за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Јас разбирам дека децата имаат и фази кроз кои минуваат... Да знае да јаде и да сака, па после да му дојде некој период да нејќе да јаде би ми било полесно, туку мене овака кога го гледам мислам дека нема да има желба никогаш. Апетитот му е така-така. Се друго поинтересно од храна. Се охрабрувам дека кога уште повеќе ќе разбира, дека самиот и ќе бара. Што знам, тешам се... Еве сабајле му направив чоколино, тоа воглавном сака да јаде, му викам ајде ти сам, тој ја земе лажица во рака и принесе до уста. И тоа е чекор некој, нели? Меѓутоа, лажицата му беше исправена и дел од храната падна на него, на столче на хранење и тој веднаш ја остави лажицата и се откажа од понатамошно хранење. Сепак, гледам ја разбира поентата, ама нејќе, не му се валка... Педантерија е и на мама и на тато... ама овако мал веќе, што ќе стане кога ќе поодрасте... Ќе му дадам време, еве кога ќе стопли времево, таму на лето, таман ќе има година и пол и ќе инсистирам повеќе. Барем полесно е и туширање почесто, ако треба јас ќе го мачкам, хаха. АнаМоли ме насмеја твојот чистунец, тако мали тако захтевни бреее
05.01.2013, 10:34
TARA1
40
MIslam deka e prerano na 1,5 godina da jadat sami. Uste koordinacijata na racete ne e dovolno precizna za da moze ubavo da go pravi toa. A plus ima vrem,e ke naucat, pa koj ne naucil
05.01.2013, 11:03
Bethany
4534
ИЗВОРНА ПОРАКА: TARA1
MIslam deka e prerano na 1,5 godina da jadat sami. Uste koordinacijata na racete ne e dovolno precizna za da moze ubavo da go pravi toa. A plus ima vrem,e ke naucat, pa koj ne naucil
Е така е... јас за се нешто викам има време... не џвака- па кој не проџвакал, не сака да јаде сам- па ќе научи... Ама, треба да се тренираат секако, не очекувам да биде професионалец, ама како ќе стане ако не вежба. Ако на година и пол почне да се вежба, веќе до 3 години треба да си јаде се сам, така во мојта глава некако, да оди полека се. На една пријателка дете, има 16 и пол месеци, цел копан зема во рака и јаде сама, шпагети сама јаде, да не видов со свои очи немаше да верувам, ама па детето си обожава да јаде, затоа си и е и извежбана. Секој напредува во област која сака, а јас гледам дека син ми е слаб на тоа поле, па веќе сега се припремам полека да оди читав процес.
05.01.2013, 11:20
TARA1
40
Tie takvite si se apetitlii zatoa si jadat sami. Ne moze dete sto ne e po jadenjeto da ima zelba use i da se maci za da jade
05.01.2013, 17:28
Simona_k
299
Би го напишала истото од Тара1 сосема точно
05.01.2013, 23:13
taisa
163
dolgo ne sum pisuvala na forumov no prasanjevo nesto me zaintrigira i ne mozev da odoleam neodamna citav na internet mislenje na pedijatar tokmu na ovaa tema vo koe se kazuva deka na bebeto od 8iot mesec treba da mu se dava t.n. finger foods odnosno sitni zalcina hrana koja ne e ni tvrda ni meka kako na primer obaren zelencuk ,ovosje ili pomeko nesoleno sirenje/kaskaval bas so cel da se podobri taa kordinacija so racete odnosno 'pincer grip' sto vo prevod bi bilo fatot pomegu palecot i pokazalecot ,a veke od dvanaesetiot mesec da mu se dade i lazica iako napomenaa deka nema da bide najuspesno hranenjeto so lazica e vazno da se pottikne bas koordinacijata.Mojata kerka ima 13 meseci i veke eden obrok vo denot sama si go jadi vo stolce ke ja sednam i vo plasticno tanjirce ke i stavam hrana i sam si ja rucka a nekogas i za uzinka i davam cherios ili nesto slicno i si se pocastuva so lazicata ne sme najuporni zosto ne sum vo sostojba da peram i cistam po nea zosto sum 39 nedela
05.01.2013, 23:39
amateuress
253
е син ми исто не е мераклија за јадење, ама со цртани, играчки, занимации, прифати дека мора да се јаде и сега не прави проблеми, помирен е со судбината. уште во летото (сега има година и пол) го гледав се обидуваше да јаде сам со лажица, ама обично празно лажиче му давав, зашто полно немаше шанси сам да го стави во уста. иначе, ич не се гнаси, сака да шлапка во храна со рачињата, па понекогаш му давам, ама тоа завршува секаде освен кај него во уста. единствено што јаде сам се двете работи што го обожава, а тоа се капини и лубеница, ама во летото се правеше ЛОМ нормално, па ретко го оставав.
и сега пред некој ден го видов дека посегнува по лажичето додека го хранев, па си викам ајде, може му е убаво јадењето, сака сам. и му давам него чисто лажиче, малиов си го зема, си нацрпува од кашичката, и оп - мене во уста. и така главна финта сега ни е тој да ме рани додека јас го ранам него. му давам посебно чинивче и лажиче, и си се раниме...
06.01.2013, 00:29
Pepelaska *
3820
ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany
ИЗВОРНА ПОРАКА: TARA1
MIslam deka e prerano na 1,5 godina da jadat sami. Uste koordinacijata na racete ne e dovolno precizna za da moze ubavo da go pravi toa. A plus ima vrem,e ke naucat, pa koj ne naucil
Е така е... јас за се нешто викам има време... не џвака- па кој не проџвакал, не сака да јаде сам- па ќе научи... Ама, треба да се тренираат секако, не очекувам да биде професионалец, ама како ќе стане ако не вежба. Ако на година и пол почне да се вежба, веќе до 3 години треба да си јаде се сам, така во мојта глава некако, да оди полека се. На една пријателка дете, има 16 и пол месеци, цел копан зема во рака и јаде сама, шпагети сама јаде, да не видов со свои очи немаше да верувам, ама па детето си обожава да јаде, затоа си и е и извежбана. Секој напредува во област која сака, а јас гледам дека син ми е слаб на тоа поле, па веќе сега се припремам полека да оди читав процес.
И моето јаде само , значи и месо, и шпагети или нешто друго.Сега му е хит да јаде со виљушка.Не дека е некој јадач ама битно знае и сака да јаде сам.Ама има денови кога го мрзи и вика давај ми.А за чистота исто како Филип на Анамоли, аман веќе . Мислам дека немаш потреба од грижа и мислам дека подобро е прво да му даваш со рака да јаде ,како што те читав не сакало да допре храна, мора прво тоа да научи , да осети на рачињата што би се рекло ,па постепено на лажица да преминете.
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
06.01.2013, 09:17
AnnaMolly RR
6409
ИЗВОРНА ПОРАКА: taisa
dolgo ne sum pisuvala na forumov no prasanjevo nesto me zaintrigira i ne mozev da odoleam neodamna citav na internet mislenje na pedijatar tokmu na ovaa tema vo koe se kazuva deka na bebeto od 8iot mesec treba da mu se dava t.n. finger foods odnosno sitni zalcina hrana koja ne e ni tvrda ni meka kako na primer obaren zelencuk ,ovosje ili pomeko nesoleno sirenje/kaskaval bas so cel da se podobri taa kordinacija so racete odnosno 'pincer grip' sto vo prevod bi bilo fatot pomegu palecot i pokazalecot ,a veke od dvanaesetiot mesec da mu se dade i lazica iako napomenaa deka nema da bide najuspesno hranenjeto so lazica e vazno da se pottikne bas koordinacijata.Mojata kerka ima 13 meseci i veke eden obrok vo denot sama si go jadi vo stolce ke ja sednam i vo plasticno tanjirce ke i stavam hrana i sam si ja rucka a nekogas i za uzinka i davam cherios ili nesto slicno i si se pocastuva so lazicata ne sme najuporni zosto ne sum vo sostojba da peram i cistam po nea zosto sum 39 nedela
Одлично напишано. Се сложувам дека треба од помала возраст да се практикува ова. Нормално дека ќе ве чека огроооооооооооооооооооомен неред по оброкот, ама според некои истражувања децата иако повеќе валкаат, повеќе храна внесуваат кога јадат сами.
_____________________________
Live and let live
06.01.2013, 12:15
Bethany
4534
И мојов мене ме храни, и медо го храни и на сите играчки им дава да јадат, само не на себеси. Има добра координација за своја возраст и тој пинцета-фат, ги фаќа ситни предмети убаво и се по ред, ама ете нема желба тој самиот себеси да се храни, нејќе да се валка. На лето ќе вежбаме повеќе. Дури и јас кога го хранам, се друго му е побитно од храна и јело, секаде се само врти, да фати нешто, да види нешто, нема концентрација тој за храна. А инаку за тоа фингер фуд, имам гледано дека некои им даваат на бебиња од 6 месеци, значи нема правење каши и слично туку веднаш сами да се учат да јадат, па колку изедат. СЕкако тогаш уште им е примарна храна млеко, ама јас не би можела до толкав екстрем да одам. 6 месеци бебе да било што е можно побргу самостално, па бебе е, сакам да биде бебе, барем додека е бебе... Не знам, уште една америчка работа што не ми се допаѓа ако е спроведена до толкав екстрем.
05.02.2013, 19:33
tnade
304
Teodora na 25-ti ke polni dve godini, a veke dva meseca jade sama. POrasav vo gradinka mi rekoa deka oni gi hranat, a doma nema sansi da se doblizam do cinivceto, i stavam pelena i devojkata jade "PAMA"
i moram da napomenam jadenjeto go zavrsuvame uredno, bez nered okolu nas, dobro malku na pelenkata kapnuva ama nisto strasno
< Поракaта ја уредил tnade -- 5.2.2013 19:37:21 >
11.03.2013, 09:44
Calypso
1386
Моето прашање е како да го научам, односно, да го поттикнам син ми да јаде сам? Зборувам за користење на прибор. Со раце јаде, она што може да се јаде, не е проблем. Ама искрено, не секогаш сака сам да јаде. Ќе касне два пати, ќе му досади и ми вели „мама дава“. На 14 ќе полни две години, а не сака да јаде сам. Како да го поттикнам да користи лажица и вилушка? Ај, барем лажица де, да не брзаме со вилушки. А инаку, нема што немам пробано. Сам јаде од 8-9 месеци, ама сега како да е мрзлив...
_____________________________
All that is gold does not glitter, Not all those who wander are lost; The old that is strong does not wither, Deep roots are not reached by the frost.
11.03.2013, 09:53
sandriana RR
2924
А да не брзаш со лажицата, да не се капете насекаде Шала на страна, обиди се преку игра, на пример да те храни тој тебе, или некое мече/играчка, па може ќе посака потоа сам себе да се храни со прибор. Мислам дека е поедноставно со пластична вилушка, полесно да ја донесе храната до уста, те поуспешно, па потоа со лажичка. Т многу сака сама да се храни, и имаше обиди уште на 13-14 месеци, ама не е вешта со течна храна и лажица - ја врти наопаку,надолу и прави лом. Затоа и дозволувам само со кремаста храна да вежба - павлака, млечен намаз и сл.
11.03.2013, 10:43
Calypso
1386
Не му давам течна храна со лажица, супата се уште му ја давам јас. На пример, гриз, палента, такви работи му давам сам да јаде, т.е да се обидува. Гледам дека малку криво ја држи лажицата, ама добар е во координацијата, нема проблем со носење на храната до устата. Проблемот е што не сака да се потруди. Вчера на пример, лазањите ги излапа со раце. Малку повеќе лом направи, ама дај Боже да јаде сам, па за чистење више-мање. Ставам весници под столчето и го оставам што сака да прави. Ама работава е што му е поинтересно да си игра со храната и да ја расфрла отколку да ја јаде ама ајде, белки ќе се научи. Не ќе го хранам цел живот
_____________________________
All that is gold does not glitter, Not all those who wander are lost; The old that is strong does not wither, Deep roots are not reached by the frost.
11.03.2013, 10:50
AnnaMolly RR
6409
Ќе се научи, Калипсо. Јас па имам проблем со Филип затоа што сака СЕ сам да јаде. А бидејќи не сака манџа-супа надробена со леб, ова јадењево ми станува голем проблем. Па така ако имаме супа му ставам крупни лебни трошки внатре (домашни направени од леб, не презла), колку да му се згусне. А манџа ако имаме на пример грашак, му ставам мнооооогу зрнца и малку течност. Се прави ЛОМ ама успешно јаде сам. Други работи на пример лепче намачкано, кајгана, палента... си јаде без проблем и без неред.
Исто така со раце обожава да јаде. Компири, макарони, салата се со раце јаде.
_____________________________
Live and let live
11.03.2013, 10:53
Luci
2250
Јас до сега само два пати сум му дала сам да јаде со вилушка и лажица и од сега почесто ќе го практикувам тоа. Еве на пример вчера, доручкуваше пржено лепче со јајце и сирење. Му дадов мала вилушка и со неа го боцкаше издробеното лепче на парчиња и сирењето и слатко си се најаде, ем јас раат ем он среќен што вилушка држи
_____________________________
Рани куче да те лае!!!
11.03.2013, 10:54
mila28
1052
Sin mi sam pocna da koristi lazice od 12-13 meseci, projavi zelba i ne ostavase drug da go rani, sakase se sam. ke mu oblecev ligavce iscelo so rakavcinja i go ostavav,sega ima 14,5 meseci i mozam da kazam deka znae pravilno so laziceto da zeme i stavi vo usta. Supi, corbi nemoze seuste sam , megutaoa cokolino,kasi pasirani,snegulku so jogurt seto toa sam, paralelno jas so edno lazice on so drugo i taka jademe :) Pota mali parcenca hrana, mevce, brokula, leb,sirence i dr jade sam so raceto. ako kolku pobrgus naauci , polesno za mene
_____________________________
Your children will become what you are; so be what you want them to be
11.03.2013, 11:01
arh_diz
7198
Koga bese pomal mu bese interesno da jade sam , sega mi vika na mene rani me:) Ako jade sam jade poveke so raka :)
_____________________________
Биди тоа што си
11.03.2013, 11:01
Calypso
1386
Па јасно дека е подобро колку побрзо научи да јаде. Фала на сите за советите. Знам дека кога тогаш ќе се научи, ама јас сакам да може сам да јаде пред да одиме летово на одмор пораат да сум таму де шегата настрана, навистина ми е чудно што за многу работи пројавува интерес и ги има научено, а за ова не. А не е дека одбива храна, напротив, си бара.
_____________________________
All that is gold does not glitter, Not all those who wander are lost; The old that is strong does not wither, Deep roots are not reached by the frost.
11.03.2013, 11:50
vezilka RR
4931
ИЗВОРНА ПОРАКА: arh_diz RR
Koga bese pomal mu bese interesno da jade sam , sega mi vika na mene rani me:) Ako jade sam jade poveke so raka :)
Баш вчера сивикам која грешка ја правам. Сега Никола сака сам да јаде,се..и супа и главното јадење. Ама пустото тоа трае и трае. И кога немам сто саати за чекање, јас му викам чекај да ти помогнам. А знам дека децата еден период им е интересно сами да јадат, па после има фаза кога пак сакаат ние да ги раниме. Е тогаш кога ќе дојде оваа фаза, ќе му викам па голем си можеш сам. Хе, возрасни, кој да ги разбере
11.03.2013, 12:11
Bethany
4534
Ја напишав пораката и нигде ја нема...
Инаку, се сложувам со тебе Везилка, кој ќе ги разбере нас возрасните.. Кога имам живци, кога немам живци да го чекам
Калипсо, и син ми не пројавува никаква желба сам да јаде, сака да ја гмечи храна со раце, да шлапа со рачиња, мислиш со пластелин се игра Ќе стави и нешто во уста, ама тоа е ништо, брзо губи интерес, и јас мислам дека го мрзи. Со лажица кога се обиде, му падне, па бара да го избришам и се откажува, со виљушка нешто и ќе набада, ама поинтересно му е јас да го хранам. Не се ни возбудувам, одлучив на лето кога ќе е потопло, повеќе ќе се ангажирам, полесно ќе е и за чистење и перење и сушење. Ќе исфрлам теписите надвор и нека прави што сака. Вистина дека е полесно сам да јади, ќе му дадеш и ќе бркаш работа друга, ама ќе дојде и тоа, нема вечно ние да ги храниме. Во моментов ми е побитно да е најаден, па друго ќе си дојде.
11.03.2013, 12:27
Calypso
1386
И мене ми е најбитно да е најаден, па како ќе биде тоа, дали јас ќе го нахранам, или сам ќе се најаде, не е важно. Го имам приметено дека кога на менито има јадења кои ги сака, јаде без проблем, сам. А кога има јадења кои баш и не ги сака (леќа, боранија и слични) тогаш мрчи, иако јаде кога јас му давам. Значи да не се секирам, ќе се научи кога ќе му дојде времето Ама мислам дека многу зависи и од детето. На пример, внуките од брат ми се различни. Поголемата е второ одделение, и уште понекогаш изразува желба некој друг да ја храни, за разлика од помалата која има 4 години и од многу мала возраст (не знам точно кога беше) почна сама да јаде, и се лути ако на пример некоја од бабите се понуди да ја нахрани. Ама пак, помалава повеќе јаде сува храна, за разлика од поголемата, не е по манџите и зеленчукот. До детето ќе да е.
_____________________________
All that is gold does not glitter, Not all those who wander are lost; The old that is strong does not wither, Deep roots are not reached by the frost.
13.03.2013, 13:40
blond
1268
Мојот јаде сам од годинката. Т.е тогаш почна некаде да се обидува, а веќе од 14-15 месеци сам си јаде и ретко му капнува. Многу е внимателен кога јаде, устата шиииииииииииироко ја отвара и ако има нешто застанато на обравчето или на устата од надвор, внимателно си го прибира со лажичката/вилушката.
13.03.2013, 13:52
Мими
50
Некаде од две години јаде сам ама не секогаш.Обично кога е манџичка јас му помагам а кога е погусто си јаде сам.
23.04.2013, 16:52
omorfo89
215
Ќерка ми од 22-риот месец јаде сама , еднаш и оставив лажицата сама да проба на почетокот се размачкуваше секаде ,но еве сега на 25 месеца правилно ја држи вилушката/лажицата и нема шанси да ти даде да ја раниш