cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: Мени во детските градинки

  
clock-img

07.10.2014, 13:03

clock-img

AnnaMolly RR

pencil-img

6409

А бе ако е гладно детето, секако дека може да му дадеш да си јаде, макар и сличен оброккаков што имал во градинка за ручек. Филип никогаш не скал да јаде обилно после градинка, па така сам си воведе ред околу ова.

_____________________________

Live and let live

clock-img

07.10.2014, 13:08

clock-img

Mihaela 2010

pencil-img

4230

Melanija isto sme i nie,vo 11.30 rucaat,spijat pa nakaj 2 im ja davaat uzinkata,nekogas e jabolko pa go nosi doma,nekogas e puding ili kifla dali blaga ili solena si ja jade tamo,so zenata doma stignuva nakaj 2.30 se presoblekuva mie race,i nakaj 3.30 i dava da si ruca i bas i ona si bara i se jade...taka da ke si vidis,ako si bara normalno ke si jade dete ako ne pokasno ke dades

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

clock-img

07.10.2014, 13:10

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977


ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany

....... ако имаат овошје, нема банана на секое дете, туку мислам една банана оди на 2-3 деца и така. Ама добро, оброците им се блиску, па затоа се по малку.



Е со ова ме потсети, и кај нас исто прават, ако има банана им ги делат на половина, и кој сака уште му даваат. Ама најверојатно со се исто прават - пред некој ден и давав на М нешто да јаде после градинка, а таа ми вели: „Ама јадев, знаеш колку многу? Две половина кифли каснав!!!“ И нејзе тоа и изгледа многу, бидејќи првото си го изела, па побарала и второ, а всушност тоа е целата ужинка, само што им го делат зошто може сите дечиња не јадат толку, па ако ја отворат бананата цела, а некое изеде пола, ќе треба другото да го фрлат.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

07.10.2014, 13:14

clock-img

Mihaela 2010

pencil-img

4230


ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany

....... ако имаат овошје, нема банана на секое дете, туку мислам една банана оди на 2-3 деца и така. Ама добро, оброците им се блиску, па затоа се по малку.



Е со ова ме потсети, и кај нас исто прават, ако има банана им ги делат на половина, и кој сака уште му даваат. Ама најверојатно со се исто прават - пред некој ден и давав на М нешто да јаде после градинка, а таа ми вели: „Ама јадев, знаеш колку многу? Две половина кифли каснав!!!“ И нејзе тоа и изгледа многу, бидејќи првото си го изела, па побарала и второ, а всушност тоа е целата ужинка, само што им го делат зошто може сите дечиња не јадат толку, па ако ја отворат бананата цела, а некое изеде пола, ќе треба другото да го фрлат.


E kaj nas pak ne delat tuku im davaat celo,primer cela banana,cela blaga krofna ili cel sirenjak
Vo odnos na dorucekot,primer koga imaat przeni lepcinja,ili lepce so nesto namackano,im davaat po polovinki kriski,taka im se iseceni,pa ete i jas koga ke ja prasam M kolku lepcinja izede ona mi vika dve,sto znaci dve polovinki odnosno cela kriska..

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

clock-img

07.10.2014, 13:14

clock-img

Melanija RR

pencil-img

7052

Да зависи од детето може дента послабо јадел се не е баш вкусноuser posted image
Ова со пола банана,кифла ми е несватливо user posted image па кој знае колку е една порција.Што вика Бетани една црпка па на некои им е малкуuser posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

clock-img

07.10.2014, 14:23

clock-img

AnnaMolly RR

pencil-img

6409

Еве една порција ручек во 13 Ноември. Мислам дека е доволно обилно.

user posted image

_____________________________

Live and let live

clock-img

07.10.2014, 15:17

clock-img

Bethany

pencil-img

4534

Тоа порција како за мене user posted image
Кај нас пола од таква чинија, па и плитка.
Ама не знам што се жалам јас кога моето синче ни тоа малото не изеде се. Кога би ја видел волкава чинија па,нема да сака да оди во градинка веќе user posted image



_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

clock-img

07.10.2014, 15:37

clock-img

AnnaMolly RR

pencil-img

6409

И јас кога видов колку им даваат се зачудив Бетани user posted image
Затоа реков да ви покажам дека мислевте оти е малку. Е сега не знам како е во другите градинки, можеби навистина малку ставаат.

_____________________________

Live and let live

clock-img

09.10.2014, 22:57

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Ова ми е чудно што велите една банана ја делеле на двајца зашто кај нас му даваат по една исто и кифла кога имаат, дури и некогаш ако не ја изедат ми ја праќаат за дома. А за леб баш вчера го прашував М, на сабајле му давале по 2 кришки и немало повеќе, тој побарал уште едно, ама немалоuser posted image

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

27.10.2014, 15:24

clock-img

Mila mamicka

pencil-img

387

Син ми скоро почна да оди во градинка, и воглавно, сум задоволна од менито во градинката. Јас пред да тргне во градинка, најмногу се плашев во врска со исхраната, затоа што 2 и пол години се трудам да го хранам здраво, и не сакав целиот тој труд да ми падне во вода. Пред да го запишам, убаво се распрашав за менито, и бев 90% задоволна од оброците што ги имаат. Да видев дека им даваат мајонез, паштета, виршли, кечап, еурокрем и сл, немаше да го пуштам во градинка. Фала Богу, такви работи нема, едниствена замерка ми е што овошје имаат малку, јас би давала секој ден овошје за едната ужинка што ја имаат. Ама, нема се идеално, така што, општо земено, менито е добро.

_____________________________

Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.

clock-img

28.10.2014, 09:09

clock-img

Defne90 RR

pencil-img

1991

Јас сум презаадоволна од менито во градинката.Им преовладува пред се здравата исхрана,многу овошје и салати со главниот оброк.Понекогаш им даваат и нешто благо секако,ама пред се на мени е овошјето.Секогаш се грижат секое дете да биде нахрането и секогаш има и репете за оние кои сакаат уште.Дури и синко вели дека му се допаѓа храната многу во градинката и секогаш е задоволен со изборот за денешниот ден.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

clock-img

09.11.2014, 00:35

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Летото помина, а тоρтиците и смоκите останаа на мени за жал
Епа мила мамичκа овошјето ќе му го надоплнуваш дома, не може да очеκуваме деκа таму ќе ги задоволат со се, доволно е што се најадени и наспани, па дома ќе им даваме овошје




_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

10.11.2014, 07:57

clock-img

Mila mamicka

pencil-img

387

Во право си Сноувајт, ние секако овошјето го надополнуваме дома. Но муабетот ми е дека не можам да разберам зошто имаат потреба да има даваат тортици и смоки наместо овошје за ужинка. Сега темата за здравата храна е се поактуелна, па се надевам дека ќе ги избришат овие ужинки од менито на некои градинки.

_____________________________

Најдобрата работа што еден татко може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка.

clock-img

10.11.2014, 10:28

clock-img

elenak

pencil-img

2004

Нашата градинка дури нема ни мени, што им носат дента тоа готват.user posted image Малку ми е чудно тоа, неколку пати побарав мени ама нема, и се случува да се повторуваме, ако имаме денес за ручек ориз Ј да јадела и во градинка ориз, или шпагети, и баш затоа најмногу сакав да добијам мени ама тоа е. Овошје имаат многу ретко, наоѓам одвреме навреме некое јаболко во ранчето,остало е се некое благце. Е сега кај нас добро е што Ј не јаде баш таму, некогаш јаде малку, некогаш ич, па дома кога доаѓа во 12 јаде задолжително овошје и кога станува од спиење руча со нас па тераме некако. Од оваа страна па и добро е што не сака да јаде таму.user posted image Кога ја носам сабајле тоа на запршки корне цела градинка, што ли ставаат во манџите којзнае.

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

clock-img

10.11.2014, 14:13

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042


ИЗВОРНА ПОРАКА: Mila mamicka

Во право си Сноувајт, ние секако овошјето го надополнуваме дома. Но муабетот ми е дека не можам да разберам зошто имаат потреба да има даваат тортици и смоки наместо овошје за ужинка. Сега темата за здравата храна е се поактуелна, па се надевам дека ќе ги избришат овие ужинки од менито на некои градинки.



Епа кај нас минатата година на родителската го презентираа менито за здрава храна и баш и една родителка изреагира како толку малку овошје, па одговорото беше дека ете покрај здравата храна што ќе ја јадат таму, овошјето дома ќе им го надополнуваме, и ок беше тоа, баш поради тоа што барем таму здраво се хранеа, па остануваше само овошје дома да јадат. Ама сега како гледам пак вратија некои работи од нездравото мени и не можам да сфатам што е работава. Мислам јас не дека му забранувам и не му давам смоки да јадат, ама искрено јас скоро никогаш не му купувам такви работи, јадат само ако сме на гости или ако некој им донесе и затоа се нервирам зошто таму смоки да им даваат, баш некни кога бев да ја земам Јана и како беа сите седнати в трпезарија и смоки јадат дали јадат со сласт

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

10.11.2014, 14:43

clock-img

miana

pencil-img

6152

Јас сум презадоволна од менито во нашата градинка. Единтвено што не ми се допаѓа е тоа што им даваат сок на растварање - натурана.
Инаку денес знам дека имаат грашок манџа ( керками ги вика - зени топци , зелени топчиња во превод ) Речиси секој ден за ужина имаат овошје, банана, јаболко и сл.
Им даваат секој ден свежа салата ( краставица, брокула и сл. ) Имам евиденција што се им се носи во градинката и така знам што се јаде моето дете. До сега немам примедба. Двете деца ми беа презадоволни од храната во градинка user posted image

_____________________________

Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.

clock-img

10.11.2014, 22:28

clock-img

Felly RR

pencil-img

7977

Јас пак позадоволна би била со сок за растворање, одколку овој кај нас што го даваат од 5 денари (не им даваат редовно, но понекогаш), без ништо природно во него. Овој барем 90 % е вода.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

clock-img

11.11.2014, 22:40

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Леле и мене κосата ми се κρева κога ќе ги видам тие од 5 денаρи, сρеќа за дома ни ги даваат, па таκа го избегнуваме пиењето, е сега κај М не знам дали им даваат, аκо им даваат тој највеρојатно го пие , бидејќи нема κај него за дома user posted image

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

11.11.2014, 23:25

clock-img

mamicki

pencil-img

1111

Kaj nas ne im davaat sok, tuku ovosje. Inaku, menito e istaknato javno i ok e, go povtoruvaat dva pati vo mesecot (10 dena razlicni jadenja, pa pak od pocetok listata). Dobivaat riba i pilesko, nema meleno meso, shto mi e drago.

clock-img

09.06.2015, 11:48

clock-img

vanessa30

pencil-img

663

Moeto since odi vo Gradinkata vo Karpos 1, i vo odnos na menito sum zadovolna, ima madzicki, salata, standrd sto jadime i po doma. Za uzinka nekogas im davaat onie zitarkite so med i suvo ovosje- nutrio na Vitalija i gledam deka gi obozava. Za uzinka im davaat jabolko banana i portokal i gledam i ovosje im e zatapeno. Duri go kazuvaat deka nekogas i repete si zima za jadenje. Edinstveno nesto sto doma nemozam da go nateram da jade se citrusive i se od ovosje sto e pokiselo, a vo gradinka bez problem im jadel mandarini pod insistirawe na vospituvackata, i zatoa sum mnogu zadovolna.
Edinstveno nesto mi e sto obrocite ne im se rasporedeni - mislam rucek imaat vo 12 casot i posle spijat i posle edna ovoska za uzinka, a go zemam vo 16.45 od gradinka koga ke go donesam doma on e pregladnet, pa moram nesto da zemam za vo kola da izgricka zada se zalaze do doma dodeka da rucame.
A i deteto e apetilija nemam zbor. Duri mislam deka vo gradinka pozdravo go ranat otkolku nie doma bidejki i nie doma i babite i dedovcite znaeme da go razgaluvame so cokolada, kinder jajca....

clock-img

09.06.2015, 16:44

clock-img

mommy_angels RR

pencil-img

1543

Околу квалитетот на храната сме дискутирале повеќепати,но она што навистина е проблем ,според мене е исто така распоредот на оброците.Кога јас го земам детето,тоа е пред 15 часот е во ред,таман си доаѓа,ама кога маж ми ја зема навистина ми е жал за детето.Од 12.30 часот до 16.30 само неколку солени стапчиња user posted image .Треба малку да се поведе ред околу ова,ако не може поинаку,кој сака да си доплаќа,за плус некоја ужинка или нешто слично

clock-img

10.06.2015, 09:24

clock-img

Neurotoxin RR

pencil-img

413

Моето дете е вечито гладно, мислев само до нејзе е, некогаш имаат ужинка банана, некое тортиче или обланда, тогаш некако се трпи, али луѓе, кога ја праќаат со портокалот или јаболкото во раце, јас неможам да ја донесам до дома, значи таа е друго дете, на мисла сум да и земам нешто да јаде по пат

clock-img

10.06.2015, 14:08

clock-img

vezilka RR

pencil-img

4931


ИЗВОРНА ПОРАКА: mommy_angels RR

Околу квалитетот на храната сме дискутирале повеќепати,но она што навистина е проблем ,според мене е исто така распоредот на оброците.Кога јас го земам детето,тоа е пред 15 часот е во ред,таман си доаѓа,ама кога маж ми ја зема навистина ми е жал за детето.Од 12.30 часот до 16.30 само неколку солени стапчиња user posted image .Треба малку да се поведе ред околу ова,ако не може поинаку,кој сака да си доплаќа,за плус некоја ужинка или нешто слично



Па нели им даваат и една ужинка после спиење. Кај нас даваат некоја кифла, некое овошје или погачица. И секогаш кога го земаме со себе носиме овошје кое го јаде по пат до дома.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

clock-img

01.07.2015, 11:56

clock-img

sandriana RR

pencil-img

2924

user posted image
user posted image

Еве ја листата на јадења за јаслените групи од нашата градинка Буба Мара, за месец Јуни.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

clock-img

01.07.2015, 21:19

clock-img

Melanija RR

pencil-img

7052

Gardenia ова мени ќе го имате,а со сезоната и тоа се менува.Можеш да видиш од табелата на sandriana RR

Ова се слики од мени од градинка Срничка,клон Калинка но се за сите срнички user posted image

user posted image
user posted image
user posted image
user posted image
user posted image
user posted image
user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

Последни статии

article-img