ИЗВОРНА ПОРАКА: Neurotoxin
Мајки да ве прашам, малата има две години, лани зимата кога ќе настинеше знаеше да и се зацрвенат обравчињата, мм ми викаше дека тоа е затоа што е здрава, но мене искуството ме научи дека кога ќе почнат да и се зацрвенуваат образите за некој ден она одма почнуваше да крева температура, нос, грло и сл. Сега е да речам здрава (малце носот и е разлигавен) ама образите веќе две недели и се константно црвени, како кругови, кога ќе ја допрам на местото е топла, некогаш на ладно и се смирува црвенилото. Егзема и сл. не е зашто не е ни сува кожата ништо. Имал ли некој вакво искуство да ми пренесе пред да почнам да барам лекари?
Во врска со постов што го имам оставено на темава, сакам да споделам искуство. Користев јекодерм, пантенол, три дена кортико, колд крема на мустела... ништо не ја смири. Последно се решив да земам некоја крема за атопична кожа, ја земав на еуцерин кремата, и сега нема црвенило, по два-три дена забележав се намалува, сега нема никакво црвенило, со кремата сме некаде на пола, ја мачкам само два пати, насабајле и навечер и можеби некогаш и измеѓу ако се случи да ја бањам или мијам лицето.
Исто така, со консултација со педијатарот овде на рр, и нашиот педијатар, установивме дека може да станува збор за хиперсензитивност на некои хемикалии, па намалив и со средствата за чистење, прашоците и др. средства при перење. Во храната не сменив ништо освен наместо комбинација од чаеви која и ја давав насабајле, сега практикувам само еден вид чај, само планински на пр, или само брсуница, само шипка...
Чувствував должност да го споделам искуството, со право некој би очекувал одговор, како што и јас сум очекувала додека активно ве читав за да најдам одговори за моите тековни ситуации и проблеми