Михаела и јас досега ко тебе слично, сабајле банана па геврек, па јаболко (летото и други видови овошје), какао, лажица мед, па после или сендвич од дома правен или нешто готово (гледам да е интегрално) или проја од дома или овесни снегулки со вода, суво овошје и мед. Јас сум 19 недела и сум 3ипол кила поправена. Често носам и цеден сок од дома во пивски шишиња хаха. Ич не ми прави ќеф кога морам да купувам бело пециво бидејки ми прави неубав вкус во устата, ама тоа е, некогаш немам избор.
Ајде ако има некој други предлози што од дома да се носи на работа за јадење нека пишува. Јас досега имам вакви идеи:
- сендвич со интегрално лепче, путер, вајкрем, кисели краставички, кашкавал и сецкани маслинки
- домашна проја со интегрални брашна и сиренце
- киноа со кромид, пченка, може краставички и маслинки
- овесни со вода и мед
- летото, салати најчесто шопска со сиренце и интегрално лепче
- бомбици микс од : урми, суви смокви, бадеми, лешници, ореви, кокосово брашно и кокосово масло (ГИОБОЖАВАМ) сето изблендирано
- непечен сочноглед, тиква, бруснмца за грицкање
- чат пат смоки со јогурт
- ориз од дома, тој стои и до пладне
- макарони остаток од претходен ден (по можност интегрални)
- цеден сок спремен од вечер со цвекло, лимон, морков и портокал
- пица од вчера ако останало некое парче (дома праена по можност)
- хумус со на ленти исецкани моркови, пиперка и кисели краставички, јами јами
и тоа е, може ке ми текне и друго, обожавам да јадам