ИЗВОРНА ПОРАКА: Џесика РР
Bethany, sin mi duri I povrakja ako mu kapne od hranata, mnogu mu trebase da navikne, duri I spageti ne jade od gadlivost, makaroni ne pipnal so.prste, samo jas da mu davam. Se spremam sl. nedela da se konsultiram so strucno lice I za ova, pokraj drugite problemi. Inaku sin mi ima 4 god. I pred nekoj mesec uspea da jade sam, ama koga bi go prasala, nikad ne bi. Tesko mi e mnogu, osobeno sto mi prefrlaat deka sme go razmazile pa zatoa ne sakal da jade, ne me razbiraat koga im vikam deka toa e problem.
Џесика, и јас сум загрижена дека ќе имаме проблем во иднина. Толку одбивност има спрема храна, интересно дека од мало бебе со него имам проблем со млеко, па сега и со јадење. Како да воопшто не е заинтересован за храна, да почуствува вкус, не знам зошто така. Ќе проба од моето јадење и толку, со раце сам знае да јаде бисквита или некој кекс, смоки, макарона нејќе ни да пипне, ако стави раката во чинија случајно веднаш ми подава рака да му ја избришам итн. А многу често знае и да поврати, јас добив впечаток дека е поради тоа што јаде механички и некогаш само таложи во једњакот и го иритира и се исповрати. Така мене ми изгледа. А да не зборам дека пред некој ден почнав да му давам ситно сецкано месо и зеленчук пасирано со виљушка, ама и тоа мора да биде малку потечно инаку се гади, се задавува. Не сака да јаде ништо што е лепљиво, гриз, палента мора со повеќе кис.млеко за да проголта. Не знам што е работа.
Знам дека и јас и мм сме биле тешки на јадење, залаг со саати во уста, ама јас разбирам тој некој период кои има секое дете, ама ми веруваш дека тој никогаш не би побарал да јаде. Затоа и се плашам дека ќе имам гооооолем проблем со самостојно јадење. Инаку е интелигентен, добро се развива, се разбира како поголемо дете, освен што не збори, се се споразумеваме со мимика и гестикулација (ајд уште се тешам има време), не јаде и го мрзи да џвака. Е тоа ми е убиство!