cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Прашања до стручно лице за јога вежби?

clock-img

10.03.2012, 14:57

clock-img

meU87

pencil-img

454

Здраво, јас сум нова на форумот и имам едно прашање.
Почитувана Анче,
имам познавање од јогата, вежбав пред година време, а сега дома си практикувам се она што ми е останато посебно пранајамата,не ја изоставам, а и чувствувам голема потреба од тоа со оглед на моменталната состојба во која се наоѓам.
Имено бремена сум 7недели, меѓутоа поради одредени компликации ми е забрането движење , работење и препорачано ми е строго мирување до трети месец.
Баш поради фактот што на некој начин имам вовед во јогата, знам кои се придобивките од неа , важно ми е да ја применувам и во бременост, посебно ми е важно да поработам на свесноста со што сметам дека би си помогнала во месеците и моментите кои ми следуваат.

Би сакала да Ве прашам за мислење, од кога би можела да применувам јога (со оглед на забраната која ја добив од лекарот), и дали ќе ми штетат класичните вежби кои се за трудници или сепак ќе ми биде потребна посебна програма???
Ви благодарам, имајте убав ден

clock-img

18.03.2012, 02:29

clock-img

Анче

pencil-img

25

Здраво и од мене
Секоја трудница што прашува кога да започнам со јога часови одоворот е после 12 недела од бременоста, а во вашиот случај се додека трае забраната од лекарот.
Кога ке добиете согласност од вашиот лекар можете да започнете со вежбање, би ви препорачала обавезно со инструктор, немојте сама зашто се разликува програмата т.е. вежбите.
За овој период бидејќи веќе сте имале искуство со јога можете да ја работите јогиската релаксација и стомачното дишење.
И најважно од се бидете позитивна и трпелива, се ке си дојде на свое место.
Ви посакувам убава бременост

clock-img

18.03.2012, 02:41

clock-img

Анче

pencil-img

25

Здраво Надица
Интересен е датумот кога си ја пишала поракава, тоа беше последниот час одржан во топ форма, сега часовите за бремени се одржуваат во Планет Ајурведа (подетални информации на сајтот на јога сојузот)

clock-img

11.03.2013, 23:36

clock-img

Кона

pencil-img

7

Дали е доволно два пати неделно да се вежба јога? И дали тоа ќе има позитивен ефект врз породувањето?

Последни статии

article-img