cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

writing-img

RE: невидливо пријателче

clock-img

02.11.2013, 13:40

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042


ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite RR

Поттикната од статијата да видиме дали и колку нашите рингерајчина имаат имагинарно пријателче.
М пред извесно време кога играше секогаш си зборуваше и тоа најчесто употребуваше реченици кои ги слушнал од мене, мене многу ми беше интересен дека зборува како мене.
Јас имав имагинарно другарче и тоа подолго време беше присутно во мојот живот, дури му имав и име дадено, се викаше Билјана, не знам зошто, ама не го сакав зашто секогаш кога нешто ќе се разочарав и се обраќав и се карав со нејзе. Како што реков беше присутно дури и кога бев поголема зашто бев свесна и многу пати се прашував дали е во ред тоа што „сама“ си зборувам, дека некој би помислил дека не сум во ред. Не се сеќавам точно кога исчезна од мојот живот




_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

18.12.2013, 17:14

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

Замислено пријателче на Миа и е Скуби Ду. Му се крие под биро и си зборува со него user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

28.02.2014, 17:23

clock-img

Палешка РР

pencil-img

7505

Имаме ново имагинарно пријателче - Ку*ле од Орле (овој израз го користи мајка ми, а таа ја чуваше минатата недела).

Ова пријателче и е оправдување кога ќе направи нешто лошо - ако нешто истури, турне, скрши...одма вели - Ку*ле од Орле ме натера/ми ја мрдна раката/ми шепна.
Ако е немирна вели дека Ку*ле од Орле ја лошел.
Ако ја боли нешто Ку*ле од Орле ја штипел.
И навечер кога не спие тој и зборувал...па морала прво него да го заспие за таа да заспие...

И сега со двајца се расправам user posted image


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

clock-img

02.03.2014, 22:46

clock-img

Snowhite RR

pencil-img

5042

Хахах Миа, Палешκа на голема маκа си, те жалам

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

clock-img

19.09.2015, 18:29

clock-img

mommy_angels RR

pencil-img

1543

Еве ја и ќерка ми си има замислено пријателче,Алек.Си игра со него,си зборува,јас морам да му зборувам,арно ама ме кара кога продолжувам да му зборувам,а тој излегол од соба user posted image .Така со време почна да ми кажува,за да знам дека Алек си отишол.Туку ова со замислените другарчиња изгледа е некоја финта на овие хиперактивните деца,да си имаат изговор за белјите што ги прават user posted image user posted image user posted image

Последни статии

article-img