за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Тортата со која се завршува свадбената веселба е неизоставен дел од денешните церемонии. Но, она што е интересно е дека овој обичај датира од многу одамна. Првите торти се правеле од пченица, како симбол на плодноста и благосостојбата. Старите Римјани уште пред 1900 години приготувале мал колач од пченица и сол при венчање. За време на свадбата, младоженецот јадел дел од колачот, додека остатокот го прекршувал врз главата на невестата. Тоа се сметало за знак на добра среќа, благосостојба и многу деца. Само децата чии родители го направиле овој адет можеле да имаат повисоки позиции во римското општество. Со оглед дека тие колачи со тек на време станале торти веќе не било изводливо да се кршат врз главите на невестата. Овој обичај е останат и денес, но само во некои области на Шкотска.
Во средновековна Англија свадбениот колач всушност бил леб кој се служел и на други прослави. Станува збор за многу мали лепчиња наредени како кула од карти преку кои младите требале да се бакнат. Во текот на 17-от век, за време на венчавката, омилено јадење станала невестинската пита. Нејзина главна состојка била стаклениот прстен. Девојката која ќе го пронајде прстенот е следната на ред за мажење. Но, ова јадење почнува да исчезнува во 19-от век, под налетот на свадбените торти. Во почетокот тортата ја сечела и делела само невестата, но потоа, со зголемувањето на бројот на гостите тоа станало непрактично, па во тоа се вмешал и младоженецот. Од друга страна, за оваа постапка се врзало и верувањето за заедничко хранење на младите, кое ќе доведе до слога и голема љубов во бракот. Првите торти на повеќе катови се правеле за претставниците на англиското благородништво. Кога готвачите и слаткарите откриле како да ги стабилизираат слоевите на тортата, таквите слатки почнале да стануваат неизоставен дел на свадбените церемонии. Некогаш, долниот дел од тортата се јадел на свадбата, средниот се делел на гостите да го однесат дома, додека горниот дел се чувал замрзнат и се користел при крштевката на првото дете.
извор:гурман
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
30.09.2009, 10:58
profesorica
5709
Каква беше вашата свадбена торта?
< Поракaта ја уредил Maca RR -- 12.4.2012 14:55:47 >
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
30.09.2009, 13:01
penelopa
3419
Mojata bese vo oblik na razigrani kocki, na tri sprata, šampanj boja so beli rozi...ja naračavme od Kanela...bese vkusna samo taa glazurata što ja pravat od lokum epten teško se seče...inamu dobra beše
_____________________________
"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu
03.10.2009, 12:33
mother 29
4405
Нашата беше на 7 спрата ама на постолје по две и најгоре една.беше златна дувана ....фантазија,за прв пат ја направија за свадбата,после отиде во каталог(во нашата слат. работилница).штета што ги немам сликите на стик,ке мора да ја скенирам,ај ако не заборавам-утре.вреди да се види,може ке има и некоја порачка!
21.01.2010, 11:38
mami
8680
еве ја нашата и долу има ушт едно парче кое не се гледа..беше многу вкусна, подарок од ресторанот и обично доаѓа со некој ситен огномет кој излегува директно од неа, ама ние не го сакавме тоа па само со свеќички и тивка музика ја донесоа. А имаше и торта за роденденот на кумот и уште една торта подарок од роднините на мм. Прекрасни беа сите три
< Поракaта ја уредил Maca RR -- 12.4.2012 14:56:05 >
18.02.2010, 15:50
ripce
2148
Ние имавме неколку
оваа е главната од моите и родителите на мм
од вујна ми и вујко ми
од кумата и кумот
од вујната и вујкото на мм
од старосватовите
_____________________________
"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."
18.02.2010, 16:17
acka
133
nasata torta navistina bese prekrasna i na vkus i na izgled.
< Поракaта ја уредил Maca RR -- 12.4.2012 14:56:51 >
_____________________________
sekoj go gleda nadvoresniot izgled a mnogu malku znaat koi sme navistina.
18.02.2010, 16:55
Cacko
1127
taa sto ja seceme e svadbenata,a taa do nea od kumovite
ovaa e od kolegite na mm
18.02.2010, 17:04
denicka
620
ИЗВОРНА ПОРАКА: mami
еве ја нашата и долу има ушт едно парче кое не се гледа..беше многу вкусна, подарок од ресторанот и обично доаѓа со некој ситен огномет кој излегува директно од неа, ама ние не го сакавме тоа па само со свеќички и тивка музика ја донесоа. А имаше и торта за роденденот на кумот и уште една торта подарок од роднините на мм. Прекрасни беа сите три
i nasata bese ista vakva. duri i postoljeto i navistina bese mnogu vkusna.
_____________________________
Bless and you will be blessed!
18.02.2010, 19:37
Палешка РР
7505
И нашата беше слична..ама неможам да ви ја покажам од проста причина што кога се мажев немаше дигитални фотографии
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
03.01.2011, 00:00
Natuska85
3613
Мислам дека ја имав најгрдата свадбена торта што може да постои,пошто не се договоривме со кумата,додуша не ме праша каква сакам,туку сама си нарачала.А толку слики има во компјутер за тоа каква торта сакам да имам на свадбата,ама ете....
_____________________________
"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."
24.02.2011, 22:27
suzeto
1297
jas ja imav najmalata torta neznam zosto ne se dogovorile kako sto treba kolkava ke bide itn....ne deka ne stigna za site no nebese taka raskosna kako vasite ...bese na tri sprata no eden na eden od najgolem do najmal ...najdolu bese kolku eden pleh....koga e vidov se razocarav i se zasramiv
25.02.2011, 11:24
Martins mom
3342
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.
25.02.2011, 11:32
skorpijana
683
mojata bese na 5 sprata ali ne mi se dopadna ni na jadenje a ni na izgled baska pola ni ja ukradoa vo hotelot kelnerite
25.02.2011, 12:02
Nadezna
647
ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom
02.04.2012, 18:50
moni teo
351
еве ја мојата торта од свадбата ја порача кумата имаше слободен избор и не е задоволна затоа што платила за уште многу китки но тие не ставиле
03.04.2012, 12:10
moni teo
351
еве уште една слика тука се гледа поубаво тортата
03.04.2012, 17:29
vanessa30
663
Eve kako izgledase mojata torta, ali bese prevkusna inaku bese od Zaga (Bt) " target="_blank">http://
03.04.2012, 22:52
Annet
2404
ufff mojata torta bese najubava;-)))) se razbira na mojata svadba ihih
07.04.2012, 16:59
kikicka
4218
Еве ја ,јас и мм се клештевме оти и загазивме да ја сечеме а она пола замрзната беше едвај ја исековме .Инаку беше на 3 спрата не се гледа едниот ,за вкус вкусна беше и то.Мене мнг не ми беше убава за изглед (не е баш како јас што посакував)бидејќи не стигнав да ја одберам јас туку кумата и така немам коментар
_____________________________
Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."
24.05.2012, 18:12
sani 13
196
annet kikicka od kade se vasive torti???? epten se ubavi i jas se mislam od kade da naracam?? ima mnogu ubavi mesta i neznam sega za kade da se odlucam!!
13.06.2012, 16:34
kikicka
4218
Sani od Kavadarci e mojata.
_____________________________
Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."
12.09.2012, 18:44
babyblue
88
nasata torta bese nikakva na vkus, na izgled bese taka taka dobra, jas bev vo slatkarata i si odbrav boja i izgled, bese besplatna od restoranot i resivme za toa da ne frlame pari, izgledase pristojno ama bese grozna, kako sunger, bese rozeva i na tri sprata nisto posebno, toa mi bese najgolema utka na svadbata ama zatoa pa kumot i starovaticata imaa doneseno prekrasni torti e tie bea poln pogodok, da znaev da stavm slika ke stavev, od kumot bese plavo zelena na dva sprata a od starosvaticata bese malo crveno ovosno srce. prevkusni