cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Мени во детските градинки

clock-img

02.07.2015, 12:37

clock-img

Gardenia

pencil-img

682

Фала ви,горе доле ок е,ама ова лимонот на бебе од 9 месеци некако не ми иде,а и млеко кравјо не планирам до година да и давам,ама ај за еднаш во денот добро,само да не и прави нејзе некој проблем

clock-img

10.09.2015, 13:55

clock-img

Melanija RR

pencil-img

7052

Гардение како е со исхранат,почна ли со градинка?

Завчера бев да ја земам уплатницата и гледам поинакво мени.За деца до 24 м и од 24 м до 6 год ,од старт нелогично.
Намаз од тука,кромид и уште нешто.
Ќе треба да пишам тоа да не му даваат,како и пржено лепче и мед во чајот.Во група со деца од 18м до 2 год и 7 месеци ми нема логика туна и мед


_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

clock-img

11.09.2015, 10:04

clock-img

AnnaMolly RR

pencil-img

6409

Еве ја листата за јаслена група до 2 - 2,5 години во 13 Ноември.

user posted image
user posted image

_____________________________

Live and let live

clock-img

16.09.2015, 10:55

clock-img

AneLav RR

pencil-img

1110

Во нашава градинка ми рекоа дека менито го прави медицинска сестра , сеуште не е истакнато и појма немам што им даваат на децава. Рекоа дека оваа недела ќе го истакнат. Не знам дали е исто на ниво на држава.

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

clock-img

16.09.2015, 11:20

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Кај нас мислам дека е исто на ниво на општина, но имаме и само 4 градинки. А инаку во другите градови мислам дека секако се разликува. Сепак сите мора да се водат според некои препораки.
Кај нас и има само една ужинка, но како што гледам, во др градинки и млеко/чај се води како ужинка, а кај нас тоа им го даваат заедно со појадокот.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

16.09.2015, 15:31

clock-img

Melanija RR

pencil-img

7052

Градинките се под општината а менито не е на ниво на РМ.Во Срничка градинките е поинакво.По обемно е , не дека е лошо.Во октомври кога ќе оди М ќе го сликнам.

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

clock-img

16.09.2015, 16:04

clock-img

Gardenia

pencil-img

682

Меланија го видов вчера менито,истото е што го постираше ти поназад,инаку уште не сме почнале ,почнуваме утреuser posted image

clock-img

18.09.2015, 15:22

clock-img

Bethany

pencil-img

4534

Не сум задоволна од менито во градинката во која оди син ми.
Порано беше подобро, сега се едно исто се врти: наутро лепче со крем, или мармелад, или маргарин, или павлака. Некогаш палента.
Со појадокот чај, млеко (кое не добиваа преку лето, демек поради опасност од расипаноста на жешково, или јогурт)
За ручек знам дека секој понеделник е гравче со пудинг, па еден ден имаат ориз, еден ден макарони со нешто, па зелка манџа и компир манџа.
Ова е веќе неколку последни месеци, се надевам дека ќе се поправат малку наскоро, менито им е многу сиромашно user posted image


_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

clock-img

19.09.2015, 18:44

clock-img

mommy_angels RR

pencil-img

1543

И кај нас ручекот е баш ист.Понеделник грав или леќа(преку една недела се менува),потоа ориз со мевце,грашок со мевце,зелка манџа и тестенини со сос и ќофте со пире.Обавезно придружувано со сезонска салата(колку и што јадат децата е друга тема).Првата ужинка е или сезонско овошје или сок,доручекот е ок,но втората ужинка е катастрофа(солени стапчиња,переци и сл.)

clock-img

04.05.2016, 20:06

clock-img

aloevera

pencil-img

20

Дали има некој мени од 11 октомври во јасли што им даваат?

clock-img

13.05.2016, 13:30

clock-img

lolla RR

pencil-img

925

Пред некој ден имав прилика да видам бебешко мени во градинката позади универзална и морам да кажам дека сум разочарана, останав без зборови. Доручекот е катастрофа мелен ориз со млеко, пудинг со млеко варен морков со риба и лимон user posted image , сутлијаш, оризови снегулки со млеко ???? епа тоа ли е соодветен доручек за дете до 2 години. Ужинка овочен сок, чај со лимон, или некој ден овошна каша. За ручек ок, само миксот на намирници им е полн погодек за гасови и болки во меше кај деца, пример грав со јогурт, месо со скробови, месо со јогурт. Даваат и пилешко кое сигурно не е домашно. За втората ужинка не коментирам, пиа горе мами енгелс. Коментарот на мајка ми која работи во градинка, беше, за 1500 ден што сакаш user posted image user posted image user posted image user posted image

clock-img

28.08.2016, 12:59

clock-img

marchi

pencil-img

948

bi sakala da prasam dali e dozvoleno vo gradinka deteto da ponecuva so sebe hrana od doma?moeto so vakvo meni povejke gladno ke mi ostane,prebirliv e.

clock-img

28.08.2016, 17:05

clock-img

blue_blue

pencil-img

893

Во градинка храна од дома не смее да се носи. Замислете што ќе се случи ако сите 20 и кусур деца носат јадење од дома. Кој ќе се грижи истото соодветно да се чува и да внимава кое јадење чиво е. Градинка е колектив, како за сите така и за твоето. Ако е алергично на нешто треба да пријавиш и тоа нема да му го даваат а нема да има ни некоја соодветна замена. Нејќу повеќе да коментирам за храната оти кога ќе ви тргнат децата во градинка ќе сфатите дека таа е најмал прпблем таму. Што и да направите со киноа, амарант, цејлонски цимет, кокосово масло и авокадо нема да ги ранат. Целиот систем е дебело трул и верувајте нема шанса да измените ама баш ништо...едино решение ако толкуве грижи храната ви е да не идат во грдинка. Но, верувајте дека таму храната е најмал проблем...нек ви тргнат во градонка па ќе ме разберете што зборам

clock-img

31.08.2016, 11:00

clock-img

elenak

pencil-img

2004

Сериозно, а што очекувате? Дома ќе си ги храниме како што сакаме, реално не може во градинка да очекуваме дека ќе ги хранат со нешто што бара повеќе време за подготовка. Они гледаат да е брзо и едноставно а некогаш и доста чудно. Како шпагети и супа за ручек, или леќа во комбинација со варено јајцеuser posted image Бидете среќни кога барем имаат овошна ужинка, кај нас нема тоа, т.е се случува еднаш во месец да донесе некое јаболко цело. А од зденка со леб мене ми е смачено веќе, мислам дека најредовни се со тоа за доручек. За кисело млеко и јогурт не сум слушнала дека даваат, палента имале ама не правеле дека децата не јаделе тоа.
Ама ок, ние барем цело време ја зимаме во 12 пред спиење па одма јаде дома кога ќе дојде, таму каснува колку да не и е празно мешето па тераме некако.
Само приметувам огромна разлика,кога оди во градинка почнува да ги јаде и дома манџите што не ги јадела претходно. Сигурно толку и се невкусни таму што дома после се и превкусно.user posted image И добро е!

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

clock-img

31.08.2016, 11:50

clock-img

marchi

pencil-img

948


ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak

кога оди во градинка почнува да ги јаде и дома манџите што не ги јадела претходно. Сигурно толку и се невкусни таму што дома после се и превкусно.user posted image И добро е!


user posted image e moeto mandza ne saka da vidi,od godinka ipol navamu ne jade. ocekuvam tamu pokraj decata da "nauci" da jade poraznovidna ishrana.doma prebira.

Последни статии

article-img