Еве еден текст кој го најдов на интернет за темава
Родителите многу ретко ги загрижува замислената игра на нивните деца со кукли и играчки. Но кога ќе го фатите вашето дете активно да комуницира со никого или ништо, тогаш почнувате да се грижите дека можеби нешто не е во ред.
На околу две и пол години децата често создаваат замислен пријател. Некогаш дури ќе создадат и цела група на замислени пријатели. Иако некои луѓе, на ова однесување, гледаат како нешто необично, реалноста е дека две третини од децата имаат замислен пријател во некој дел од нивниот развој, што укажува на тоа дека е сосема нормално однесување.
Најчеста предрасуда е дека само осамени деца имаат замислени пријатели. Но, всушност, повеќето деца кои создаваат измислени пријатели доаѓаат од семејства полни со љубов и имаат пријатели во градинка или на училиште. Децата создаваат измислени пријатели бидејќи се обидуваат да воспостават контрола во нивниот живот. Вашите деца неможат да одлучат дали да одат или не во градинка и нивните пријатели не секогаш сакаат да си играат онака како што тие сакаат. Но, нивниот измислен пријател секогаш ќе прави она што тие сакаат.
Додека некои луѓе сметаат дека измислените пријатели се составен дел од развојот на децата, проучувањата го имаат докажано спротивното. Многу креативните деца се способни да измислат и да ја одржуваат во живот сагата за измислената личност. Не изненадува фактот што истражувањата го покажале дека децата со измислени пријатели имаат тенденција да бидат покреативни, независни, среќни и кооперативни. И тоа е доволна причина да ги прифатите измислените пријатели на вашите деца.
Измислените пријатели не се само другари на вашите деца. Тие може да бидат заштитници, совест и емоционална подршка. Може да постојат самостално или да бидат придружени од цела група на други пријатели. Некои измислени пријатели се појавуваат секој ден, други само повремено. Може да бидат од женски или машки пол, животно или нешто друго. Може да имаат и надчовечка моќ, маѓични способности или смешен изглед.
Кога вашето дете доаѓа дома со својот измислен пријател бидете добар домаќин и посакајте му добредојде. Но немојте да претерувате. Во ред е да поставите екстра столче на масата за ручек доколку сте сами, но ако имате покането пријатели или роднини тогаш е подобро пријателот да јаде на друго место бидејќи на масата едноставно нема доволно простор.
Дозволете му на вашето дете да ужива во својот пријател колку е тоа возможно, но имајте на ум дека вашето дете ја има контролата. Немојте да превземате иницијатива и да им кажувате што нивниот измислен пријател прави. Ова е нивни пријател, не ваш.
Доколку вашето дете ги префрла своите палавости на измислениот пријател, не превидувајте ја непромисленоста. Доколку детето го истурило својот ручек на под а го набедува пријателот, тогаш побарајте од детето да му покаже на својот измислен пријател како да го исчисти подот.
Исто така слушајте кога детето ви вели дека нивниот пријател е вознемирен. Често е полесно за детето да ви каже дека на неговиот пријател не му се допаѓа кога вие викате, отколку тоа самите да го изразат.
Со време, измислениот пријател на вашето дете ќе исчезне, без оглед на тоа дали детето ќе го заборави или ќе одлучи да се врати дома, сепак е одлука на вашето дете. Најчесто измислените пријатели исчезнуваат до 5 или 6 години возраст. Пред и откако измислениот пријател ќе замине, можете да ја потикнувате детската креативност и фантазија читајки или раскажувајки приказни. Приказни со многу ликови и локации вистински можат да го заинтересираат детето. Дури можете да барате детето вам да ви раскаже приказна.
Иако измислените пријатели се нормален дел од растењето, некогаш може да укажат и на други проблеми. Доколку вашето дете нема други пријатели, почнало да се повлекува во себе и да изгледа несреќно тогаш посетете го вашиот педијатар и поразговарајте за однесувањето на вашето дете.
Модератор: Линкот е отстранет.
< Поракaта ја уредил Felly RR -- 11.5.2012 13:38:31 >