната нега. Тогаш на мене не ми требаше насмевка и убав чаршаф, а ниту на моето бебе купка мустела, ми требаше само здраво и живо бебе. Добив од докторот кревање на раменици, си отиде кога му заврши смената, дојде утредента. Немаше ниту екстра нега за мајка како мене на работ на нервен слом, ниту убави зборови, затоа што и незнаат што да кажат и направат во тие ситуации. Битно ме прашаа дали сакам медалјони или пастрмка за ручек. Посети ограничени само на еден човек, во кратко времетраење а мене ми требаше утеха и рамо за плачење, но не смеев да добијам, ми се вриштеше, а имав само телевизор во соба.
А коментарот од докторот „овој се раздишал, ќе го носат на клиника“ не сакам ни да го споменувам. За мене моето бебе беше центарот на светот а за докторот „овој“, таму некое си бебе кое може и не мора да преживее.
Да не заборавам да кажам дека породувањето ми го дадоа гратис, не го наплатија, во отпусната листа стои дека сум се породила во 40 недела, а не во 42, ама важно пишува дека сум заминала на сопствено барање. За бебето и неговата сосотојба прв документ е од детска клиника, од Систина нема ништо. Сигурно од душегрижништво да не се вознемирувам кога читам, а и да не можам да ги тужам.
П.с. бебето после три недели одвоеност, веднаш по ставањето на града почна да цица, иако никој не ни покажа.