Ајде сега за се по ред.
Изгубив невиност на 18 години, после 2 месеци врска со дечко ми. Не дека се чував нешто, него пред тоа ептен не сакав врска, се ми беше забава, а пусти страв да не ме боли, барав ,,човек од доверба,,. Кога се случи тоа, не го сакав дечко ми, туку сакав секс. И не се каам, искрено мислам дека сексот е здрава работа и нема потреба од апстинирање (освен од здравствени причини).
Сега, еве гледам Ники прашува што со малолетниве. Ники, факт е дека децата имаат секс. Нема тука што, сакале родителите или не (вие скоро сите сте родители, еве јас не сум, спаѓам во категорија деца). Знаете ли што е најстрашно??
Родителите мислат дека нивните деца се прелажани за да имаат секс. Верувале или не. Еве отворете на glamstik.mk и чудете се. Јас со уште неколку девојки се обидуваме да го средиме хаосот кој владее меѓу младата популација (и не толку младата, жени од 25 години прашуваат работи за кои би требало да зборуваат со гинекологот кога прв пат ќе имаат секс), а девојчиња од 13,14 години зборуваат за орален секс, па и секс. И што е најстрашно, меѓу себе си даваат совети кои врска немаат со точност, и сето тоа е еден голем магичен круг. Не можете ни да замислите колку време и напор вложувам таму, само затоа што живееме во такво општество, каде што сексуалното образование ,,ќе ги научи децата на секс,, а учењето религија демек ќе ги заштити од несакана бременост и сифилис, не дај боже ХИВ.
Секоја чест на дечкото што тука прашал (а замислете да праша другар, и да му лупне некоја глупост, и да направат проблем од целата ситуација?). Тоа се деца кои немаат добра комуникација со родителите, срам/страв им е да прашаат. Јас секогаш отворено сум зборувала со мајка ми за секс, па не сум имала потреба да запаѓам во дилеми, до ден денес си ја прашувам ако нешто не ми е јасно (а не ми текнало гинекологот да го прашам).
Целта ми е, од мојата генерација да создадам ако ништо друго, барем сексуално освестени родители кои ќе знаат дека децата нивни имаат секс, и кои ќе остварат комуникација со истите. Вие сите сте родители, со помали или поголеми деца, немојте да заборавите дека вашите деца секако ќе имаат секс, сакале вие или не, и зборувајте со нив за тоа. Ако вие не почнете, тие па ич. И вие еднаш бевте тинејџери, и ете гледам, скоро сите сте почнале меѓу17-20 години.
Алармантно е тоа што многу млади денес користат абортус како средство за контрацепција, и уште пострашно, сексуално се активни по 4-5 години а не одат на гинеколог, затоа што им е ,,срам,,. Не дозволувајте никогаш вашите ќерки да прават вакви глупости, или да користат сода бикарбона како контрацепција, или да се тушираат спротивно од гравитацијата, или да мислат дека при секс со перница ќе останат бремени...... затоа што не сфаќаат сами, дека со коцкањето со сексуалното здравје денес, го прокоцкуваат утрешната бременост и мајчинство.
И сепак, подобро тука да прашаат, него таму каде што ќе добијат погрешен совет.