cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Приватна vs.Државна Болница

  
clock-img

13.09.2012, 09:37

clock-img

Sandric

pencil-img

508

Toa sto go spomnuvate deka sega se pravat poveke ispituvanja od porano, da ne zaboravime deka protokolite za vodenje na bremenost se mseneti i se vovedeni odredeni zadolzitelni ispituvanja PRISCa i sl za koi porano moravme privatno da plakame.
a vo odnos na moeto mislenje po temava samo ke kazam sekoj so svojata sreka. Jas bev so trista vrski na GAK , na kraj doktorkata so me vodese mi otide na odmor, taa na koja i ostavija amanet da me porodi celo vreme si piese kafe i muabet si pravese so sestrite, mene me porodi specijalizantka. Epiduralna ne stasaa da mi stavat zosto mnogu brzo im se otvoriv i na kraj se pomina vo najdobar red, fala bogu.

clock-img

13.09.2012, 10:06

clock-img

mami2

pencil-img

417

Од сите постови ми се чини дека има неколку типови на луѓе
1. Оние кои можат да платат и одбираат да одат во приватна болница по дифолт, се водат по она „можам да платам, сакам да бидам како принцеза“
2. Има некои што можат да платат ама и свесно прават избор, дали ќе биде приватна или државна болница, водејќи се од здравразумско размислување, свое и туѓо искуство, аргументи.. па така и избираат
3. Луѓе кои поради финансиски причини или други причини одбираат државна болница но не паѓаат во трансови зошто е тоа така, ниту имаат желба за наредниот пат да ја променат болницата
4. Оние кои поради финансии се породиле во државна, никогаш не биле во приватна клиника, ама ЗНААТ дека таму е најдобро па солат памет. Често слушам од нив коментари „ако сака мм второ дете нека ми плати приватно“

без разлика кој како избира и каков избор направил, најбитно е здрава мајка со здраво дете во рацете да дојдат дома. Оние што имале среќа да немаат лоши искуства нека уживаат. Ние останатите и покрај се што самите ние и нашите деца сме поминале во оваа или онаа болница, да се радуваме што го имаме највредното во животот.

Оффтопик: постои ли некое друштво за поддршка на родители со трауматски искуства предизвикани со загрозување на животот на нивното дете при раѓањето, ми се чини дека на некои од нас ни е потребно споделување на искуства, чувства, стравови? Форумиве ни станаа вентил.

clock-img

13.09.2012, 10:34

clock-img

new york

pencil-img

131

bas na poslednava kontrola ja prasav doktorkata vo sistina dali e vistina deka nosat rodilki i bebinja vo drzavna, poradi ovie ili onie pricini. i vikam taka se zbori megu narodot. vika toa bese pred 3 godini pred da se otvori novata bolnica, sega imame najdobra neontologija za bebinjata, pa duri i od drzavna ni nosat tuka bebinja. jas ne deka imam pari da se lecam ili poragam vo sistina, ama imam taka loso iskustvo od drzavna sto nema sansi da odam tamu. posle edna intervencija krvarev mnogu a cela vecer nemase doktor da dojde da me vidi. majka mi trcase po hodnici im tropase na vrata, oni zakluceni vnatre si spijat. e pa ne fala, moze napravile se novo ama personalot e toj. moze nekoj si pominal so lesno na drzavno i bas mi e milo, neka ne ima poveke takvi. no jas sepak bi birala privatno. sega vo 18 nedela bev bolna i otidov vo sistina na pregled. dodeka go cekav doktorot me legnaa odma vo soba, mi izmerija pritisok, mi zemaa krv, me pokrija so kebinja i mi dadoa infuzija. da bev na klinika ke cekav so temperatura po hodnici da dojde nekoj da me pregleda...

clock-img

13.09.2012, 11:17

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931


ИЗВОРНА ПОРАКА: mami2


Оффтопик: постои ли некое друштво за поддршка на родители со трауматски искуства предизвикани со загрозување на животот на нивното дете при раѓањето, ми се чини дека на некои од нас ни е потребно споделување на искуства, чувства, стравови? Форумиве ни станаа вентил.



Никогаш не пишав на оваа тема, и никогаш не ја напишав..т.е. ја напишав, ама не ја испратив мојата породилна приказна, токму заради трауматското искуство што го имав. Не сакав да ги плашам другите жени кои тек сега треба да одберат каде ќе се породат со мојата сторија, оти можеби ним нема тоа да им се слчи. Темава требаше да биде место каде ќе се напишат куп информации, како добри и лоши страни на приватните, наспроти државните болници да можат другите да направат изборт. И мами2 навистина ти е добра идеата, и ми треба група на поддршка за надминување на траумата од породувањето, оти сама нема да можам да ја надминам правилно.

Само едно ќе истакнам дека кога жените бараат чиста постелнина и чиста спавача секое утро, чиста соба и чисто купатило, тоа не се хотелски услови од 5 ѕвезди, туку нормални и потребни услови за живот макар и на два дена, за кои патем речено сите ние, без разлика дали се лечиме државно или приватно секој месец плаќаме. И кога имам да поставам некое прашање на некој доктор или некоја сестрра тие се должни да ми одговорат, тоа спаѓа во опис и попис на нивното работно место за кое исто така секој месец земаат плата од тоа што јас, вие и сите ние секој месец плаќаме..ние не сме таму за нив, туку тие се таму за нас!!И сто ова МОРА, ама МОРА да го има во сите болници, без разлика дали станува збор за приватна или државна болница..тоа не е титнтрање туку тоа е минимумот!

clock-img

13.09.2012, 11:22

clock-img

Bjanka

pencil-img

86

Beatris- Mudriot post, go napisav vrz odnova na licno iskustvi i poragaj za prvoto dete vo drzavna bolnica i so vtoro dete vo privatna bolnica..
Pa ti sega sfakaj kako sakas ili kako umees ...

clock-img

13.09.2012, 11:47

clock-img

Ikana

pencil-img

3780

Сега ќе ви кажам искрено, поискрено здравје....5 пати да раѓав, 5 пати ќе можев во приватна болница да отидам, значи финансии кај мене не беа никаков проблем, проблемот беше што ме убедија да одам во државна, поради тоа што ако сум била приватно пак ќе ме прателе во државна оради компликациите. Јас направив грешка што им верував на најблиските и не си го послушав здравиот разум. Мајка ми кога ме хоспитализираа прв пат поради предвремено породување ми дојде на посета и ми шепна во уво, те молам мирувај, бебиња умираат од инфекции тука, а нема сега избор, мора тука да продолжиме. Зошто ја послушав не знам.

clock-img

13.09.2012, 11:50

clock-img

Mrs.Tinka

pencil-img

351

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bjanka

Beatris- Mudriot post, go napisav vrz odnova na licno iskustvi i poragaj za prvoto dete vo drzavna bolnica i so vtoro dete vo privatna bolnica..
Pa ti sega sfakaj kako sakas ili kako umees ...


Sekako deka si najkompetentna da kazes, zasto imas iskustvo i na dvete mesta.
Ima i zeni sto si imale lesen poragjaj i na GAK si zavrsile rabota kako sto treba ama problemot e sto nie odnapred ne znaeme kakov ke ni bide poragjajot i zatoa smetam deka kaj privatnive bolnici nema promasaj ili ima ama vo nekoj mnogu pomal procent. A ima i takvi zeni, sto si pominale loso ama pak ne priznavaat. Imam drugarka sto i se javiv koga se porodi na GAK i bese izoblicen glasot i mi rece "ili baraj vrski i epiduralna ili odi vo privatna bolnica", rikase placese. A posle nekoe vreme mi vika" jas ne znam sto odese privatno i lupna tolku pari, jas super si pominav". Zaboravi na toa sto go zboruvala. Sakav da kazam lugjeto ne se bas sekogas iskreni.

clock-img

13.09.2012, 12:06

clock-img

rina13

pencil-img

1147

ako nekoja se porodila na privatno ne znaci deka e novopecena parajlika princeza sto sakaat da ja tintraat tuku e covecko sustestvo koe bara cista postelina normalno jadenje cista spavaca i najvazno doktoska griza.Jas ne poznavam nekoja zena da otisla vo privatna bolnica da se pragja radi prestiz,pa ako gi davaa i drzavnite bolnici istite uslugi nikoj nemase da stapne na privatno, i da jas gi dadov parite zasto se izmaciv cela bremenost pa sakav da se porodam ko covek a ne da molam po sestri i doktori i da fakjam vrski da bidam humano porodena.I podobro ke idam na privatno otkolku za tie pari da gi potrosam za banalna rabota ko patuvanje,obleki i sl.

clock-img

13.09.2012, 12:09

clock-img

Beatris

pencil-img

3116

Иканче за твојот случај стварно ми иде да ја запалам цела ГАК со се сестри и доктори, а и за уште неколку за кои знам. Од друга страна пак истото би го рекла и за приватниве затоа што познавам и луѓе кои едвај спасиле жива глава, и покрај "најсовремените" неонатолошки услови во приватниве пак биле пратени на Гак или Детска.

Меѓутоа СИТЕ мора да сфатат дека тоа се изолирани случаи и ситуации кои може да се случат и ваму и таму. Од разговор со сестрите на ГАК кои ниту ми се роднини ниту пак пријатели дознав неколку работи:

1. Има сестри кои не треба да се тука ама ете не можат да ги избркаат поради ова или она и тоа е (од друга страна па пријателката која се породи скоро во Систина ми кажа дека и се погодиле 2 чкарт сестри кои се правеле со сила и со 10 пати кажување)
2. Има родилки со став - Јас сум главна и единствена овде и се се врти околу мене, кои со самото стапнување наметнуваат некој одбрамбен нечовечки став, и знаат се однапред, ги навредуваат сестрите и викаат по докторите. Каков однос очекуваат после истите тиа пациенти? Не зборам за однос пациент-доктор него најпрво за меѓучовечки културен однос
3. Слушнав дека на некоја мајка и залепиле шамар на ГАК за време на породување. Во ред е? Не, се согласувам. Меѓутоа прашав и за тој случај. Жената при раѓањето кога главата на бебето веќе скоро до пола била надвор толку силно ги згрчила нозете, што по кажувањето 2 сестри и 1 доктор не можеле да и ги отворат. Се однесувала несвесно, рефлексно или веќе не знам како и доколку продолжела уште пола минута така ќе си го загушела сопственото дете. И.. Добила шамар да се освести што прави. Искрено, до колку би била во таква ситуација, не шамар, бокс да ми удреле ќе им кажев фала

И да не набројувам понатака.

Јас се породив на ГАК, имав апартман за 1 лице, платив 20тина илјади денари за истиот, имав сестра со мене во соба скоро по цел ден за да ми го олесни доењето, спавачи чисти по 2-3 кога и да затреба, чаршави ми менуваа по потреба, исто и улошки (со царски не можев да станувам првиот ден), ми облакаа чорапи ако ми студеше, бебето беше пресоблечено, нахрането, избањато, се како што треба. Се што инсистирав да ми се објасни ми беше објаснето.

Имаше една сестра дебил која што уште кога ќе влезеше знаев дека и се повраќа што го работи тоа што го работи, и да, можев да ја отерам у 3 лепе, ама на шала и со насмевка и спуштав за некои работи па не можеше да ми се истура или да ми глуми лудило. Од 4 дена престој, 1 таква. Епа јбг, тоа е


А колку за инфо, се породив во старата ГАК, а во моментот имавме доволно средства да се породам во било која приватна клиника. И не се работи за цицијашење, штедење или било што, едноставно со здрав разум и после долго размислување одлучив да отидам таму. Најбитно, со најпозитивен став на светот. Со таков и излегов од таму. Кога би бирала сега, воопшто не би се двоумела


< Поракaта ја уредил Beatris RR -- 13.9.2012 12:11:19 >


_____________________________

Whatever you are feeling is a perfect reflection of what is in the process of BECOMING...

clock-img

13.09.2012, 12:37

clock-img

temjana

pencil-img

1159

Абе искрено воопшто не ме засега кој кај се породил, твој памет твоја одлука. Јас на бременоста не гледам како на болест и за тоа не барам посебна нега. Инаку ќе повторам дека многу години се лекувам на приватно и последните две операции ги правев во Ремедика а мајка ми 7 дена лежеше во Систина поради бронхопневмонија што се префрли на срцето. Во такви случаи сакам да ме тинтраат 24/7 бидејки се самосожалувам а на државно со толку пациенти нема да можам да ги малтретирам сестрите и докторите. Но за породување кое доколку се е како што треба ( а ако не е ќе има последици и таму и ваму) за мене едноставно е сулудо да давам толку пари кога природата сама знае што треба да направи. Доколку родилката е спремна психички и физички за тој чин ќе си олесни многу. Инаку на темава се јавив бидејќи ме испровоцира ставот на една членка која со цел памет говори дека којзнае што ќе и е се случело ако отишла на државно. Епа не можев да преќутам на таква небулозна изјава на тема која ја читаат трудници. Ајд сеа поздрав имам контракции и ако не преќинам ќе ве направам пуздерuser posted image

clock-img

13.09.2012, 12:55

clock-img

annabela

pencil-img

49

Interesna tema vo sekoj slucajuser posted image user posted image Jas sum od Skopje mazena vo Ohrid i neli skopjankava kreva calami i skoro cela bremenost ja vodev paralelno Skopje i Ohrid(demek provincija pa kako skopskite lekari poveke znaat sto ne e tocno-ama sega taka mislam) i na pocetokot od mojata bremenost bev ubedena deka ke se poragam na GAK vo SK nekoj da mi prepravese ocite ke mu gi izvadevuser posted image user posted image user posted image Megutoa kako proagase vremeto skopjankava si legnuvase na brasno za da na kraj si se porodi ne vo Ohrid nego vo Struga(zasto ginekologijata vo Oh se renovira) Uslovite vo Struskata bolnica se katastrofa, megutoa moram da go pofalam personalot i sestri i doktori i bolnicari profesionalni usluzlivi korektni. I taka jas so moite 35 godini si se porodiv najnormano najprirodno bez nikakvi vrski, kabli i cuda i si dojdov doma so zdravo pravo dete. Taka da ako imam vtoro dete pak istoto bi go napravila....zasto mislam deka i vo najsovremenata privatna bolnica da se poragas ako treba da se sluci nesto ke se sluci

clock-img

13.09.2012, 14:12

clock-img

temjanuska75

pencil-img

770

Инаку на темава се јавив бидејќи ме испровоцира ставот на една членка која со цел памет говори дека којзнае што ќе и е се случело ако отишла на државно. Епа не можев да преќутам на таква небулозна изјава на тема која ја читаат трудници. Ајд сеа поздрав имам контракции и ако не преќинам ќе ве направам



Мила темјана, јас навистина не сакав никого ниту да испровоцирам, ниту да навредам. Навистина ми е жал што се најде испровоцирана од мојата приказнаuser posted image .

Ова е само форум на кој се споделуваат искуства. Јас токму спротивно од тебе, цело време одев на државно, имав две операции, една во градска болница, една на клиника, и поради грешка на еден приватен гинеколог завршив на онкологија, и на незнам кои све клиники во државна.
Што се немам преживеано и од приватното и од државното имам многу да пишувам.
Но кога станува збор за бебе, за моментот кога го носиш на свет најмилото, си ја донесов својата одлука.
И пак останувам на своето и несметам дека мојот пост е небулозен (како што велиш ти).

Небитно е што мене ќе се случеше ако се породев државно (еее, што се до сега ми се нема случено), битно и најбитно е моето сонце, мојот живот, моето бебе, што на него можеше да му се случи. Му беше пружена негата и вниманието што секое новороденче и приватно и државно треба да ја има.

А да заборивив дека на детска клиника си платив приватен преглед од 2.000 денари, и односот на докторот беше одличен, а кога отидов на контрола по два месеци, со закажан преглед со сини картони, прегледот не траеше ни две минути и одвај една реченица извлеков од него.
Сега одам кај Двојаков, и за целиот негов тим имам најпофални зборови.

clock-img

13.09.2012, 15:41

clock-img

kikicka

pencil-img

4218

Точно! Потполно се согласувам Везилке.
Греота е што сеуште има такви бездушни лекари-паралии! За тие таквите само ќотек им треба па да им дојде умот! А не прчи напрчени мислиш леле којзнае кој се !

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: mami2


Оффтопик: постои ли некое друштво за поддршка на родители со трауматски искуства предизвикани со загрозување на животот на нивното дете при раѓањето, ми се чини дека на некои од нас ни е потребно споделување на искуства, чувства, стравови? Форумиве ни станаа вентил.



Никогаш не пишав на оваа тема, и никогаш не ја напишав..т.е. ја напишав, ама не ја испратив мојата породилна приказна, токму заради трауматското искуство што го имав. Не сакав да ги плашам другите жени кои тек сега треба да одберат каде ќе се породат со мојата сторија, оти можеби ним нема тоа да им се слчи. Темава требаше да биде место каде ќе се напишат куп информации, како добри и лоши страни на приватните, наспроти државните болници да можат другите да направат изборт. И мами2 навистина ти е добра идеата, и ми треба група на поддршка за надминување на траумата од породувањето, оти сама нема да можам да ја надминам правилно.

Само едно ќе истакнам дека кога жените бараат чиста постелнина и чиста спавача секое утро, чиста соба и чисто купатило, тоа не се хотелски услови од 5 ѕвезди, туку нормални и потребни услови за живот макар и на два дена, за кои патем речено сите ние, без разлика дали се лечиме државно или приватно секој месец плаќаме. И кога имам да поставам некое прашање на некој доктор или некоја сестрра тие се должни да ми одговорат, тоа спаѓа во опис и попис на нивното работно место за кое исто така секој месец земаат плата од тоа што јас, вие и сите ние секој месец плаќаме..ние не сме таму за нив, туку тие се таму за нас!!И сто ова МОРА, ама МОРА да го има во сите болници, без разлика дали станува збор за приватна или државна болница..тоа не е титнтрање туку тоа е минимумот!




_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

clock-img

12.10.2012, 22:17

clock-img

kufte

pencil-img

25

new york

ИЗВОРНА ПОРАКА: new york

bas na poslednava kontrola ja prasav doktorkata vo sistina dali e vistina deka nosat rodilki i bebinja vo drzavna, poradi ovie ili onie pricini. i vikam taka se zbori megu narodot. vika toa bese pred 3 godini pred da se otvori novata bolnica, sega imame najdobra neontologija za bebinjata, pa duri i od drzavna ni nosat tuka bebinja. jas ne deka imam pari da se lecam ili poragam vo sistina, ama imam taka loso iskustvo od drzavna sto nema sansi da odam tamu. posle edna intervencija krvarev mnogu a cela vecer nemase doktor da dojde da me vidi. majka mi trcase po hodnici im tropase na vrata, oni zakluceni vnatre si spijat. e pa ne fala, moze napravile se novo ama personalot e toj. moze nekoj si pominal so lesno na drzavno i bas mi e milo, neka ne ima poveke takvi. no jas sepak bi birala privatno. sega vo 18 nedela bev bolna i otidov vo sistina na pregled. dodeka go cekav doktorot me legnaa odma vo soba, mi izmerija pritisok, mi zemaa krv, me pokrija so kebinja i mi dadoa infuzija. da bev na klinika ke cekav so temperatura po hodnici da dojde nekoj da me pregleda...




da taka bilo pred 3 godini no veke ne e.Vo sistina e donesena najnovata tehnologija i se najdobri momentalno vo oblasta na neonatologijata jas se poragav tamu i sum prezadovolna nemoj za nisto da se sekiras spored mene sistina ti e praviot izbor!!!

clock-img

12.10.2012, 23:05

clock-img

Malecka23

pencil-img

1175

SPored mene se se sveduva na sreka,'ksmet sto bi rekle.
Istata debata jas ja imav cela bremenost privatno-drzavno.Vo posleden moment se resiv na drzavno i pak ne zavrsiv neli bez da platam ni manje ni vise 200e i sto dobiv na kraj?trauma za cel zivot luzni sto nikogas nema da izbledat i sonce sto za malku ke go nemase..sega bi rekla ete trebase da idam vo privatna vaka taka.Da da otidev ke dobiev epiduralna ke dobiev ova ona no sepak ako srekata mi bila takva na kraj svet da otidev isto mi se fakase.se e individualno ete nekoj posle poragaj krvarel primer po 50dena jas samo skoro 10 nekoj nemal otoci jas bev ogromna i zatoa od ovaa gledna tocka smetam deka bezcelno e da se rasprava drzavno privatno koj kaj misli tamu neka odi no site iskustva vo sekoj slucaj se individualni i ne treba da se zemaat zdravo za gotovo

clock-img

12.10.2012, 23:29

clock-img

kapina

pencil-img

4327

jas edno ke kazam za privatnite bolnici kolku pari tolku muzika jas sum prezadovolna od nekoj doktori na gak no od nekoj voopsto ne sum zadovolna da ne se povtoruvam sto se mi se ima sluceno tamu

clock-img

24.10.2012, 14:28

clock-img

JanaMarija

pencil-img

192

Ajde i jas da se priklucam na temava. Se porodiv pred dvaesetina dena vo cair. Luge ona e kako vo privatna bolnica-so mali isklucoci. Jas deka i pred da se porodam lezev tamu 2 dena, koga bev da se poragam veke se cuvstvuvav kako doma-site me pamtea i jas gi poznavav i znaev deka sum vo sigurni race, a toa e najbitno za sekoja trudnica-psihicki da e rasteretena. Me ubeduvaa za privatno, potocno za sistina i remedika, ma sfativ deka i na privatno i na drzavno isto ke me boli. A pominav mnoogu lesno, mi pukna vodenjakot pocnaa bolkite i za nepoln saat si ja dobiv princezata. Doktorkata i sestrata sto me poragaa bea odlicni-profesionalni, fini i so razbiranje. Bese sabalje vo 6 i od 4 boksa-4 bea zafateni so trudnici koi istovremeno se poragavme i stasaa site da ne porodat bez nikakvi komplikacii ili cekanja. Mislam nemam zborovi. Po 3 saati na oddelenie, dobivme hrana, voda,i koga se odmorivme ni gi donesoa bebusite i ni pokazaa kako se doi. Pedijatar sekoj den po 2 pati, ginekolog isto, a sestri dezurni po 3-4 vo smena. Topla voda sekoe vreme, ponadata ti ja nosat vednas, mozes da se vidis so najbliskite preku prozor-sto da bide poveke. Se bese vo red i ne pustija po 2 dena. I sto e najbitno bebeto nemase nikakvi infekcii, kako sto kazuvaat nekoi mamicki.

Moj sovet e deka Cair e dobar izbor. P.S ne bev so vrski, a pominav kako so vrski :))))

_____________________________

Go sakam zivotot

clock-img

24.10.2012, 15:02

clock-img

sandriana RR

pencil-img

2924

user posted image Мило ми е што еве,уште има примери со позитивно искуство и од државните болници - родилишта. На почеток на темава имам пишувано- и јас се породив во Чаир пред 14 месеци, и во суштина сум задоволна од условите и негата што ги добивме и јас и бебе (пошто user posted image беше 4 дена на одделение, поради инфекција од мекониум, па физиолошка жолтица). Тоа што очекував, тоа и најдов.
Сепак, да не се повторувам- секој со свое искуство и очекувања user posted image

< Поракaта ја уредил sandriana -- 24.10.2012 15:03:08 >

clock-img

05.01.2013, 15:34

clock-img

ivemace

pencil-img

84


ИЗВОРНА ПОРАКА: Beatris RR

Имав можност и средства да се пораѓам во приватна болница, НЕ САКАВ. Како прво, ако сакам да одам во хотел со 5 ѕвезди ќе уплатам за на одмор, а не за во болница. Луѓе која и да е - БОЛНИЦА е. 1500-2000 евра за 3-4 дена, не фала.

Се породив на ГАК, бев сама во апартман (за 3000 ден на ден), ми чистеа по 3 пати, менуваа постелнина, добивав по 2-3 спаваќи во денот, колку и да треба. Имаше кој да ми помогне за туширање (со царски бев), за шетање, за доење за бебето...

Сега да треба да се породам, истото би го направила без око да ми трепне. Па подобро тие пари за детето ќе ги чувам него ли да ги фрлам за нешто што поминува за секунда...

Инаку, колку за информација ЈАС бев таа што прва викаше дека нема шанси да се пораѓам (некогаш) во државна user posted image user posted image user posted image  Кога размислив подобро, сфатив дека ќе бидат џабе фрлени пари


Na ovaa tema ushte dolgo kje ima sprotivni stavovi, sepak go delam tvoeto mislenje. Dva pati vo Cair, dvata prirodno bez nieden problem.

clock-img

05.01.2013, 15:34

clock-img

ivemace

pencil-img

84


ИЗВОРНА ПОРАКА: Beatris RR

Андрианче храната на ГАК не беше леб и шпагети... Нема врска. Секој ден имаше месо, ориз, салата, нормален ручек, исто и доручек и вечера.

Ова за пресоблакањето ме чуди, затоа што јас кога бев user posted image  ја пресоблакаа 2-3 пати на ден, зборам за облека, за пелена менување на 2-3 саати.

Апартманската сестра буквално седеше по цела смена кај мене зошто имавме проблем со цицањето, да не беше таа гарант ќе закачев маститис и температура, ме молзеше по 100 пати мислам у денот... Me научија и за бањање и за хигиена на папочето, се комплет. Иако бев со царски од прв ден дома сама си ја бањав А.

Е сеа јбг секој со своето искуство. Не осудувам никој што дал пари за приватно, и јас бев порано на тој памет, ама сега откако пројде се 100% сум убедена дека не направив грешка. Напротив, јас во болница си поминав ептен убаво user posted image  

Пак ќе кажам секој со своето искуство, и од државните и од приватните има и задоволни и незадоволни... Битно user posted image  ни се живи и здрави, тоа е најбитно...


potpis !

clock-img

05.01.2013, 15:46

clock-img

Cipi Ripi

pencil-img

1010

Јас можам да разберам на некој да не му се допаѓаат државните болници, било да е нега, било доктор, било кревет...значи било што, и да си отиде на приватно.
Ама сега во овој момент не можам да разберам некој да отиде во Чаир покрај новата ГАК, во тоа дувло со лебарки. Разлика се светлосни години.

clock-img

05.01.2013, 16:28

clock-img

temjana

pencil-img

1159

Значи за услови и хигиена во новата ГАК нема потреба да се коментира прекрасно е со големо П. Секоја соба со по 2 кревета со сопствено вц, тв, кадичка и пресоблекувална за бебето. Уште на боксот дојде сестра и ми покажа како да ја дојам. Храната беше како во авион значи за мене не баш вкусна ама никако па лоша. Доаѓаше навечер една најзлатна сестра со чуден имиџ како од 80-тите во Бугарија user posted image што ги проверуваше и ги преоблекуваше бебибињата во текот на ноќта. Значи јас сум револтирана од тоа како течеше моето породување бидејки во тие утрински часови никој не се пораѓаше значи нема изговор дека немале време да ми посветат внимание. Јас буквално ги разбудив бидејки јаките болки ми почнаа некаде накај 2 ипол сабајле и дојде една сестра ме качи на бокс и повремено наминуваше. Значи нит да ми објасни некој што да очекувам нит па да се претстави ако ништо друго од општа култура немаше да им падне устата ако ми кажеа добро утро јас сум д-р тој и тој или сестра таа и таа и сега значи ќе ти ставам ова ти треба вака да правиш... значи да бидат луѓе и да се однесуваат со пациентите како со луѓе а не како стока да ги третираат.Мрмкаа нешто без везе јас ги прашувам тие како мрмути. Пууу си велам одвратни луѓе ја имаат една од најубавите работи нови животи секој ден гледаат и вака негативни бреее. Ама нема врска за среќа не беа сите такви останатите сестри и доктори беа горе долу во ред што не е за фалење бидејки тоа им е работа ама пусто навикнати сме на лош арогантен однос од докторите па кога ќе покажат малку човечност нам ни се чини како кој знае што да направиле. Море треба една петиција како хрватите што направија да престане силувањето во родилиштата, бидејки тој однос е еднаков на силување. Доаѓаат ти се дерат, те проверуваат без да ти објаснуваат со гнасни фаци како месари... што е тоа ако не силување и изживување, па уште и кога ќе се најде некоја неписмена сестра да ти каже а убаво ти беше кога го правеше епа ти се иде да и ја скршиш таа глупата тиква. А за приватните мислам не коментирам бидејки истите гадови од доктори и сестри што сега ти лижат газови исто така се изживувале кога работеле во државно. Само во странција би се пораѓала Македонија не знам баш дали би му се доверила на некој мрмут бил од приватна или државна клиника исти се не ги бива за к Извинете на долгиов пост ама МОРАЛНО бешеuser posted image user posted image user posted image

clock-img

05.01.2013, 17:12

clock-img

Simona_k

pencil-img

299

хахаххаха така е Темјана која траги-комедија е ова во нашава државичка.
Кога го прочитав постов прво се изнасмеав а сега ми се плаче зошто знам што ме чека...
Точно си напишала се!!

clock-img

05.01.2013, 18:41

clock-img

Andriance

pencil-img

2140

ИЗВОРНА ПОРАКА: ivemace


ИЗВОРНА ПОРАКА: Beatris RR

Андрианче храната на ГАК не беше леб и шпагети... Нема врска. Секој ден имаше месо, ориз, салата, нормален ручек, исто и доручек и вечера.

Ова за пресоблакањето ме чуди, затоа што јас кога бев user posted image  ја пресоблакаа 2-3 пати на ден, зборам за облека, за пелена менување на 2-3 саати.

Апартманската сестра буквално седеше по цела смена кај мене зошто имавме проблем со цицањето, да не беше таа гарант ќе закачев маститис и температура, ме молзеше по 100 пати мислам у денот... Me научија и за бањање и за хигиена на папочето, се комплет. Иако бев со царски од прв ден дома сама си ја бањав А.

Е сеа јбг секој со своето искуство. Не осудувам никој што дал пари за приватно, и јас бев порано на тој памет, ама сега откако пројде се 100% сум убедена дека не направив грешка. Напротив, јас во болница си поминав ептен убаво user posted image  

Пак ќе кажам секој со своето искуство, и од државните и од приватните има и задоволни и незадоволни... Битно user posted image  ни се живи и здрави, тоа е најбитно...


potpis !



За останатото нема да коментирам пошто само сум слушнала не сум видела...ама за леб и шпагети ти гарантирам!!! видов со свои очи!!!

Многу мајки наназад на темава имаат пишувано за нередовното пресоблекување на децата а за присуство на сестра во соба па да не ни зборам..научна фантастика...кај тебе верувам дека било поинакуи бидејки си била преку врски..башка и во апартман...тие секогаш (за жал) имаат поинаков третман.

како и да е на темава секогаш ќе има многу различни мислења...и тоа е сосема во ред. има и такви што се незадоволни од приватните само што бројот тука е неспоредливо помал..
она што мене ме вади од кожа е муабетот " имам пари ќе се пораѓам како принцеза" - ма немој молим те..ја најмалку отидов приватно заради себе...ама искрено ме мрзи тука да објаснувам понатка..кога би имала врски дебели на ГАК - прва ќе е пораѓам таму ( најдоброто е што најверојатно за кратко време и ќе ја имам user posted image )

< Поракaта ја уредил Andriance RR -- 5.1.2013 18:43:05 >


_____________________________

Зборовите и времето користете ги правилно!!! Ни едното ни другото не можете да ги вратите!!!

clock-img

12.03.2013, 10:02

clock-img

Gaia

pencil-img

65

Да ве прашам нешто. Со мм одлучивме да се пораѓам во една од приватните болници, најверојатно Ремедика, но ме интересираше која според вас е подобриот избор? Каде нудат подобри услови, попристапни цени (ма да мислам дека Ремедика и Систина се тука негде со цените), подобра нега за новороденчето и мајката, постручен кадар итн... Фала однапредuser posted image

Последни статии

article-img